Интервју на Александар Диневски за „Фокус“ за лустрацијата во Македонија

Александар ДИНЕВСКИ, ИНТЕРВЈУ

СОРАБОТНИЧКИТЕ ДОСИЕЈА НА ВИСОКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ГИ НЕМА ВО МВР ЗАТОА ШТО БЕА ЧУВАНИ НА ТАЈНА ЛОКАЦИЈА

Разговараше

Јадранка КОСТОВА

ФОКУС Каде го гледате дефектот на нашата лустрација?

ДИНЕВСКИ Лустрацијата како процес е толку искомпромитирана, што веќе тешко би можела да се врати во еден нормален колосек и да одговори на очекувањата на македонската јавност. Ние немаме извршено ниту темелна анализа на системот што го напуштивме. Не е доволно само да кажеш дека бил репресивен, туку како се одвивала таа репресија и на кој начин. Како поранешен припадник на таа служба, знам дека СДБ работеше за партијата, работеше според законите кои што беа донесени, според правилата за работата на службата што ги донесе Републичкиот совет за заштита на поредокот утврден со уставот. Програмската ориентација на службата ја определуваше партијата на власт. Службата не ги измислуваше непријателите, туку непријателите ги измислуваше партијата.

ФОКУС Службата била само извршител на партиските задачи?

ДИНЕВСКИ Ќе ви го илустрирам ова со еден пример. Во почетокот на 80-тите години стигна ферман од Сојузниот секретаријат за внатрешни работи, во кој што беше наведено дека најголем непријател на системот на социјалистичко самоуправување е граѓанската десница. Две години во службата се водеа дебати што се подразбира под граѓанска десница. Но, никој не можеше да дефинира што е граѓанска десница. Имаше и комични ситуации. Ние праќавме инструктивни телеграми на терен, кога еден ни врати, вели – луѓе, каде да ги бараме овие? Сите оние категории на непријатели,  кои што беа предмет на работа на службата, беа дефинирани од идеолошката комисија на партијата. Тие ја даваа рамката, а службата вршеше персонална идентификација на лицата кои настапуваат од такви позиции и кои спроведуваа таква политика.

ФОКУС Тоа и денес го имаме. Партијата на власт определува кој е непријател на Македонија, а потоа институциите само ги спроведуваат во дело овие насоки или црни листи.

ДИНЕВСКИ За жал, и по осамоостојувањето на Македонија повторно функционираше истиот систем на користење на службата за пресметка со непријателите кои ќе ги одреди партијата на власт, која и да е. Тоа трае речиси непрекинато.

ФОКУС Оние кои што се соработници на партијата на власт, тие, пак, добиваат одредени бенефиции, прават кариери Се е исто!

ДИНЕВСКИ Во целиот тој репресивен систем, според мене кодошiте се најспоредниот дел.

ФОКУС Но, да не ги амнестираме сосема ваквите лица, затоа што некои одбиваа да соработуваат и заради тоа трпеа одедени последици. Проблемот денес е колку Комисијата за лустрација е на висина на задачите, стручна, компетентна и професионална?

ДИНЕВСКИ Комисијата според составот и начинот на која што е формирана, не може да биде дорасната за еден ваков процес.

Се знае кој член од комисијата на која партија припаѓа, не морате ниту да прашувате, доволно е само да ги слушате. Процесот на лустрација не може да се одвива кампањски и во зависност од моменталните интереси на одредена парија. Затоа реков дека тотално е искомпромитиран, што овозможува голем дел од вистинските соработници на службата, но и луѓе кои што пропагирале такви методи, да не бидат жигосани.

ФОКУС Според резултатите излегува дека и немало многу кодоши на идеолошка основа.

ДИНЕВСКИ Сосема е мал бројот на лицата кои што одбиваа соработка со СДБ и тие можат на прсти да се избројат. Авторитетот на службата и стравот од неа го сториле своето. Голем дел од лицата на кои им пристапила, прифатиле. Знам само еден до два случаи кои што одбиле да соработуваат. Инаку соработката се одвиваше на три основи, материјална основа, особено кај странски државјани. Потоа најголемиот дел беа ангажирани без материјална надомест, луѓето кои мислеле дека сето тоа што го прават има патриотска позадина. Третиот е компромитирачкиот основ, дали сексуална ориентација, недозволена врска, некоја незаконска активност. Лицето прифаќа соработка, за да не пукне брука. На таква основа е врбувана сопруга на еден странски амбасадор. Каде се проблемите според мене? Пред се, самата комисија според составот е дискутабилна, а проблематична е и валидноста на документацијата.

ФОКУС Зошто ја оспорувате валидноста на документите?

ДИНЕВСКИ Во неколку наврати документацијата на СДБ е уништувана. Првиот пат во 1967 година, според кажувања на постари колеги, после падот на Александар Ранковиќ. Вториот пат тоа се случи веднаш по смртта на Тито, во 80-тите години. И јас го затекнав тој процес, кога пензионирани 20- на работници на службата континуирано ги чистеа досиејата. Веројатно процениле дека после смртта на Тито може да се распадне системот. Мене ми беше чудно зошто би се уништувале досиејата кога тоа е една историја.

ФОКУС Имаше ли некој критериум по кој се уништуваа документите?

ДИНЕВСКИ Не ми беше познато по кој критериуми, но подоцна ми стана јасно, на пример кога го видов досието на Ченто, тоа почнува со неговата пресуда. Каде е неговата претходна активност и активноста на Службата? Сигурно прибирала оперативни сознанија. Третото уништување е во периодот кога пукна случајот познат како „8-мината“, а бев еден од нив. За прв пат тогаш, преку „Млад борец“, почнавме со аргументирани, отворени критики на функционирањето на службата. Тоа беше сигнал, веднаш да почнат да ги уништуваат досиејата. И после тоа, доаѓа периодот на осамостајувањето на Македонија, кога повторно има уништување  при секоја смена на власта.

ФОКУС После осамостојувањето, можно ли е да се уништуваат досиеја, без да има било каква трага? Зарем службата немала некаков потемелен пристап во евиденциите?

ДИНЕВСКИ До крај не можете се да уништите. Постои трага, но тоа е макотрпна работа. Поради тоа Комисијата за лустрација не може да функционира без помош на одредени поранешни припадници на службата, бидејќи тие знаат како се работело. Секое досије е во оргинал чувано, копирано, микро филмувано и дел од нив беа внесени во компјутер. Сега не знам дали целиот процес е завршен.

ФОКУС Според ова што го кажувате, излегува дека само некои споредни фигури останале во евиденцијата на кодоши, бидејќи немале моќник зад себе да го тргне или уништи нивното досие?

ДИНЕВСКИ Има тука уште неколку моменти. Прво, во 1987-ма година беше направена анализа од 4-тата управа (за аналитика)  на СДБ за состојбата со соработничката мрежа.

ФОКУС Колкава соработничка мрежа имаше тогаш?

ДИНЕВСКИ Според вкупниот број, не повеќе од 2.000 до 3.000 луѓе. Погрешна е информацијата дека службата имала десетици илјади луѓе. Најодговорно го тврдам тоа. Резултатот беше поразувачки дека најголем дел од соработниците се лица со ниско образование, со работно место чувар, шумар, на маргините од општествените збиднувања. Но, имаше една друга категорија на луѓе, кои активно соработувале со службата на многу повисоко ниво, и тоа е веќе проблем кој што ќе бара многу подетално истражување. Тие не влегуваат во оваа соработничка мрежа.

ФОКУС Тие имале некој повисок функционер на кој што му реферирале?

ДИНЕВСКИ За партиски или државни функционери, сеедно дали со соработничко досие или како предмет на интерес на службата, имаше едно скалило погоре. Кога ќе се помине тоа скалило, службата ги повлекуваше овие досиеја на непознато место, за кое јас не знаев дека постои, иако работев таму. Судбината на тие досиеа е непозната, кој и каде ги однел- не знам. За илустрација, кога се појави драмата Еригон од Јордан Плевнеш, во 1987 година, ми дадоа материјал и наредба да направам специјална информација за драмата. Материјалот не беше службена белешка, а беше и без потпис и наслов. Кога го прочитав, сфатив дека го правело лице, коа во најмала рака е литературен критичар или писател. Интересно во тоа пишување беше дека укажува колкава штета направила оваа драма. Дури не кара нас како служба што не сме ја забраниле. На крајот пишуваше „камион полн со експлозив поминува покрај вас, а вие не го ни заблежувате“.

ФОКУС Го идентификувавте ли кој е рецензентот- соработник?

ДИНЕВСКИ Не успеав да дознаам кој е, но сватив дека е во директна врска со ептен високите структури и дека нивните досиеја се држеа во апсолутна тајност.

ФОКУС Дали во Белград постојат досиеја кои се битни за нашава лустрација, а овде да немаме ние копија?

ДИНЕВСКИ Заблуда е дека КОС до 90-тата година има некакви досиеја кои што се однесуваа на некои наши граѓани. Предмет на интерес на КОС беа исклучиво воените лица и граѓанските лица во ЈНА и тоа чисто од контра-разузнавачки аспект, односно да не бидат заведувани од странски служби. Секој друга работа одеше преку нас. Ние бевме дел од тој единствен југословенски безбедносен систем. Без наша согласнот, КОС не смееше да врбува лице, граѓанин на РМ како соработник, ниту пак да го стави во обработка. Освен ако тоа лице не покажува дека активно делува против ЈНА, и тоа со наша согласнот, односно со согласнот на цивилната служба.

ФОКУС Дали ние во Белград можеме да очекуваме дека има некакви досиеја битни за нас?

ДИНЕВСКИ Многу малку.

ФОКУС Значи погрешен ни е правецот? Што се случува после 90 година, кога прекинуваат контактите со сојузните служби?

ДИНЕВСКИ Е дури тогаш прв пат на КОС и беше дадена таа политичка димензија, да се вклучи во следење на состојбите во Македонија. Бидејќи оддеднаш сојузната служба беше лишена од информации што се случува во Македонија.

ФОКУС Значи тогаш КОС можела да си превзема одредени соработници-функционери?

ДИНЕВСКИ Да, но тие ја проширија и соработката со граѓански лица, бидејќи беа лишени со нашите информации за состојбата во Македонија. И веќе самиот врв на ЈНА, со операциите Опера и Лабрадор, планираа да извршат политички преврат, и КОС веќе излезе надвор од своите надлежности и се обиде да ја имитира тајната полиција. Но, соработниците на КОС од овој период не можат да бидат предмет на лустрација, туку на кривична постапка, бидејќи се работи за соработка со странска разузнавачка служба, од моментот кога Македонија се осамостои.

ФОКУС Дали во вашите сознанија, КОС успеа да се инфилтрира во првата експертска влада, во собранието?

ДИНЕВСКИ Да, успеа да се инфилтрира и дури правеше планови за воен пуч во Македонија. Тоа требаше да биде изведен на 4-ти јули 1991 година, со учество на многу голем број наши граѓани. Тоа е моментот кога КОС веќе станува политичка сила и успеа да заврбува и дел од функционерите во владата, во парламентот и во министерството за внатрешни работи. Постои документ во СДБ за тоа, список од околу 100-тина лица, како активни соработници на КОС.Тој список со моето заминување во 1992 година, остана во службата, која поради намерно или ненамерно водење на погрешна политика, Слободан Богоевски дозволи целата таа стара структура која беше наклонета кон СФРЈ да воскресне и повторно да ги води истите процеси во Службата за државна безбедност.

ФОКУС Излегоа наводни досиеја за врвот на ДУИ, со кодни имиња „Мајка“, „Вујко“, „Ибар“, ама се кажа дека вакви документи нема овде.

ДИНЕВСКИ Во тие досиеја, можете да видите дека тие фигурираат како соработници на сојузната служба.

ФОКУС Може ли е, ако некој бил соработник на сојузната служба, овде да ги нема тие досиеа?

ДИНЕВСКИ Можно е да ги нема досиејата во целина, но податоци мора да има. Мора да има и согласност на македонската служба за одредено лице, кое што е по потекло од Македонија, да биде врбувано и да биде ангажирано до страна на сојузната служба. Второ, сојузната служба секогаш редовно е информирана за одредени настани врзани за одредено лице. Во самата служба задолжително мора да постојат такви информации, освен ако не се целосно уништени, во што јас се сомнеавам. Уверен сум дека не може да се избрише во целост, дека постојат некакви траги.

ФОКУС Дали, на пример, службата за соработници ги имала оние Македонци или Албанци, сеедно, кои делувале надвор од Македонија а се декларирале како борци за национална кауза?

ДИНЕВСКИ Апсолутно е точно. Матодите кои се користеле, биле најразновидни, но битно е да се знае следново. Има две категории на извори на информации – оперативна врска и соработник на службата. Разликата помеѓу нив е огромна. Самата оперативна врска не ни мора да знае дека разговара со инспектор на службата. Имаме случај во Полска, каде што полска пратеничка докажа на суд дека нејзиниот куќен пријател си пишувал службени белешки, ја третираа како соработник, а таа докажа немала поим за тоа. Кај соработникот на службата е сосема друга процедура. Прво се пишува предлог за ангажирање на лицето и во тој предлог точно пишува по кој основ ќе биде ангажирано лицето, за која проблематика. Се дефинира времето и начинот на остварување на контактите, се дефинира кое лице ќе го контактира.Тој предлог завршува со потпис на министерот.

ФОКУС Но и соработникот треба да потпише?

ДИНЕВСКИ Точно така. Се пишува под кој псевдоним ќе се води лицето. Можно е лице за кое што службата води досие и го следи, потоа да биде ангажирано, но претходно мора за него да се води постапка за негова пререгистрација за соработник, со добивање на нов псевдоним.

ФОКУС Во случајот со Владимир Милчин, ДБК даде одговор дека тој не е евидентиран како соработник на службата. Како е можно тогаш Комисијата за лустрација да го прогласи за кодош?

ДИНЕВСКИ Мислам дека е направена страшна грешка од страна на тој што го доставил документот. Комисијата очигледно е дека нема претстава за правилата на работа во службата. Ако знаеја, јасно ќе им беше дека тоа што оперативецот напишал дека ќе се разгледа можноста за негово ангажирање, не значи и негово ангажирање. Очигледна е тенденцијата. Јас не сум го видел досието, но од она што успеав да прочитам, неспорна е дилемата дека одлуката на Комисијата за лустрација е апсолутно невалидна. Не постои ниту негова ангажираност, не гледам ниту еден доказ дека би можел Владе Милчин да биде лустриран.

Заради тоа, со неговиот случај процесот се искомпромитира.

Овој случај е сличен со предметот на Трендафил Ивановски. во двата случаеви според мене постојат очигедни тенденции за лична пресметка со нив заради нивните денешни политички ставови, а не заради нивното минато. Трендафил бил малолетен и не можело да биде ангажиран по ниеден основ, а колку што забележав ги нема соодветните документи за негово ангажирање.

ФОКУС Постојат изјави на бивши функционери од сојузните тајни служби дека преку одредени фирми во Југославија, кои имаа свои претставништва во странство, делумно се финансирала и СДБ, а претставниците на тие стопански фирми, биле соработници за службата. Тука се спомена Генекс.

ДИНЕВСКИ Тоа е источен модел на организација. Во сите источни европски држави, вклучително и Југославија и во Македонија, постоеа фирми кои што беа под директна контрола на ДБК.

ФОКУС Кои беа такви фирми од Македонија?

ДИНЕВСКИ Во Македонија тоа беше „Технометал Вардар“, а на ниво на Југославија, да- тоа беше Генекс. Нивната функција не беше само финансирање на ДБК, туку побитна беше нивната разузнавачко-контраразузнавачката функција. Важна беше и економската шпиунажа. Сите трговски претставници на овие компании во странство, претходно беа обработувани од службата, се вршеше безбедносна проверка и укажување. Службата имаше двојна функција- контраразузнавачка,  да не бидат врбувани од  противничката служба. Но и разунавачка функција, бидејќи истите тие лица при секое доаѓање во земјата  задолжително реферираа.

ФОКУС Дали се водеа како соработници ?

ДИНЕВСКИ Да, сите имаат досиеа. Истото се однесува и за дописниците од странство на државните агенции, како што беше Танјуг. Една од функциите на службата беше заштита на одредени фирми и објекти од посебен интерес за одбраната и безбедноста на земјата. Списокот на тие фирми го правеше со одлука Републичкиот совет за заштита  на поредокот утрврден со уставот. Во самата служба постоеше оддел-заштита. На тој список се наоѓаа, на пример, фирмите за прозиводство на леб, јавните претпријатија, државниот архив, универзитетот, Нова Македонија, МРТВ, Македонската православна црква. Таа одлука ја имаа и тие и постапуваа по неа. Беа должни да соработуваат со ДБК. Имаше инспектор задолжен да им ги претставува сите планови во случај на опасност, за постапување во вонредни околности.

ФОКУС Каков статус во ДБК имаа директорите на овие претпријатија?

ДИНЕВСКИ Тие во службата беа третирани како соработници, но, беа должни да соработуваат согласно одлуката.

ФОКУС Сакате да кажете дека можеби не потпишале, но биле должни да соработуваат согласно законот?

ДИНЕВСКИ Беа должни да соработуваат по основ на одлука, на закон. Затоа треба да се цени не само формалната страна на соработката, туку и содржината.

ФОКУС Можеше ли да отиде некој претставник во странство, на тие големи македонски фирми, а да не е соработник на службите?

ДИНЕВСКИ Практично никогаш, бидејќи не само што се вршеше дали некое одредено лице е политички – безбедносно подобно, туку тоа имаше и друга улога- освен економскиот дел имаше и разузнавачка функција. Посебен предмет на интерес беше воениот комплекс на одредена земја, положбата на македонското малцинство во соседните земји, но и во земји како Чешка или Полска, каде имаше голем дел од Македонците од егејскиот дел на Македонија. Сите амбасадори и трговски претставници, пред да заминат, постоеше пракса да ги посетат сите служби во Југославија.

ФОКУС Дали оние кои што поминаа низ Министерството за внатрешни, како шефови на ДБК, имаа можност да копираат досиеа? Имам впечаток дека многумина поседуваат документи ?

ДИНЕВСКИ Тој процес особено е присутен од осамостојувањето. И не само тие, туку и голем дел од оперативните работници располагаат со одредена документација. За Доста Димовска располагам со потврдени информации дека прибрала многу досиеа, за кои што лично била заинтересирана, меѓу другите, претпоставувам дека е и досието за Љубчо Георгиевски, бидејќи го нема во историските архиви на МВР.

ФОКУС Имаше ли доста новинари кои беа соработници на ДБК?

ДИНЕВСКИ Службата имаше целосна контрола на тогашните медиуми. По осамоостајувањето, новинарите беа користени дел како соработници, но и дел како инструменти, на кои што има беа давани контролирани информации …

ФОКУС Дали беа свесни за тоа?

ДИНЕВСКИ Некои беа свесни, некои не. Некои и активно соработуваа со службата. Уште тогаш во некои новинарски текстови го препознавав ракописот на службата. Ова особено беше карактеристично за неделникот Пулс. Јас тогаш бев во ВМРО-ДПМНЕ, но го препознавав стилот и ракописот на службата, дека информациите во одредени текстови, практично се сознанија на ДБК. Подоцна се потврди тоа мое сомневање, со отворање на досиејата во 2000 година. Тоа беа истите информаци само новинарски преработени, бидејќи одредени елементи не може новинарот да ги знае, освен ДБК.

ФОКУС Тоа го препознавте кај еден новинар?

ДИНЕВСКИ Не, кај повеќе новинари. За жал, денес тие се едни од најголемите патриоти, борци за демократија. Онаа изјава на Фрчкоски, кога беше министер за внатрешни работи, за новинарите како печурки, практично ја отслика целата филозофија на тогашното дејствување на службата. На пример, новинарите создаваа клима за отстранување на одредени политички противници.

ФОКУС Еве и сега се создава.

ДИНЕВСКИ Да, и сега е истото. Некои луѓе истата улога ја играат, но сега за други газди.

ФОКУС Каква лустрација предлагате?

ДИНЕВСКИ Треба да се лустрираат оние методи на службата со кои што се повредени правата и слободите на човекот. Треба да се појде жртвата. Кои се жртви на системот и тогаш да се види кој придонел одредено лице да трпи последици, било во кариерата, било кривично. И без индивидуално анализирање на секој случај, не може да се донесе валидна и праведна одлука. Ако денес направиме нови жртви, тогаш лустрацијата ја промашила целта.

Bеnny Gооdman – Macedonia Lullaby

YouTube Preview Image

Легендарниот Benny Goodman инспириран од македонската музика ја создаде оваа прекрасна композиција.

La rencontrе

YouTube Preview Image

LA RENCONTRE

Il:

Deux ans déjà…
Deauville n’a pas changé
Toi non plus, tu sais…

Elle:

C’est drôle…
Toujours ce rendez-vous au dernier moment
Ils sont là, comme avant,
Les voiliers, les goélands.
J’ai ta veste sur mes épaules
Pour me protéger du vent
Mais tu ne m’as pas encore embrassée.

IL:

J’avais envie de te revoir.
Finalement, on ne s’est jamais quitté,
C’est la vie qui nous a séparés

Elle:

C’est vrai, moi j’y pense encore,
À nos dîners en amoureux,
À ces bouquets de fleurs,
À tous ces télégrammes…
On dit que la passion, ça n’arrive qu’une fois.
Tu aimais l’amour dangereux, toi…

IL:

J’ai l’impression qu’il va pleuvoir
Deux ans déjà…
Deauville n’a pas changé
Moi non plus, tu sais…

Elle:

C’est bien…
Je vais retourner à l’hôtel,
Tu vas rentrer sur Paris,
Et puis tu m’appelleras un jour, peut-être…
Tu me diras : viens, et je viendrai
Comme d’habitude, tu ne diras rien, pourquoi ?

IL:

Donne-moi encore une cigarette…
J’aurai des souvenirs, plein de souvenirs,
Et beaucoup de nostalgie…

Elle:

C’est fou, moi aussi,
Ça fait du bien d’y penser,
Et j’ai du mal à oublier.
Tu vois, j’aurais voulu te dire je t’aime,
Là, maintenant, sur cette plage de Normandie
Mais… mais je crois qu’il est trop tard…

IL:

Oui, il est tard, il faut rentrer…

„Тоше Проевски, жртва на криминалните кругови“ – нова книга во најава!

Наскоро ќе се појави од печат нова книга за Тоше Проевски. Работниот наслов е „Тоше Проевски, жртва на криминалните кругови“. Автор на книгата е новинарот Зоран Божиновски кој моментално живее и работи во Белград.

Ќе биде интересно, а богами и возбудливо!

Kniga za Tose

Mоеto kafe vo Pariz (prezemeno)

… Gospodine, vie ne ste francuzin … ?!
Moite misli bea tolku daleku… sto mi se pristori deka toa e nekakov ambientalen zvuk, koj sosema slucajno doprel do mene. Ne pomisliv deka prasanjeto koe poveke nalikuvase na konstatacija, mi e upateno tocno mene. Veruvam deka i sekoj drug stranec sto bi se nasol vo neposredna blizina, bi go imal istoto cuvstvo. Gospodine, govorite li francuski… povtorno istiot glas , no sega sosema po cist, po jasen. Odednas se pribrav, kako da se vrativ od nekade… Na drugiot kraj od starata klupa na koja ostanav dosta dolgo, bese sednala edna starica. Prostete gospogo, mene mi zboruvate… ja prasav.
Da… mi odgovori kratko i bez da gleda vo mene, ja otvori svojata torba sto ja nosese so sebe.
Izvadi pleten crn sal i vednas go nametna na grbot.
Imase svetla koza, ocite i bea temni i cudesno svetlikavi, mozebi od ladniot veter sto lesno struese niz Pariz, po Sena, niz parkovite, niz aulite na Notr Dam, niz gradinata na Luvr… Nosese crni- svetlikavi cevli, sredno potkaceni, so vrvki. Mi se pricini kako da e od nekoj retro- francuski film.
Da, gospogo… i odgovoriv. Ne sum francuzin… Verovatno i izgledav nesto povisok od nivniot prosek, ili posvetol od drugite… Staricata go ponamesti salot i se zavrti kon mene.
Pomisliv da i go soopstam moeto poteklo, no nejzinoto prasanje bese pobrzo formulirano od mojot odgovor i sekako bese pobrzo upateno. Govorite li francuski… povtorno me prasa. Da, mislam… pristojno… Ne vi se dopaga li Pariz… prodolzi staricata. Ah, kako e mozno Pariz da ne mi se dopaga… Ima li takvi na koi ne im se dopaga…? Mozebi ima, kratko mi odgovori.
Vie, taka li pomislivte … prodolziv so moite podprasanja.
Da, mi se pricini kako da sokrivate nesto… rece staricata. Dolgo gledavte vo edno isto mesto, pomisliv deka vi prestanalo disenjeto…
Nejzinata pomisla oblikuvana vo prasanje, bese tolku tocna i precizna, taka sto istiot mig me voznemiri.
Zarem izgledam tolku tazno… se nasmeav. Se obiduvav da ja sokrijam vistinata, koja staricata samo vo eden mig uspea da ja razotkrie. Ne, ne… mozebi taka mi se pricini… spokojno mi odgovori.
Ispruzeteja vasata raka, da vi kazam za vasata idnina… i toa ke ve cini samo dve evra. Iskreno, mojata vozbuda postojano rastese sto odednas stanav od klupata. Ne, netreba… vi blagodaram… i odgovoriv, a dve evra ke vi dadam i bez toa. Eve, zemete… i podadov dve metalni paricki po edno evro. Gledajki vo mene bez da trepne, gi pozede parickite. Mnogu vi blagodaram… i vnimavajte na sebe. Svetot stana mnogu studen… a vasite oci… Pocuvstvuvav deka nitu edna sekunda poveke nemozam da ostanam vo drustvo na staricata i zatoa vednas ja prekinav, bez da ja soslusam poslednata recenica koja mozebi bese i nekakva poraka… neznam. Prijatno… kratko ja pozdraviv i brzo se upativ kon hotelot.
Dodeka se dvizev po patekite od gradinata, stotici nesredeni misli, neartikulirani spomeni, zelbi i sto li uste ne mi preleta niz glavata. Ednostavno, slucajnata sredba, koja mozebi za Pariz i ne e nisto cudna, so sigurnost izvrsi vlijanie na moite emocii, koi i bez toa bea dovedeni do tenka linija na izdrzlivost.
Vlegov vo hotelot, se upativ pravo kon barot, si naracav kafe i sednav na terasata. Mislite, kako da nemozev da gi oddalecam od onaa sredba, od onoj kratok dijalog so sosema nepoznata licnost, koja za tolku kratko vreme uspea da mi gi protrese emociite, koi so denovi ili meseci, a iskreno… i so godini me drzat vo nekakvo “otvoreno zaloznistvo” – si pomisliv.
Ah, go zaboraviv kafeto, veke mi se izladilo. Dobro, nikogas ne sum piel kafe nabrzina…
No ova, navistina bese mnogu ubavo, vistinsko kafe. Neznam zosto, no site ispieni kafinja pred toa, mislam na onie od izminative sedum-osum godini, kako da ne ostavile vpecatok za svojot kvalitet.
Ne bi mozel da napravam tocna procenka, no mozebi bea iljada i petstotini, ili, mozebi… mnogu poveke. Cudesno, drugpat sum go nemal toj odnos kon kafeto. Pretpostavuvam deka negovoto znacenje site tie godini, mi bilo vo vtor plan…Veke mi stana ladno. Morav da se kacam vo mojata soba i da se oblecam soodvetno. Mi se cini deka nikogas do sega ne sum ispil kafe so takvo zadovolstvo. Da, cesto pati sum posakal da bidam sam i da ispijam kafe vo ambient na relativno spokojstvo, no iskreno, ne pametam deka nekogas kafeto mi bilo predmet na razmisluvanje.

Najcesto takvata druzba sam so sebe i samo so edno kafe, bila motivirana od najintimnata duhovna potreba, barem za eden mig da sozdades nekakov imaginaren svet i da pobegnes od realnosta,
od vistinata… Eh, vo takva virtuelna sostojba se e poinaku. Na momenti imas cuvstvo deka zivees za dvajca i sekako nemas tocna procenka dali zivotot ti odminuva so zabaven, ili, so zabrzan ritam…
Mozes da gi ispravis site nepravdi, da ja pronajdes vetenata ljubov, onaa “sovrsenata” od bajkite, da odgovoris na prasanja na koi dotogas bilo prosto nevozmozno, da objavis vojna i na kraj da se pomiris so neprijatelot, pa duri i da mu prostis…
Ladniot veter, se poveke go cuvstvuvav. Navistina mi stana premnogu ladno i zadolzitelno morav da stanam. Moeto kafe veke bese ispieno. Francuzite go sluzat mnogu skrzavo…
Razbiram sto e kratko kafe, no ova mi se cinese deka e mnogu kratko, edvaj se zabelezuvase sodrzinata.
Ne e vazno, moeto kafe bese mnogu ubavo, imase nesekojdneven sarm… mi ovozmozi vo malku vreme da izziveam uste eden cel zivot.
Nokta poleka pagase vo Pariz. Stotici milioni svetilki, kako da ne dozvoluvaat da zabelezis deka denot odminuva. Da, da… nesomneno Pariz e velicenstven!

… … …

Pariz. Hotel “De Elysee”
17. 10. 2010
Goce Dimovski

КОЈ ГО УБИ ЈОРДАН МИЈАЛКОВ?

Published in: on март 25, 2006 at 00:11 коментари(89)
Ознаки: ,

ПАВЛЕ ВОСКОПУЛОС ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО!

Во прилог на обемната дискусија на мојот претходен пост за проблемот со името на нашата земја, го објавувам интервјуто на Павле Воскопулос, член на раководството на „Виножито“ објавено во денешниот број на „Дневник“. Ставовите на Воскопулос се доста интересни и го заслужуваат нашето внимание!

ПАВЛЕ ВОСКОПУЛОС, ЧЛЕН НА РАКОВОДСТВОТО НА „ВИНОЖИТО“

Прифаќам префикс „етнички Македонец“

Изјавите на министерот Друцас дека идентитетот се добива со раѓање асоцираат токму на нацистичките тоталитарни идеологии, вели Воскопулос
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, треба да објасни по кои критериуми и стандарди се прогласува за Македонец, а мене и на многу други граѓани ни го оспорува истото право, јавно прашува Павле Воскопулос, член на колективното раководство на „Виножито“, партија на Македонците во Грција. Тој смета дека изјавите како тие на Друцас претставуваат промоција на неонацизмот во таа земја, во која целосно се негира постоењето на посебен македонски етнички идентитет.


Што за Вас значи кога министерот Друцас, инаку роден на Кипар, јавно кажува дека „се родил и дека ќе умре како Македонец“?


- Ова, само на свој начин индиректно потврдува една загубена грчка позиција кога е во прашање идентитетот на граѓаните во Грција. Само „загубен“ човек аргументира за „потеклата“. Едноставно, не може во Грција да поседуваш два идентитета со иста конотација и одредување – да бидеш Грк и да бидеш Македонец. Зашто македонскиот идентитет како различен од грчкиот е реалност и факт, не само на Балканот туку и на меѓународно ниво. Грција ја присвојува македонштината како дел од грчкиот идентитет по 1912 година. Грчката идеологија, грчкиот мит, не признава друг, различен, македонски идентитет, а тоа грчкиот национализам 90 години им го сервира на грчките граѓани. Еве, ако треба да се направи разликата, бидејќи тука македонштината е поистоветена како дел од грцизмот, јас сум подготвен да добиеме и додавка на нашето име во име на некој си, демек, компромис и техничко решение, бидејќи Грција сака ексклузивитет со терминот „Македонец“. Прифаќам да бидам, на пример, „етнички Македонец“. Грција нека си го одредува грцизмот или „грчката македонштина“ како сака, само да го почитува и моето определување. Еве одличен префикс – „етнички“, бидејќи таков префикс не се користи во Грција. Дали Друцас или другите во Грција би го прифатиле и би се согласиле со ова? Околу „раѓањето“, која е аргументацијата на Друцас? Сакам да знам со кои аргументи ќе ми се одземе и мене таквото право. Ние чекаме да ни одговорат како треба да се изјасниме – според „раѓање“ ли или по нешто друго? Основен принцип и основно човеково право е дека индивидуата или колективитетот си го сфаќаат идентитетот едноставно спрема свеста, така и треба да биде почитувано.


Во првичната реакција како партија искажавте став дека станува збор за изјави од арсеналот на тоталитарни идеологии од времето на нацистичка Германија?


- Изјавите дека идентитетот се добива со раѓање, т.е. од раѓањето асоцираат токму на нацистички тоталитарни идеологии. Нацистите зборуваат за „ариевското“ потекло, дека се раѓаат како „ариевци“. Катастрофално е кога некој го определува идентитетот преку раѓањето и потеклото, и тоа го насочува кон гените. Еве апсурден пример поврзан со „генетски идентитет“. Замислете да има некое дете што е посвоено во Грција веднаш по раѓањето, откако претходно го родила една венецуелско-лапонска брачна двојка. Сега тоа дете го посвоила брачна двојка од татко-Грк и мајка-Австријка и тие живеат во Грција. Колку за информација, и мајката на Друцас е Австријка. И сега, кога ќе порасне, што ќе рече тоа дете за себе? Дека е Грк? Дека е мешан? А кој може да каже што биле неговите вистински родители и нивните предци? Каде е почетокот и каде е крајот околу потеклото, како ќе одговара на прашањето за идентитетот спрема потеклото? Смешно е, нели. Во модерно време прашањето на идентитетот се искажува преку правото на самоопределување, при што индивидуата и колективитетот си го сфаќаат идентитетот спрема свеста, при што треба да биде почитувано личното определување. Но, знаеме многу добро дека државните, националните идеологии ги „хранат“ национални идентитети со славно минато, славни потекла, има национални митови. Сепак, да се прави ексклузивитет од потеклото и да се поврзува директно идентитетот со потекло-раѓање е деструктивна идеологија.


Истото важи и за деструктивците во Република Македонија и треба да се каже дека е доста со оваа дискусија во Македонија околу, демек, славното потекло од антиката. Нема потреба бидејќи има едно многу убаво минато од хомо сапиенс до ден-денес на овие простори. На Балканот името Македонија се користи во античко време и во разни историски периоди. Но нема потреба ние како современи Македонци да се потпираме селективно на Александар или на Филип, или на Самуил, или на некои си Словени, или кој било селективно. Колку што подлабоко копаш, толку повеќе си го оспоруваш идентитетот. Бидејќи, едноставно, мојата свест ми ја одредува македонштината како посебен мој идентитет, различен од другите народи на Балканот.


Решавањето на македонско-грчкиот спор се пролонгира во наредните шест месеци. Мислите ли дека ќе се дојде до компромисот?


- Добра страна е што конечно и во Република Македонија сфатиле дека попречување на стабилизација на земјата преку спорот со името се крие во нападот на македонскиот идентитет. Зашто преку името на државата се дефинираат народот и идентитетот засекогаш во иднината. Секако, ќе дојде време и за постнационални идентитети и колективитети, но ова е тема за друг разговор. Некои во Република Македонија може да се радуваат кога им се вели дека се наследници на Александар, но во Европа само кога ќе кажеш „ама, наша историја…“ тогаш почнува да им се блуе. Исто како што им се блуеше на Европејците во изминатите петнаесетина години на грчката аргументација околу ексклузивитетот за минатото и за историјата. На грчките политичари по петнаесет години им текна да не ја споменуваат историјата за да не ја слабат грчката, веќе загубена, позиција. Република Македонија поради познатите грешки со антиквизацијата, може да настапува конструктивно со тоа што ќе дава предлози за решавање на спорот. Би се израдувале кога би виделе дека политичките струи излегле од тапкањето во место, од препукувањата еден со друг и од непродуктивно клеветење за предавства и од патриотизмот. За да ти помогне меѓународниот фактор потребно е да имаш конкретни предлози, а за тоа се одговорни сите политички структури во Република Македонија.


Морам да потенцирам нешто многу важно за нас тука. Како што е деструктивно да се предлага некаков компромис со географски префикси, така исто деструктивно е кога се зборува за антиката и за потеклото. Со историската аргументација нашата иднина со векови ќе биде конфликтна и исполнета со „присвојувањата“ на нечии славни истории. Ќе се караат и ќе се делат народите на Балканот.


Но, уште полошо е географските префикси да асоцираат на „делење“, „обединување“, „ослободување“ лесно промовирани од деструктивните елити во иднината и во Македонија и во Грција. На Европа и пошироко може аргументирано да и’ се објаснува за нерелевантноста од овој „географски тип решение“. На тој начин и преку потребните реформи во државата и со трпение, успехот ќе дојде.

Бранко Ѓорѓевски

Published in: on декември 28, 2009 at 21:57 коментари (0)
Ознаки: , ,

ЧЕ!

Денес сум револуционерно расположен… :)

Песната и спотот се прекрасни. Нешто повеќе за Натали Кардон – овде!

Lyrics to Hasta Siempre :

Aprendimos a quererte
Desde la historica altura
Donde el sol de tu bravura
Le puso cerca la muerte

Aqui se queda la clara,
La entranable transparencia
De tu querida presencia
Comandante Che Guevara

Vienes quemando la brisa
Con soles de primavera
Para plantar la bandera
Con la luz de tu sonrisa

Aqui se queda la clara,
La entranable tranparencia
De tu querida presencia
Comandante Che Guevara

Tu amor revolucionario
Te conduce a nueva empresa
Donde esperan la firmeza
De tu brazo libertario

Aqui se queda la clara,
La entranable tranparencia
De tu querida presencia
Comandante Che Guevara

Seguiremos adelante
Como junto a ti seguimos
Y con Fidel te decimos
“Hasta Siempre Comandante”

Aqui se queda la clara,
La entranable tranparencia
De tu querida presencia
Comandante Che Guevara

Published in: on мај 11, 2009 at 11:53 коментари(98)
Ознаки: , ,

ДАМЈАН И МОНИКА (вистинска приказна)

Тоа летно попладне  во почетокот на осумдесеттите портокаловиот автобус на Транскоп – Битола на познатата релација ББ – Битола – Брајчино и назад истовари само двајца чудни патници. Млад пар, на свои дваесеттина години, облечени прилично чудно за селската конзервативна средина.

Тој: со долга костенлива виткана коса, негувана брада, цвикери „ленонки“, облечен во џинс со кожено елече и карирана тексас кошула и високи кожени чизми на нозете. На грбот ранец (од него  никогаш не се откажа кај и да одеше), со голема патничка торба во десната и огромен касетофон во левата рака.

Таа: со долга плава права коса, тркалезно румено лице, облечена во долг индијански бел летен фустан до земја, наметната со шарено кадифено елече со цветчиња и летни сандали, помал ранец на грбот и патна торба  во десната рака.

„Море, море… кои се сега овие?“ – веднаш реагираше селското разузнавање кое од памтивек го водеше женската популација. „Сигурно се хипици, се „напиле“ дрога па заспале или го промашиле автобусот“ – беше нивната прва оценка.

Откако постоеја некоку моменти на Полената (средсело) разгледувајки ги високите планини кои се протегаа на сите страни наоколу, необичните гости полека се упатија кон селската продавница (кооперација) , епицентарот на сите настани во селото.

„Јас сум Дамјан од Словенија, а оваа ми е пријателка фрау Моника од Германија“ – се претставија пред одборот за дочек сочинет од целокупното машко население. „Останавме тука и автобусот се враќал назад дури утре сабајле во 5 часот. Ако има некаде да преспиеме?“ – додаде Словенецот будно следен од љубопитните погледи.
„Е де, знаеме и гледаме… и да сакате понатаму не можете, освен ако не сте тргнале кај мечките. Последна станица… Не се секирајте ќе ве сместиме некаде“ – утешно ги советуваа.

Се сместија кај еден од нив, но по еден час Словенецот сам се врати во кооперацијата подобро да се запознае со своите гостопримливи домаќини. Набрзина му беа прочитани основните правила на однесување зачинето со повеќе пива и исечен мезен нарезок на бела месарска хартија со чачкалици и поголема количина „вегета“.

Запознавањето се одолжи до сабајле, автобусот пак замина…

„Не се секирај, попладне пак ќе дојде автобусот и утре ќе си одиш“ – го утешуваа домаќините. Вечерта се повтори истата сцена…  Дамјан сериозно се вклучи во „читање“ со новите пријатели кои добронамерно го советуваа:  „Слушај, поарно е да останеш со нас до сабајле а после во 4 ќе си ја земеш пријателката и директно ќе си заминеш. Ќе те испратиме со музика…“

Така и би… автобусот пак замина празен.

Наредниот ден Дамјан доби понуда која не се одбива – А да останеш тука? Ете има празни куќи чии сопственици од странство и ќе дојдат за едно сто години. Ќе ти дадеме една и седи слободно.

Дамјан се согласи, Моника со нескриено задоволство… Вредниот Словенец веднаш ја среди, самиот си направи мебел од дрво, платно и коноп,  ја офарба и наслика (!) внатрешноста на просториите и стана дел од селото. Еднствениот електричен апарат што го користеше беше неговиот касетофон!

Извонредно се вклопи во екипата – научи добро да пие, да игра Бељот и се разбира да пцуе… Од него пак присутните слушаа за земјите во кои никогаш не биле, додека помладите со задоволство ги слушаа хитовите од неговиот касетофон (единственот електричен апарат што го користеше) од светските музички групи Битлсите, Стоунси, Дип Парпл, Лед Цепелин, Свит, Слејд…

Не помина долго време низ селото се пронесе блага ангелска вест – Моника е благословена!, на општа радост на женскиот дел на популацијата која ете имаше неповторлива прилика да ги провери своите гинеколошко акушерски знаења, додека машкиот дел од популацијата со нетрпение го чекаше денот кога новопечениот татко ќе го прослави тоа во кооперацијата. Изненадувањето беше уште поголемо кога дознаа дека новите комшии одлучиле породувањето да биде дома! Нешто што во селото се немаше случено којзнае од кога…
Кутрата Моника… со денови беше облетувана од бабичките слушајки ги нивните долги монолози за прерано починатиот сопруг, за синот во Америка кој и испратил најубава честитка за Нова Година и цели десет долари во неа, смешкајки се и одобрувајки иако не разбираше ниту збор!

Дојде и тој ден…

„Имаме нов човек!“, како куршум проструи веста низ селото предизвикувајки нескриена радост кај сите. Дамјан и Моника добија син -  Сан (Сонце)! Остана енигма како успеа да ја породи Моника таа ноќ кога едвај го довлечкаа до дома видливо „наштиман“ од кооперацијата. Немаше жена што не ја посети новата мајка на повојница, зачудено гледајки како новороденчето наместо во нови „купечки“ е облечено во старите волнени пелени одамна исфрлени од употреба пред налетот на новото.

Времето минуваше. Парите кои им стигнуваа козјнае од каде проретчија. Помошта од селаните беше недоволна. Дамјан почна да работи се’ и сешто да обезбеди егзистенција, но во зафрлениот крај тоа беше повеќе од уметност. Некој се сети на неговите сликарски способности и предложи да ја наслика малата црквичка Свети Танас која токму тогаш се градеше. Дамјан прифати и се зафати со работа… На ѕидот останаа неколку прекрасни фрески со неговите иницијали „DK“…

Но тоа не беше доволно за егзистенција… и еден ден селаните со жалење констатираа дека Дамјан, Моника и Сан ги нема… Заминаа тивко и мистериозно исто онака како што дојдоа… Никој повеќе не слушна ништо за нив…

Останаа само спомените, изреката „Ко Дамјана со ранецот“ и насликаните фрески на ѕидовите од празната куќа и црквичето…

Published in: on август 1, 2009 at 17:15 коментари (0)
Ознаки: , , ,

АКО МОЖЕШ…

…. ептен лично… со причина и повод…

…мисијата продолжува….

…. оригиналната верзија….

Published in: on јуни 29, 2009 at 21:33 коментари (0)
Ознаки: , ,

ЗМЕЈКО СЕ ПРЕПОЗНА И ТУЖИ

Колумната на проф. Д-р Јове Кекеновски во весникот „Време“ која ја пренесов на овој блог предизвика голем интерес во политичките и новинарските кругови во земјата. За првпат еден од поранешните еминентни претставници на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ јавно проговори за постоење на криминални активности и во актуелната власт.

Иако во текстот не беше посочено ниту едно име и презиме сепак изнесените сериозни обвинувања јасно упатуваа за кого всушност станува збор.

Меѓу оние кои први се препознаа во неа е и Борис Змејковски , екс генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ , екс  лидер на ВМРО Вистинска, а денес актуелен директор на Спортската сала „Борис Трајковски“, кој деновиве поднесе тужба против Кекеновски за сторено кривично дело „Клевета“ казниво според член 172 став 2 од КЗ на РМ. Па така наскоро ќе присуствуваме на еден интересен и возбудлив судски спор во кој на различни страни ќе се најдат довчерашните партиски соборци и лични пријатели и во ВМРО ДПМНЕ и во ВМРО Вистинска.

Во текстот директно никаде не се споменува Змејковски и според моите согледувања најверојатно се препознал во овој дел:

„Навистина не ми е јасно зошто досега не се преземени мерки кон очигледниот криминал на директорот што ја градеше, а денес и управува една од спортските сали во државата. Жално е што и покрај оставката на претседателот на Надзорниот одбор на оваа институција за која пишувам, кој јавно не се согласи да потпише документи и ситуации со десетина пати зголемени цени, надлежните не преземаа ништо. Човекот си даде оставка, која беше прифатена како да не било ништо и притоа експресно е назначен нов претседател на Надзорен одбор, кој без око да му трепне ги потпишува овие ситуации. Новиот претседател на надзорниот одбор брзо се снајде во својата нова улога и влезе во веќе разработената шема. За случувањата и бескрупулозната кражба во оваа институција не беа доволни ниту пишувањата на еден македонски неделник. За информација на читателите ваквите објекти во Република Хрватска чинат најмалку 7-8 пати поевтино отколку што неговата изградба чинеше кај нас. Претпоставувам дека не е преземено ништо досега поради големиот срам што ќе пукне во јавноста, бидејќи директорот на овој објект партијата на власт од политички мртовец го претвори во активен потрчко, но и поради неговото блиско пријателство со директорот на УЈП на РМ.“

Чудно е што владејачката партија на која се однесуваа дел од овие обвинувања воопшто не реагираше на нив иако јавно беше прозвана за посериозни работи од овие во кои се препозна Змејковски.

Како и да е … станува возбудливо!

Published in: on јули 2, 2009 at 12:34 коментари (0)
Ознаки: , , ,

ДЕНОВИ НА ИСКУШЕНИЕ

Во историскиот од и битисување на секој народ честопати наидуваат тешки и судбоносни моменти на преиспитување, моменти кога треба да се донесе Одлука од која најдиректно зависи судбината и иднината на народот и државата, моменти на искушение и неизвесност.  Тоа се моменти кога доаѓаат до полн израз есенцијалните тежненија и стремежи на народот, неговиот интелектуален и историски капацитет и подготвеноста да се соочи со предизвикот и да изнајде вистински одговор кој ќе ги трасира патиштата за неговиот натамошен развој и просперитет.

Во исто време тоа се моменти во кои на дело се тестира способноста, визионерството и дораснатоста на политичките лидери на кои народот им ја доверил својата судбина и иднина да го водат напред, да ги акцептираат неговите вистински интереси и изнајдат решенија за нивна реализација. Кај секој народ постојат различни струења, движења, идеи… Големите лидери станале „големи’’  токму тогаш кога успеале сите тие различни струења да ги обединат во јасна мисла и свесна акција која е доволно силна и величенствена да ги надрасне разликите и постигне национално единство на сите политички субјекти.

Во нашата бурна историја, македонскиот народ честопати наидувал на вакви судбински моменти во кои многу јасно ги промовирал своите легитимни и оправдани интереси, цели и стремежи. За жал  Македонија немаше многу среќа со своите водачи, дури и во оние ретки моменти на радост и успех радоста беше поматена со катастрофални одлуки на раководствата кои ни наметнаа нови жртви и отворија рани кои сеуште печат и болат.  Сите наши лидери од Колишевски, преку Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Борис Трајковски, Владо Бучковски и оние до нив неспомнати, па се’ до актуелното водство на земјата, покажаа  дека не беа дораснати на историскиот миг донесувајки погрешни одлуки кои предизвикаа трајни и непоправливо штетни последици за иднината на Македонија и македонскиот народ.

Стекнавме слобода на еден дел од својата територија препуштајки ги останатите два дела  на геноцид и асимилација на Грција и Бугарија („на Срем не на Солун!“), стекнавме независност со југословенска опашка која сеуште се влече по нас („со право да…“), станавме членка на ООН со променето име, знаме и Устав, со анахрон спор за името кој сеуште трае,  ја изгубивме војната во 2001 година и ја редефиниравме државата во Рамковна, не призна најмоќната држава во светот, а ние ги удривме темелите на федерализација како најава за идната поделба на државата… Никогаш асолно не се израдувавме на татковината!

Денес македонскиот народ повторно стои исправен пред ново искушение – влез во НАТО и Европската унија по цена на најсветото што го има: ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!

Пред нас наидуваат тешки денови на искушение и темни облаци повторно надвиснаа над Македонија, денови во кои земјата е оставена на ветрометина, а нејзините водачи со неподнослива леснотија тргнале по патот на предавството. Просто е застрашувачки и загрижувачки несериозниот и неодговорниот пристап и на власта и на опозицијата кон ова суштествено прашање од кое зависи судбината и иднината на целиот народ. Со блажено незнаење, наивна простодушност или отворено квинслинштво мнозина поитаа да го поздрават  најновиот предлог на медијаторот Нимиц како „шанса која не смее да се пропушти“, како излез од тунелот во кој две децении живурка цел еден народ чиј удел во светската историја, култура и наука е немерлив.

Да, драги мои веќе е сосема извесно дека работите стануваат кристално јасни  и сигурни:

1.    Патот на Македонија кон Европа и НАТО води преку „разумниот компромис“ со Атина, односно промена на вековното име на земјата и

2.    нашите политички лидери и од власта и од опозицијата тргнале по тој пат на предавството.

По најновите изјави на Баросо, Солана,  Фуере, Папандреу, па и на премиерот Груевски, „Денот Д“ за нас (спред некои изјави 7 Декември) експресно наближува.  На преговарачката маса веќе се наоѓа планот кој е во оптeк подолго време и за кој повеќе е од очигледно тајно се преговара меѓу двете страни.  Тоа е  познатиот грчко-американски план за решавање на спорот усогласен на дводневната средба помеѓу државниот секретар на САД Кондолиза Рајс и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, а кој во себе ги содржи следните точки:

1. Македонија го менува своето уставно име Република Македонија во Република Северна Македонија;
2. Македонија добива транзиционен (преоден)  период за промена на Уставот и регистрација во меѓународните и мултилатерални институции;

3.  Македонија добива покана за НАТО и ЕУ;

4. На двете страни им се дозволува да ја користат придавката „македонски“ во комерцијални и некомерцијални цели;

5.  Двете страни се откажуваат од било какви територијални претензии.

Еве го пред нас „разумниот компромис“ со кој дефинитивно ќе се затвори дводеценискиот спор во кој не турна „мудриот“ претседател Киро Глигоров чии трагични последици допрва ќе ги почувствуваме.

Историјатот на настанувањето на спорот е познат како и ставовите на двете спротивставени страни кои во изминатиот долг период суштински не се променети и покрај одредени навидум приближувања кои се чини уште повеќе го искомплицираа и со тоа придонесоа за фактичка неможност од негово решавање.

Анализата на пристапот на Република Македонија во овој спор (без оглед на тоа која опција беше владејачка) неминовно упатува на неколку битни карактеристики кои се провлекуваа во сите досегашни активности насочени кон негово решавање и тоа:

1)    Потценувачки однос кон ова прашање од страна на македонските власти.

Уште од моментот на неговото настанување сите македонски политичари речиси без исклучок имаа потценувачки и симплифициран однос кон овој проблем. На овој начин македонската јавност долго време беше држена во заблуда за дневнополитички и теснопартиски интереси на сите досегашни владејачки гарнитури.  Списокот на таквите заблуди е долг: меѓу Македонија и Грција се водат разговори а не преговори околу разликите за името на државата; спорот ни е наметнат и билатерален; времето работи за нас; симпатиите на меѓународната заедница се на наша страна; со додавање на придавка (или додавка) на сегашното име Република Македонија не се менува идентитетот на нацијата; со прифаќањето на „симпатичниот“ предлог Северна Македонија се става крај  на проблемот и започнува период на просперитет на Македонија; со прифаќање на решение за надворешна употреба Македонија ќе го сочува уставното име и нема потреба од менување на Уставот; со решавањето на проблемот Македонија влегува во НАТО и ЕУ и се стекнува со силна позиција за одбрана на идентитетот…  Досегашната пракса и искуство од решавањето на овој спор недвосмислено покажаа дека: водиме преговори а не разговори, спорот сами си го наметнавме и веќе е интернационален,  времето работеше за Грција а не за нас, во меѓународните односи нема симпатии туку само интереси, националниот идентитет е секогаш поврзан со името на државата и според меѓународното право, членството во овие меѓународни (времени!) организации никогаш не е ниту може да биде сатисфакција за ваквиот чин!
2)    Непостоење на национален консензус и државна стратегија за решавање на спорот
Како последица на ваквиот приод, македонските власти досега не успееја да изградат поцврст и единствен национален став и консензус на политичките субјекти ниту пак да оформат државна стратегија за решавање на спорот. Последниот неуспешен обид на пратеникот Андов во Собранието да се усвои таква стратегија повеќе имаше карактер на политички маркетинг отколку на сериозен обид навистина да се изгради сериозна стратегија и тактика за излез од ваквата неповолна ситуација.
Отсуството на стратегија истовремено значешe и отсуство на реална и објективна оценка на карактерот и тежината на спорот,  проценка за можниот развој на настаните, утврдување на приоритетите, тактиката за настапување во преговорите, обезбедување поддршка од релевантните меѓународни фактори и конечно – визија за негово надминување. За сите досегашни владејачки гарнитури прашањето имаше третман на „нужно зло“ кое максимално треба да се избегнува и пролонгира неговото затворање поради теснопартиски или лични интереси.

Со ваквиот дефанзивен, необмислен и  неорганизиран пристап Македонија не успеа да создаде поволна меѓународна позиција во одбрана на своите легитимни права и обезбеди вистински и долгорочен стратешки партнер на меѓународен план, а со погрешната политика на сегашната владејачка гарнитура ги изгуби поранешните (пред се’ САД и Германија) или пак истите беа неутрализирани (Република Турција). Трагикомично и со неверување ги примавме вестите – Дора во Лондон – Антонио во Могорче, Дора во Вашингтон – Антонио во Подареш, Дора во Анкара – Антонио во Кичево…  Ние споменици, Грција лобисти!

Сите досегашни позитивни резултати на овој план како што се признавањето под уставното име од 126     земји членки на ООН  (меѓу кои и 3 од постојаните членки на Советот за безбедност на  ООН) и приемот во некои меѓународни асоцијации, повеќе се должи на некои други околности отколку што е резултат на македонската надворешна политика и изградена стратегија. Македонското раководство не успеа да ја искористи евидентната наклонетост на САД за време на Бушовата администрација и да стави крај на спорот со што трајно би се зацврстила  нејзината меѓународна позиција и осигурала внатрешната стабилност. Сегашната позиција на Македонија во овој спор е крајно неповолна и загрижувачка особено по доаѓањето на новата администрација на Барак Обама на чело на САД и активното вклучување на неколку земји членки на ЕУ отворено на страната на Грција.

Жестокиот притисок врз македонското раководство, тешката економска состојба во земјата, како и погоре споменатите слабости значително придонесоа за создавање на своевиден општ негативен политички консензус на сите политички субјекти и од власта и од опозицијата за потребата од прифаќање на т.н. „разумен компромис“,  односно менување на името на државата.  Diferentia specifica меѓу нив не е оправданоста, потребата или нужноста од ваквиот потег туку пред се’ прашањето за одговорност кое неминовно ќе уследи по неговото решавање. Опозицијата одговорноста за ова уште од сега ја упатува на Владата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, додека премиерот преку исфрлање на идејата за референдум се обидува истата да ја префрли врз народот без да се води сметка за негативните и погубни последици кои ќе произлезат од таквиот чекор во однос на националното единство и внатрешната стабилност на земјата.  Референдумот за едно вакво круцијално прашање нема никаква историска, политичка или правна основа и со самото тоа е нелегален и нелегитимен.

Сега кога пред нас се наметнува итно и безусловно решавање на спорот само од себе се поставува едно единствено прашање: Дали постигнувањето на „разумен компромис“ претставува крај на еден трагичен почеток или пак  е почетокот на еден крај?

Решението кое ни се нуди во форма на некаква придавка или додавка на нашето име  не е крај на нашиот дводецениски од по пеколот. Не драги мои!  Тоа „решение“ е почетокот на нашиот крај, нашата Пандорина кутија од која ќе излезат сите зла, нашата „Црна дупка“  во која ќе биде проголтана сета наша славна историја и сите ние како такви, антички или словенски сеедно, нашите свети места, херои и предавници…. само слепци и наивни не можат да ја разберат и сфатат заднината не целото ова сценарио кое по системот „чекор по чекор“ (промената на знамето, на Уставот  – делот за правата на нашето малцинства во соседните земји, па пак на Уставот  – Рамковниот договор) ги руши темелите на нашето постоење како народ со своја држава.

А еве зошто:

1.    Самиот чин на постигнување на договор за било каква промена на името на една суверена држава претставува грубо кршење на Повелбата на ООН и меѓународното право со што се создава опасен преседан кој може да послужи како основ за слични такви постапки и на други земји во светот.
2.    Постигнувањето на договор меѓу Македонија и Грција со кој ќе се изврши било каква промена на името на државата не може да претставува крај на спорот туку само една етапа во односите меѓу двете земји после кои реално е да се очекуваат нови барања и условувања од страна на Грција со оглед на нејзините сегашни силни позиции во светот, особено ако се има во вид досегашното искуство со долгорочната стратешка (византиска!) политика на Грција и нејзината меѓународна позиција во НАТО и ЕУ, како и долгата и сложена процедура до финиширање на процесот.
3.    Промената на името само по себе го доведува во прашање и историскиот континуитет на македонската држава народ и нужно имплицира редефинирање на внатрешните односи во земјата во однос на суверенитетот и унитарноста на државата. Придавката со географско значење дефинитивно ја дефинира Македонија како територија без историска и етничка содржина со што директно се потврдуваат и грчките и големобугарските тези за Македонија како една од областите на Балканот чии делови им припаѓаат на сите.
4.    Името на македонскиот народ и јазик се нераскинливо поврзани со името на државата Македонија и секоја придавка или додавка на државното неминовно упатува на редефинирање на идентитетот на нацијата и јазикот на македонскиот народ што ќе доведе до натамошно обезличување, раслојување и разградување на македонското национално ткиво и почеток на крајот на еден народ.
5.    Со чинот на постигнување ваков договор реално е да се очекува вклучување и на  соседните земји на Македонија и обид за артикулација на нивните историски интереси во однос на Македонија и тоа:
-    Бугарија – активирање на Санстефанските стремежи преточени во идејата за Голема Бугарија (почетна фаза – проблематизирање на идентитетот и јазикот);

-    Србија  -  статусот на Македонската православна црква

-    Албанскиот фактор – активирање на проектот „Голема Албанија“!

Настаните кои се регистрираат дома и во соседството веќе го најавуваат ваквиот расплет на настаните.

Историјата познава многу примери на вистински геноцид извршен врз поедини  народи (Евереите, Ерменците, Македонците…), на нивно мистериозно исчезнување (Маите) или пак постепена асимилација од страна на поголеми и посилни народи (Индијанците во САД, Абориџините во Австралија), но сеуште не е познат случај каде еден народ самиот доброволно се самоуништува! Така, тоа што не им успеа на многуте освојувачи и окупатори на Македонија од антиката до денес еве на најдобар пат е да им успее на нашите (не)легитимни водачи.

Од нас… и само од нас зависи дали тоа ќе го дозволиме!


ЉУБЕ КОНТРА ГРУЈО

Лидерот на новата политичка партија Љубе Бошковски денес упати остри критики кон Владата, а особено кон лидерот на владејачката пртија ВМРО ДПМНЕ Никола Гуевски. press ljube.JPG

Љубе Бошковски најнапред се осврна на, како што тој оцени, „лошите резултати од досегашното владеење на Никола Груевски, недостатокот на толку многу најавуваните странски инвестиции, а и тие што влегоа на македонскиот пазар се покажаа како катастрофални„ , посочувајќи го притоа примерот со Сведмилк.

Притоа, Бошковски посочи документ на ВМРО ДПМНЕ на кој е потпишан генералниот секретар на партијата Мартин Протуѓер, на кој на четири страници се упатени препораки до општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и нивните градоначалници, за тоа како „да лажат дека досегашното работење е успешно„ а Бошковски посочи дека во тој документ, стои препорака и за елиминација на партијата Обединети за Македонија и него лично, како лидер на партијата. Бошковски посочи дека Груевски и неговата партија вршат притисоци врз своето членство во врска со Бошковски, но и покрај тоа, како што вели Бошковски, цели комитети на ВМРО ДПМНЕ веќе се приклучиле кон неговата партија, неколку актуелни пратеници на владејачката партија исто така ќе преминат кај него, а со двајца, кои се веќе сигурни, интензивно се разговара. Бошковски наведе дека пратениците и видните членови на партијата на Груевски потпишувале и хипотеки за своите куќи, за да ја изразат својата лојалност кон партијата и гаранција дека нема да преминат во друга партија, односно во партијата на Љубе Бошковски.

За неговата посета на Рамуш Харадинај, Бошковски истакна дека е тоа нормален разговор на лидери на две опозициони партии кои имаат голема шанса да ја добијат власта, а Харадинај има изразена подршка на Македонија и дека таа соработка  треба да продолжи. За некакви идни коалиции со некои од опозиционите партии, а најмногу се мисли на СДСМ, Бошковски истакна дека засега нема никакви преговори, но дека Груевски и самиот признал дека тој и другите видни членови од опозиционите партии се прислушкувани, и дека ВМРО ДПМНЕ на чело со нивниот лидер Никола Груевски сакаат „политичко уништување„ на Љубе Бошковски.

Веста е пренесена од „Форум“!

ЗOШTO TOНЕ МAKEДOНИЈA? (1)

Пред нас се вонредни парламентарни избори на кои треба да ги избереме оние кои ќе не водат во наредните години. Резултатите засега ги оставам настрана, иако анкетите зборуваат за уште еден триумф и мандат на сегашната владејачка гарнитура. Има едно прашање кое како по правило секогаш ми се поставува пред сите избори – Зошто тоне Македонија и тогаш кога на власт се едните и тогаш кога се на власт другите? Повремените проблесоци на успех овде онде повеќе ги доживувам како прелетени метеори во ноќта отколку како вистински одраз на промислена политика која води кон резултат за општо добро на нацијата. Гневот од тапкањето во место уште повеќе ме совладува кога знам дека на ова  богато и плодно парче земја што се вика Република Македонија, живеат (само) 2 милиони луѓе!  И тоа не обични туку луѓе со богата историја и култура, припадници на народ (и народи) кои ја задолжиле светската историја и цивилизација. Истите тие каде и да отидат – успеваат (!) значи способни,  а овде во сопствената земја се борат со сиромаштијата, невработеноста, со диктатот (некаде и диктатурата на моќните партиски или финансиски олигархии), потонати во безнадежност, апатија очај…

И сега, пред овие избори на кои пак ни се нуди некоја опиплива надеж, пак си го поставувам истото прашање – Каде се корените на злото што не турка во бездна и не ни дозволува да се одлепиме од земја. Ако ништо повеќе барем да нема гладни….

Мојот одговор во следното продолжение.

ЗOШTO TOНЕ МAKEДOНИЈA? ИМА ЛИ ДНО? (2)

Задоцнив со продолжението од претходниот пост. Намерно… Сочекав малку партиите да ги објават програмите и отпочнат со кампањата. Заради атмосфера и „уметнички дојам“… Сполај им на помошта…

И покрај сериозниот број апологети на теоријата на заговори (кое помалку или повеќе можеби навистина и постои), одговорот на поставеното прашање сепак ќе мора да го побараме овде и тука меѓу нас. „Изворите на злото“ кои како оловни тегови две децении не влечат кон дното, сепак се наши – македонски и што побргу тоа го разбереме толку подобро за нас!

Најпрво, она што во изминатите два месецa предизвика најголем интерес и расправии во македонската јавност (кои сеуште траат), а тоа е отсуството на национално единство за виталните и стратешки интереси на Македонија. Декларативните заложби брзо се топат пред налетот на теснопартиските интереси. Дури и за такви прашања како што е приемот на Македонија во ЕУ или НАТО, за што постои речиси плебисцитарна стопостотна поддршка кај македонските граѓани, двата главни политички субјекти на политичката сцена имаат различни видувања – едните се за влез во овие институции „по секоја цена“ сега и веднаш (!), а другите се за влез но не по секоја цена! И така ова прашање заедно со прашањето за спорот со Грците за нашето име кое е во тесна врска со претходното, стана централно прашање на нивните изборни кампањи! „Олеснителна“ околност е што и по две децении Македонија нема изготвено општоприфатлива национална програма за развој на земјата. За разлика од научните академии на соседните земји (Албанија, Србија; Бугарија, Грција) одамна изготвија такви програми по кои работаат нивните влади, нашите мудри глави од МАНУ сеуште анализираат… анализираат… анализираат…. Помеѓу две кавги за хонорари и дневници…

Дефектите во нашиот демократски систем се вториот основен извор на нашите проблеми. Нашиот Устав има генетска вродена маана која оневозможува контрола врз власта, па така демократијата се сведе на состојба во која народот може да кажува што сака, а власта (поточно Владата) да прави што сака! Онака демократски… Додуша по Уставот и законите, контролната функција е доверена на Парламентот кој може да ја избере но и разрeши аздисаната и корумпирана Влада. Арно ама праксата од изминатите години го покажува токму спротивното – Парламентот одамна е претворен во обичен сервис на било која Влада! Зарем некој очекува дека пратениците кои по правило се дел од вториот или третиот ешалон некогаш ќе побараат одговорност од Владата во која (пак по правило) се наоѓа првиот ешалон односно раководството од матичната партија? На пример пратеникот Ѓорчев да побара одговорност од премирот Грувски или Бендевска од (евнтуалната) премиерка Шекеринска! Теоретски – Да, ама ај нека проба… А да замислиме поинаква ситуација – највисоките раководства на партиите да останат во Парламентот, а во Владата да бидат избрани лица кои немаат партиска функција, ќе имаме ли контролирана Влада?

Поврзано со претходното е и прашањето за деформираната улога на партиите во нашиот систем! И нивните сегашни програми јасно ја покажуваат нивната неприродна деформирана улога да функционираат како држави во држави – тие вработуваат (ДПА – 100 иљади Албанци!), тие признаваат држави (ДУИ ќе го признае Косово!), а ВМРО ДПМНЕ и СДСМ нема прашање што го заборавиле дека ТИЕ ќе го средат. Во „нормалните држави“ тоа се прашања од доменот на државните органи, а политичките партии само ги промовираат генералните правци на развој на државата. Кај нас нормално се е поинаку и наопаку – партиските органи одамна ги супституирале државните институции и тие одлучуваат за се’ – од приемот на чистачка до примот во НАТО! Партиската припадност (и лојалност кон водачот) е основен критериум за вработување, напредување или добивање на функција! Сите вредносни (па и морални) критериуми паѓаат пред налетот на партиската книшка која се претвори во carte blanche за влез во системот! Се што е надвор од тој систем е туѓо, невредно, беззначајно… Одтука и поделбата на „наши“ и „ваши“ проследена со висок степен на нетрпеливост и омраза меѓу припадниците на едната или другата опција, од најгоре па се до најзафрленото село, до последната фамилија…. Наместо конкуренти добивме непријатели, наместо борба на идеи и програми присуствуваме на гладијаторска борба за власт по секоја цена вклучитeлно и меѓусебни пресметки. Во еден таков амбиент (последните пресметки меѓу ДУИ и ДПА се само парадигма на хроничната болка на сите избори досега), ниедна програма не може да успее колку и да е добра и реално спроведлива.

Ирелевантно е за нас (М.м.е) Кој прв почна?

Додека течат изборите, а Македонија и натаму тоне во Балканската баруштина, само по себе се поставува прашањето: ИМА ЛИ ДНО?

ТАТАРСКА НАЕЗДА

Како хиени кои намирисале свежа крв, потомците на Аспарух, Телец, Омуртаг… повторно тргнаа во офанзива кон Македонија. Букурешкиот самит повторно ја активира старата антимакедонска коалиција Грција – Бугарија – Србија (со тоа што овие последните нешто беа попасивни од „оправдани“ причини и презафатност со цртањето на сопствените граници) која проработи со полна пареа, потврдувајки го уште еднаш старото правило – Злосторниците секогаш се враќаат на местото на злочинот (во конкретниот случај кобниот Букурешт)!

Татарската офанзива на македонскиот блогерај се интензивира уште во почетокот на март (иако нивното присуство е константно) со наближувањето на самитот на НАТО, а продолжува и сега со несмалена жестина. Тезата им е стара, излитена и нам добро позната – нема македонска нација! А се спомене на некој пост „Македонија“, „ Македонец“ „ВМРО“, Љубчо Георгиевски или историја, еве ти ги во чопоративен напад како и нивните „славни“ претци монголоидните Татари (види погоре). Скарани со логиката и со здравиот разум (галиба толку им сече) се убија докажувајки дека тоа што не постои (ние Македонците) – навистина не постои! Веројатно ова е уникатен пример во светската наука каде за нешто што не постои (се разбира по нивната скудоумна логика) се трошат толку сили, средства, се фалсификуваат документи за да се „докаже“ дека навистина е така. Да те чува господ!

Бајрактарот на овие нови татарски хорди (знамето е она со коњската опашка) е бездруго Shali, има и свој блогкоментари (прку 1500 за само три месеци!). Се обидувам да разберам што мака го снашло, што зло го спопаднало еден Бугарин како него со денови и ноќи да кисне на македонскиот блогерај со една единствена цел – да провоцира негирајки го нашето потекло! Нема друго обрзаложение освен дека е само еден од оние платени антимакедонски пропагатори! Тука веќе имам донекаде разбирање за него – мора од нешто и да се живее, а нашиот јунак поштено си го заработува лебот! Се обидов на два три пати со коментари (реплики) да му укажам дека таквиот негов пристап предизвикува омраза кај нас Македонците кон бугарскиот народ ама џабе. Човекот си има своја агенда и упорно си работи на неа…. – празен како и неговата глава, но затоа пак се распишал еден куп

Нам не ни останува друго освен да ги игнорираме (ова ќе биде мое последно занимавање со нив) и да се смееме на нивните глупости!

За крај наградно прашање: КОЈ ОД ОВИЕ ДВАЈЦА Е ПРЕДОК НА БУГАРИТЕ А КОЈ НА МАКЕДОНЦИТЕ?

ASPARUH.jpg0353.jpg

АСПАРУХ AЛЕКСАНДАР

АТАК НА „АТАКА“

Бугарската ултранационалистичка партија „Атака“ повторно атакува на Македонија! По повод 90 годишнината од потпишувањето на Нејскиот мировен договор,  Бугарија, преку  “Атака“ бара од  ЕУ тој да биде прогласен за неважечки, со што териториите кои останале надвор од Бугарија, по автоматизам да и бидат вратени-Западните покраини и Струмица!

Волен Сидеров, лидерот на “Атака“, смета дека тоа е историска шанса за Бугарија  по мирен пат да успее да си “врати“ територии, и дека тоа став на неговата партија кое го покренале уште минатата година. Во изјавата за новинската агенција “Фокус“, Сидеров вели: “Тоа е веќе се наоѓа во претставништвото на Европската унија во Софија и во Европскиот парламент. Станува збор за следното. Нејскиот мировен договор е потпишан со државата Југославија – тогашно Кралство на Срби, Хрвати и Словенци, меѓународноправен субјект кој сега не постои, бидејќи таа држава се распадна. Тука се појавува прашањето дека ако субјектот на еден договор не постои, што станува со самиот договор?Логично следува, дека тој договор повеќе не важи, односно териториите, кои се наречени Западни, треба да и’ бидат вратени на Бугарија. Ние се надеваме на соработка од ЕУ во однос на ова прашање“

Според него, ако ЕУ донесе правилна одлука, тоа нема да е “прекројување“ на границите  но можно е да има реакции од страна на Србија. “Нашите европратеници дејствуваат по однос на ова прашање. Мислам дека можеме сериозно да го поставиме ова како услов за прием на Србија во ЕУ“, изјавил Сидеров.

Во соопштението за јавност „Атака“  бара „враќање“ на оние територии „населени со Бугари“, кои се наоѓаат во состав на денешните држави Србија и Македонија, да и бидат вратени повторно во владение на Бугарија. Според оваа партија  „Србија и Македонија не се правни наследнички на Кралството на Србите , Хрватите и Словенците. Србија не беше призната за правен наследник на Југославија од страна на ООН и од меѓународната заедница, а ПЈР Македонија дури не е призната под своето уставно име. Според тоа, Нејскиот договор нема нема правна сила спрема Србија и ПЈР Македонија и е недејствувачки во однос на Западните територии и Струмица, поради исчезнувањето на државата која го потпишала. Тоа значи дека одземените територии од Бугарија, по тој договор, треба да и’ се вратат“, било наведено во сооштението на “Атака“.

Инаку Нејскиот мировен договор бил потпишан на крајот на Првата светска војна и тоа од земјите припаднички на Антантата, победнички сојуз во војната, и Бугарија, која ја загубила војната, а била на страната на Централните сили., заедно со Германија, Австро-унгарија и Турција. Договорот бил потпишан на 27 ноември 1919 година, во париското предградие Неј сур Сен, а со него бил поставен мир и биле решени одредени спорни прашања меѓу договорните страни.


Меѓу земјите на Антантата, се наоѓало и тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Територијата на денешна Македонија беше дел од ова кралство, бидејќи со Букурешкиот мировен договор во 1913 година, Македонија е поделена меѓу Грција, која добила 51 отсто од територијата, Бугарија, која добила 9 отсто, и новоформираната држава Албанија, која ја основале Италија и Австроунгарија во 1912 година, добила 1 отсто од македонската територија. Останатите 39 отсто, кои му припаднале на Кралството СХС и биле наречени Вардарска бановина, по Втората светска стануваат независна држава како Социјалистичка Република Македонија, во состав на Федеративна Народна Република Југославија, подоцна преименувана во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Нејскиот договор го потпишале Никола Пашиќ, тогашен премиер на Кралството СХС, Анте Трумбиќ, министер за надворешни работи, и д-р Иван Золгер. Од поразената бугарска страна, договорот го потпишал Александар Стамболиски, тогашен премиер на Бугарија и министер за воени прашања. Според договорот, поразената Бугарија требала да предаде значителни територии, кои претходно ги окупирала. Најголемиот дел во западна Тракија, како и територии околу Цариброд и Босилеград во Србија, и Струмица во Македонија, кои и’ ги предала на Кралството СХС. На Романија, пак, и’ била вратена јужна Добруџа. Воената сила на Бугарија и’ била редуцирана на минимум. Дозволено и’ било да има најмногу 20.000 војници, и наредено и’ било да ја укине воената обврска. Пропишано било Бугарија да плати репарација од 2,25 милијарди златни франци, односно околу 445 милиони долари. Подоцна и’ биле простени околу две третини од оваа обврска бидејќи била екстремно сиромашна.

***

Во некои други времиња, националистичките агресивни напади на Сидеров и Атака би биле сместени во забавните рубрики. Но, сега,  во време кога преку проблематизирањето на прашањето на името е загрозено и опстојувањето на Република како држава истите не се ниту наивни ниту пак за потценување. Тие само потврдуваат дека проблемот со името со нашиот јужен сосед Грција ниту е билатерален ниту пак така безопасен како што ни се сервира туку одамна е трансформиран во темпирана бомба која ќе ги запали националистичките аспирации на сите соседни држави. Ова само како потврда на валидноста на тезите кои ги изнесов во еден од претходните постови посветени на проблемот со името!
Published in: on ноември 28, 2009 at 12:06 коментари(205)
Ознаки: , ,

KОНЦЕНТРАЦИОНА ВЛАДА?

Во серијата „бисери на мудрости“ на доајенот на македонските експертутки Љ.Д Фрчковски, ја бележиме и најновата објавена во неговата колумна во Дневник, во која ни помалку ни повеќе предлага формирање на „концентрациона Влада на голема коалиција“. Нејзина програма: влез во НАТО во 2009, датум за преговори во ЕУ истата година, визна либерализација за ЕУ истата година и соочување со финансиската криза истата година.

Така бае Фрчко… Иако „од авион се гледа“ (што би рекол Грујо) личниот мотив за ваквиот ингениозен предлог – неговата опседнатост со власта и болката што никој сериозен не го игра па овде веројатно гледа некаква полушанса за come back во политиката, сепак заслужува малку поголемо внимание. Не е случајно, ниту наивно…

По правило ваков тип на влади се формираат според онаа народната : „Кога дува бура и кучето и мачето спијат заедно!“ Составена од претставници од сите политички партии во парламентот.

Вообичаено, ваква Влада се формира во три случаеви:

1) кога изборните резултати се такви да ниедна партија не може да формира стабилна влада

2) кога земјата е соочена со сериозна политичка или економска криза

3) кога земјата е во воен конфликт.

Првиот случај не може да биде услов за формирање на ваква Влада – ВМРО ДПМНЕ има огромно и убедливо мнозинство во Парламентот и екстра стабилна Влада!

Вториот услов кој беше доста актуелен после редовните избори во 2006 година поради невклучувањето на ДУИ во Владата доведе до познатиот Мајски договор, нови избори и нова Влада! Обидот за реприза на овој услов преку новата формулација – непостоење на политички дијалог, форсиран од опозицијата но и од европретставникот Ерван Фуере, засега не дава резултати!

Значи, останува третиот услов – КОНФЛИКТ! И тоа воен налик на оној од 2001 година кога за прв пат се промовира токму таква Влада. Резултат: Рамковен договор и редефинирана држава македонска! Значи ако првите два не се доволен повод и причина за таква Влада, останува третиот !!! А таман помисливме дека тоа нема да се повтори…

Знаеме дека Фрчко е шарлатан и ебиветер, но не е безопасен, особено линковите што ги има со странските подземни сили кои не се за потценување! Неговиот предлог случајно или не се совпадна со повторното активирање околу Македонија на Меѓународната кризна група (ICG) и неизбежниот Едвард Џозеф, бунтот на Косоварите за најновиот предлог на Бан Ки Мун за статусот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово и нејзината функција која апла сугерира поделба на новата државна творба (!), заканата со економската криза во земјата, масовно незадоволство, штрајкови и … убиство на полицајци!

Така некако почна во 2001 година – со убиство на полициска патрола кај Арачиново….

Фрчко е еден од авторите на Рамковниот договор. Што ли ќе смисли сега???

Published in: on ноември 28, 2008 at 02:14 коментари (0)
Ознаки: , ,

До следното утро…

За поубаво да ја поминете оваа ноќ… до следното утро!

Following the sun, to find the one
Who’s giving you the wings to fly
Following the sun, the golden one
Losing sense for space and time

Can you feel the waves of life
(Can you) hear the sigh of love
Do you believe in it ?

Following the sun, just for the one
Till you’ll find the door you thought
Following the sun, like everyone
Searching for a sign of hope

Have a look up to the sky
See the billion stars above
Cos (maybe) on one of them
You’ll spend your further life

Published in: on септември 11, 2009 at 21:11 коментари (0)
Ознаки: , ,

Аlexandеr the Greаt – Bond !

Published in: on септември 18, 2008 at 22:10 коментари(80)
Ознаки: , , ,

ГЛАСАЈТЕ ЗА ФРЧКО!!!

Љубомир Данаилов – Фрчкоски е еден од кандидатите за претседател на Репубиката на претстојните избори на 22 Март годинава. Неговата официјална биографија и ставови (често менливи и прилагодливи според неговите лични потреби) е горе долу позната. Но, далеку поинтересна е неговата неофицијална биографија што си ја создал како носител на јавни функции (министер за внатрешни работи, „експерат“ и како граѓанин. Еве го мојот скромен придонес кон расветлување на оваа исклучително интересна страна од неговата личност.

Сите афери на Фрчко:

- Аферата „Дувло“ -  неовластеното прислушкување на опозиционата ВМРО ДПМНЕ  во 1992 година;

- Аферата „Сина птица“ – неовластено инволвирање на МВР – ДБК во формирање на паравоена формација од припадници на ВМРО ДПМНЕ од внатрешноста истата година;

- Формирањето  на голем број полициски досиеја од страна на ДБК (сега УБК) за припадници на опозицијата;

- Кршење на ембаргото со Србија – шверцот со нафта, цигари …;

- Доделувањето на дозволи за отварање на фри – шопови на граничните премини (еден од нив и на сопствениот брат);

- Полициските интервенции (тепањето на народот) во Куклиш, Радовиш, Радолишта, Бит Пазар, Гостивар, Мала Речица, Ѓорче Петров…;

- Негирањето на  постоење на организиран криминал во Македонија и сменувањето на Павле Трајанов, тогашен шеф на јавната безбедност во МВР;

- Јавните набавки на Рејбанки, коњи, уметнички слики…;

- Договорот со ЗУС за изработка на пасоши, лични карти и други документи за МВР;

- Атентатот врз претседателот на државата Киро Глигоров во 1995 година;

- Аферата „Амфора“ – или тајните преговори со елементи на поткуп со грчкиот генерал Грилакис во врска со името не земјата  (пари, Ролекси, амфори…;

- Барањето хонорар од „валканите“ пари од партијата ВМРО ДПМНЕ (6000 марки) за „консултантски услуги“ на претседателот Трајковски;

- Тепањето и малтертирањето на сопствената жена (поранешната);

- Тепањето на жена на паркинг (види на претходниот линк);

- лажниот сведок за атентатот на Глигоров;

- клевета за Груевски, клевета за Трајанов;


И така натаму… и така натаму… и така наВаму…

Списокот е отворен и за други подзаборавени афери!

Затоа: ГЛАСАЈТЕ ЗА ФРЧКО!!!

Нова истрага за смртта на Јордан Мијалков

Како што пишува денешен „Вест“,  МВР покренало постапка за обнова на истрагата на трагично починатиот министер за внатрешни работи од првата експертска Влада во независна Македонија, Јордан Мијалков! Случајно или не еден од првите постови на мојот блог беше токму прашањето:  Кој го уби Јордан Мијалков? Затоа чувствувам обврска повторно да се навратиме на оваа интересна тема.

Текстот од „Вест“ го пренесувам во целост:

A2D801C291418547AD56BDA73AD1770D.jpg колата во која загина мијалков.jpg

МВР, со допис до претседателот Бранко Црвенковски, побарало евентуални докази или какви било информации од претседателскиот кабинет во врска со сообраќајната несреќа во која трагично животот го загуби првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, а која се случи во јужна Србија пред 17 години. Актуелната раководна гарнитура во МВР одново го отворила случајот, заверен како класична сообраќајна несреќа, и работи на негово расветлување.

Неофицијално, од кабинетот на Црвенковски било одговорено дека таму воопшто нема документи за несреќата, дека тогашен претседател бил Киро Глигоров и оти ако имало такви документи кои би можеле да и помогнат на истрагата, тие сигурно и биле предадени на полицијата и би требало да се наоѓаат во МВР.

Помошник-министерот за внатрешни работи Иво Котевски ни потврди дека одново се работи на истражување на околностите во кои загина ексминистерот Јордан Мијалков. “Во моментов не можеме да даваме детали за случајот. Штом ќе има нови информации, јавноста ќе биде информирана”, кусо ни одговори Котевски.

На 19 декември 1991 година, Мијалков, кој беше член на експертската Влада на Република Македонија на сега покојниот премиер Никола Кљусев, без никаква придружба, со возачот тргнал за Белград, на наводна инцидентна покана на тогашниот сојузен министер за внатрешни работи Петар Грачанин. Требало да има состанок на републичките министри за внатрешни работи со Грачанин.

Незгодата се случила кај Врање. Според извештаите од српските власти, врнело снег, а возачот на Мијалков возел брзо. При разминување со друго возило, колите се удриле, службениот автомобил се извртел, по што неколку пати се удирал во ограда. Властите констатирале грешка на возачот на министерот Мијалков.

“Јордан Мијалков не починал од ударот. Тој излегол од колата, викал за помош. Остана нејасно зошто српските полициски власти не го пренеле директно во Скопје, на специјалистички прегледи, или барем да го однеле со хеликоптер до Белградските клиники. Место тоа, го маткале низ Врање и човекот починал од болки од скршените коски, а не од повреди на витални органи, зашто при обдукцијата такви не биле пронајдени. Но на овој момент не се обрнало внимание во тогашната куса истрага во Србија, која беше прифатена и од владина комисија во Македонија”, раскажува за “Вест” тогашен висок полициски функционер, близок до актуелната власт.

Но премиерот Никола Груевски, внук на Јордан Мијалков, уште пред две години јавно кажа дека ниту тој, а уште помалку синовите на покојниот министер Сашо и Влатко Мијалкови се согласуваат со официјалната верзија за татковата смрт. Груевски тврдеше дека вујко му не починал од последиците од сообраќајката туку од посттрауматски шок. Тој тврдеше дека веднаш по несреќата српската полиција одбивала да го однесе повредениот министер во болница, со објаснување дека немале бензин.”

Ќе се затвори ли конечно овој случај или пак како и многупати досега повторно ќе присуствуваме на уште една забава за јавноста?


Published in: on февруари 20, 2009 at 13:21 коментари (0)
Ознаки: ,

AФЕРАТА „СЕВСО“… И МАКЕДОНИЈА

Аферата „Севсо“ е една од најпознатите светски афери на нелегална  трговија со антиквититети која триесет години ја потресува светската јавност и во која се инволвирани или директно поврзани  дури седум држави, две големи аукциски куќи, еден богат лорд, голем број научни работници, историчари, археолози, музеолози, дилери со антиквитети, но и четири убиства и потрошени огромни пари.

Се работи за фантастична колекција од 14 римски сребрени садови датирана во периодот на доцната антика (350 -450 година од нашата ера) година со вкупна тежина од 30 килограми, од кои најрепрезентативниот примерок е со дијаметар  од 70 сантиметри и тежина од 9 килограми. Сите примероци на овој исклучително редок и капитален колективен наод се со фанатастична изработка декорирани со  сцени од античката митологија и секојдневниот живот. На еден од предметите  е изгравиран натпис на латински јазик:

Hec Sevso tibi durent per saecula multa
Posteris ut prosint vascula digna tuis


(May these, O Sevso, yours for many ages be
Small vessels fit to serve your offspring worthily)

Одтука потекнува и името на целата афера „Севсо“ со уверување дека овие скапоцени предмети му припаѓале на римскиот патрициј Севсо (според некои толкувања се работи за римски генерал). Според проценките на експертите колекцијата е проценета на на 100 милиони фунти, но добрите познавачи сметаат дека на т.н „ограничени аукции“ нејзината вредност би можела да достигне до фантастични половина милијарда долари!!!

Потеклото на колекцијата, локалитетот и археолошкиот контекст  сеуште претставуваат мистерија иако досега три држави пријавиле дека потекнува од нивните простори (Либан, Хрватска и Унгарија) и полагаат право на негова сопственост согласно Хашката конвенција за заштита на културното наследство во случај на војна од 1954 година  и Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година.

Целата приказна започна во 1982 година кога анлискиот лорд  Spencer “Spenny” Douglas David Compton, седмиот маркиз од Нортхемптон преку Питер Вилсон, кој до 1979 година  бил претседател на аукциската куќа  Sotheby’s купил 10 сребрени садови од извесен Халим Корбан, Либанец кој поседувал своја антикварница во хотелот „Хилтон“ во Виена. За овие предмети лордот издвоил 2 милиони долари и  веднаш се обидел колекцијата да ја продаде на музејот на Ј.Paul Getty за 10 милиони долари, но  се покажало дека документите за потекло на наодот се фалсификат со што и започнува целата афера. Имено, кустосот на музејот утврдил дека понудените документи дека колекцијата е пронајдена во античкиот град Трир во Феникија се фалсификат така што договорот пропаѓа, а целиот случај добива третман на нелегална трговија со антиквитети.

Во наредните години лордот Compton ја збогатува својата колекција со уште четири сребрени предмети од кои последниот го набавува во 1987 година од познатиот трговец со антиквитети Антон Ткалец, Евреин од Србија кој живее во Виена, а има и своја аукциска куќа во Цирих,  Швајацарија. Оваа зделка  со „симпатичниот Југословен“ ќе биде причина да проработи „балканската линија“  и во целата афера покрај Либан да се вклучат уште две држави – Хрватска и Унгарија кои се обидоа да докажат дека колекцијата потекнува од нивните простори и дека е нивна сопственост согласно меѓународните прописи.  Токму овие држави ја спречија најавената продажба на колекцијата  на аукција во  Sotheby’s во 1990 година (тогашната проценка беше 40 милиони фунти) и покренаа судски спор за докажување на потеклото. Постапката ја покрена СФРЈ, но со оглед на тоа што истата во меѓувреме се распадна истата ја продолжи Хрватска.

Либан се откажа од постапката веднаш бидејки се покажа дека понудените документи се фалсификат.

Унгарија тврдеше дека колекцијата е пронајдена на локалитетот Сабатбатјан во селото Полгради на езерото Балатон каде се наоѓала двоспратна римска палата која ја уништиле Варварите во 7 век од н.е. Колекцијата ја пронашол сиромашното момче Јозеф Шумег во 1980 година и ја продал на локалните дилери кои ја однеле директно кај споменатиот Ткалец. Шумег започнале да го посетуваат дилери со антиквитети од цел свет, за да после една таква посета истиот е пронајден мртов при што со аутопсија е утврдено дека најпрво бил задавен.  Освен тоа, Унгарија како доказ го потенцирала и  натписот „PELSI“ на еден од предметите што е латинско има на езерото Балатон.

Хрватската  верзија на настанот беше дека колекцијата е пронајдена во 1961 година во близина на Пула (според  друга верзија на Титовиот остров Ванга), при што бил направен увид на лице место од страна на двајца полицајци, кои подоцна биле одведени кај висок функционер на Воената безбедност кој им наредил да молчат за наодот со оглед на тоа дека колекцијата била наменета за Тито.

После тригодишен спор Апелациониот  суд на Њујорк во 1993 година конечно пресуди дека колекцијата сепак му припаѓа на лордот Compton и ги отфрли барањата на Либан, Хрватска и Унгарија.
По избивањето на аферата и Србија пројави интерес пласирајки (засега неофицијална) приказна дека колекцијата  „Севсо“ потекнува токму од античкиот град Сирмиум кај Сремска Митровица! 25sevs_CA3.jpg
Духовите повторно се разбрануваа во 2006 година кога аукциската куќа  Bonham’s од Лондон организираше лимитирана продажна изложба на целата колекција (исклучиво со покани од сопственикот на „Севсо“) чија почетна вредност достигна фантастични 100 милиони фунти!

Епа вака…

Веднаш по дознавањето за оваа афера, тогашните југословенски власти во 1989 година упатија циркуларна телеграма  до сите републички органи за внатрешни работи и култура со барање да испитаат дали колекцијата потекнува од  просторите на тогашната СФР со цел да се покрене постапка за нејзино враќање во земјата. Прва реагираше Хрватска која ја пласираше приказната дека овие артефакти ги пронашле припадници на ЈНА кои копале ровови некаде во Далмација, а потоа истата во странство ја однел еден од синовите на Тито.

Според одредени информации и македонските државни органи уште тогаш презеле одредени активности за утврдување на потеклото на оваа исклучително вредна колекција. Како резултат на тоа добиени се сериозни почетни информации дека истата најверојатно потекнува од античкиот град  Добер во близина на Валандово (според една)  или од лоkалитетот „Цареви Кули“ кај Струмица (според друга верзија).  На ваков заклучок придонеле и некои аналогни докази за кои се верува дека се во врска со „Севсо“!

Дали Македонија ќе биде следната која ќе се вклучи во трката за сопственост на ова неверојатно богатство од непроценливо историско и културрно значење?

25sevs_CA0.450.jpgsevso4.jpg25sevs_CA2.450.jpg25sevs_CA1.190.jpg2008treasure-1.jpg2008treasure-4.jpg2008treasure-3.jpg2008treasure-6.jpg2008treasure-8.jpgAhilov tanjir.jpg2008treasure-9.jpgsevso3.jpgbadge203.jpgsevso6.jpgx.jpg

Кој се плаши од античкомакедонската историја?

Во екот на засилена антимакедонска кампања која ја поведе Грција против се’ што е македонско, потпомогната од група подопашници од т.н. „Банда на Сорос“ , во денешна „Нова Македонија“ е објавено писмо како реакција на ваквата антимакедонска хистерија кое го пренесувам во целост:

=================================================================

Ние долупотпишаните им даваме целосна поддршка на Владата на Република Македонија и на сите невладини субјекти што се залагаат за обнова на спомените за нашата античка историја, наследство и култура.

Најенергично се спротивставуваме на некоректните напади, обиди за омаловажување и навреди против славното античко минато на Македонија, кои во последно време синхронизирано се спроведуваат низ медиумите од страна на некои наши новинари, политичари и други поединци и интересни групи. Не знаеме дали во некоја друга држава постои ваква срамота – некој толку жестоко да си ја напаѓа сопствената античка историја.

Возобновувањето на истражувањата за нашето античко минато воопшто не значи никаков национализам. Напротив, со ваквите активности само се исправа една историска неправда кога на Македонците за време на претходниот систем тенденциозно им беше оневозможувано и забранувано да ја истражуваат својата етногенеза и во антиката.

Категорично ги отфрлуваме манипулациите дека сите ние што сме се залагале за исправање на неправдата кон античкомакедонската историја сме биле против ЕУ и НАТО. Напротив, ние долупотпишаните агилно се залагаме за евроатлантската интеграција на Македонија, но истовремено сме и за зачувување на македонското достоинство. Не можеме да сфатиме како може патот за ЕУ и НАТО да ни биде отворен доколку се декларираме како Словени, а да ни биде затворен доколку (врз основа на аргументи) изјавиме дека и античките Македонци го внеле своето етнокултурно наследство во денешната македонска нација.
Токму тезата за наводното „чисто словенско потекло“ на денешната македонска нација има елементи на расизам, бидејќи форсира „чисто“ етничко потекло.

Сите оние што навредливо се нафрлуваат против културата и славната историја на античките Македонци и против вистината за нашите етнокултурни врски со нив, автоматски ја напаѓаат и Македонската православна црква, според која денешните Македонци се потомци и на античките. Овие субјекти ги напаѓаат и членовите на македонските организации во преостанатите делови на Македонија, кои исто така себеси се сметаат за потомци и на античките Македонци, а ги навредуваат чувствата и на припадниците на речиси целата македонска дијаспора. Ние не се откажуваме ниту од средниот ниту од новиот век, но се прашуваме кој зошто сака да ја ампутира античката историјата на Македонија? Зарем овие субјекти не знаат дека самото име МАКЕДОНИЈА е античко име? Јасно е дека ставовите на овдешните субјекти што ја напаѓаат античкомакедонската историја се идентични со ставовите на официјалната грчка антимакедонска пропаганда. На овие субјекти им укажуваме дека античкомакедонската историја никогаш нема да биде предмет на лицитација.

Впрочем, етногенезата на Македонците и на сите народи во светот се утврдува со факти, а не со желби и фрустрации на поединци и интересни групи на кои очигледно дека материјалниот интерес им е пред историската вистина.

Александар Донски, историчар
Аристотел Тентов, професор
Миленко Неделковски, новинар
Рубенс Муратовски, актер
Славко Манговски, новинар


ТВИТЕР ЧУДО!

Се вклучив на TWITTER и кога таму види чудо!

СЕКОЈА БУДАЛА ИМА НАЈМАЛКУ ПЕТ ПРИВРЗЕНИЦИ! ОВОЈ ЗАСЕГА ИМА САМО ТРОЈЦА…
Другарчето на Глигоријевиќ и натаму провоцира. Си го бара со боринче…

И ПО НИВ…ПАК ТИЕ!

Веројатно е премногу страшно кога пред твои очи се руши светот во кој си пораснал и уживал, а без притоа да подигнеш нешто потешко од лажица. Навикнати на незаработени туѓи пари стекнати со арамилак, на загарантирано вработување заради Татица, на изнуден и лажен авторитет заради функција а не поради способност, обземени со евтин турбофолкснобизам зачинет со јагнешко и виски, денес кога сиот тој свет неповратно се руши пред нивните оџагорени очички, сосема е разбирливо зошто скокаат до небо!

Како риби оставени на суво се прпелкаат во тињата што им ја оставиле нивните моќни родители, истата онаа тиња во која се удавени судбините на иљадници умни и слободољубиви луѓе врз чија несреќа е изградена нивната лажна среќа, нивниот конформизам,но и нивната духовна беда!

Нивните креатори им оставија систем што безмилосно го цицаа, но истите тие потајно им завидуваа на оние другите кои беа надвор од него – на бунтовните, слободоумните, на патриотите, на непокорните… Чувството на понизност кон Владетелот остави пустош во нивните глави, безидејност,медиокритетство, неспособност и интелектуална инфериорност умешно маскирана со моќта на државниот апарат, со функцијата, со бедната улога на бескрајно понизни, безлични но послушни слуги на системот што беше на умирање!

И во новиот систем успееја да опстанат. Вгнездени во сите пори на системот со камелеонска умешност својата идеолошка матрица веднаш ја заменија со новата курентната и профитабилна. За нив впрочем никогаш и ништо не било свето! Нит партија, нит идеологија, а најмалку морал! Не се ниту лево, не се ниту десно, а всушност насекаде каде можат да ја нахранат својата паразитска жед за власт и моќ. Света е само нивната удобност, нивната позиција, парите… Послушноста и сервилноста на која навикнаа во претходниот систем се покажа пак успешна. Стариот организам кој беше на умирање повторно се реинкарнира, завиен во демократска обланда како невладини здруженија, како самопрогласена авангарда, елита, јавност…

Сега кога и тоа а на пат да пропадне немаат друг избор освен бледо, прозирно и фрустрирано имитирање на оние од кои некогаш се гадеа, ги презираа, ги убиваа… Оние кои беа вистинската авангарда, оние кои ја најавија македонската демократска пролет, луѓето со свој став и дигнитет! Одтука и нивната сегашна агресивност, одтука и нивната спобудалена жестокост, нивниот очајнички крик за победа над неминовната смрт на нивниот лажен систем на вредности, на нивниот кичерајски свет!

Бедници…

П.С. Постот е мој коментар на блогот на Алекс Букарски.

Клипот е ставен по идеја од кај Избеган!


Published in: on март 30, 2009 at 12:24 коментари (0)
Ознаки: , ,

ЦИЛЕ И ЈАС!

Д-р Васил Тупурковски:

„БРУТАЛНА ПОЛИТИЧКА РЕПРЕСИЈА!“

(Октомври 1989 година на веста за суспендирањето на Осуммината од РСВР)

20 години подоцна…

Александро (еден од Осумината):


БРУТАЛНА ПОЛИТИЧКА РЕПРЕСИЈА!

(на веста за изречената неоснована пресуда за три години затвор на д-р Васил Тупурковски)!

Ништо не се сменило…


За Добро утро!

Песна која секогаш  ме расположува…

.             

Published in: on април 12, 2009 at 02:33 коментари (0)
Ознаки: ,

Нов пајонски владетел – TEYTAMADO!

На аукцијата број 175 во аукциската куќа Gorny  Mosh во Минхен Германија што се одржа на 09.03.2009 година се појави една интересна монета која е од извонредно значење за македонската историја. Имено, на аукцијата беше понудена една уникатна монета која припаѓа на Пајонското кралство и упатува на постоење на нов досега непознат владетел (крал) со име TEYTAMADO! Претходно истата монета се појави на аукција во аукциската куќа TKALEC AG во Цирих Швајцарија во 2005 година.

Монетата е датирана во втората половина на IV век пред нашата ера и според стилот,  номиналата, материјалот од кој е изработена и другите карактеристики недвојбено упатува на постоење на нов пајонски крал за кого засега нема никакви податоци во историјата.


Опис на монетата:
Монетата е сребрена тетрадрахма со тежина од 13, 45 грама што одговара на тогашниот тежински систем применет и од страна на македонскиот крал Филип Втори.
На аверсната претстава се наоѓа ликот на Зевс со ловоров венец, свртен на лево.


На реверсната претстава е брадат коњаник во трк на десно, облечен во кратка хламида, во десната рака држи копје со кое прободува непријател легнат на земја. Во полето лево зад коњот се наоѓа лак, а наоколу од лево на десно е написот TEYTAMADO.

Според карактеристиките монетата најмногу одговара на периодот кога со ова кралство управува кралот Ликеј, но каква е врската со новиот владар останува тоа до го одгатнат идните историчари.


Пајонското кралство егзистирало паралелно со македонското и се простирало на територијата на денешна Република Македонија по долината на Вардар, на исток до реката Стримон, а на запад до Пелагониската рамнина. Како главно седиште на кралството се смета античкиот град Билазора кој е убициран на локалитетот „Градиште“ кај селото Кнежје во близина на Свети Николе. Во 259 година Филип Втори презел воен поход спрема Пајонија и Дарданија со што ги придобил и пајонските воини за походите кои подоцна ги презел спрема Грција отварајки го патот на идните освојувања на неговиот син Александар Трети.

Пајонското кралство егзистирало самостојно се’ до 186 година кога по поразот на македонскиот крал Филип  V истата е припоена кон Македонија која добива статус на римска провинција.
Досега науката ги утврдила следните владетели на Пајонија:
Agis (? – 359 BC), Lycceiоs( 356-340 BC), Patraus (340-315 BC), Audoleon (315-285 BC), Ariston (286-285 BC), Leon (278-250 BC), Dropion (250 – 230 BC), Eupolemenos (? – ? BC). Од овие владетели досега не се најдени монети од Agis и Аriston, но затоа пак пронајдени се три други уникатни монети на кралеви кои најверојатно му претходеле на Агис и тоа: BASTAREОS, NIKARHOS I SIMONOS за кои исто така не се знае речиси ништо.


Според моето мислење новиот владетел TEYTAMADO најверојатно владеел многу кратко време  во периодот 259 -256 година по походот на Филип Втори и можеби е татко на новиот владар Ликеј!?  Имено, исклучителната реткост на монетата се објаснува токму со воената состојба што во тие години била присутна на подрачјето на Пајонското кралство.

Пајонските монети често можат да се најдат на подрачјето на Македонија, а особено на локалитетите во Штип, Свети Николе, Скопско, Демир Капија, Куманово, „Градиште“ – Дреново (Eudarist), Kавадарци… Според одредени сознанија конкретната монета е од колективниот наод кај селото Возарци Кавадаречко кој содржеше околу 500 пајонски монети од кралот Ликеј.

ПАТОТ КОН СЛАВАТА!

Во духот на поучните и провокативни анегдоти што ги презентираше АА на неговиот блог, налетав на слична таква сторија. Неговото име е Paul Potts, Британец продавач на мобилни телефони, кој сонува да стане оперски пеач! Добива шанса на една од оние многубројни аудиции и… блеснува!

Секој човек има потенцијал за генијалец, прашање е само дали ќе погоди каде! Затоа вицот за Црногорецот кога го прашале дали знае да свири на клавир, а овој одбрусил – Нијесам проб’о, можда знам! – не е смешен… реален е!

Патот кон ѕвездите е отворен!

ВИКЕНД ВО ВИЕНА

Ја видов Виена, не сум сигурен дека и таа ме виде мене! За секој случај обезбедив докази:
1.JPG

Железничката станица…

Прекрасна архитектура…

2.JPG3.JPG3a.JPG

3b.JPG

Ете има и наши…

И многу катедрали….

4.JPG5.JPG6.JPG7.JPG

Споменици…

8.JPG

И тие запливале во антиквизација…

9.JPG11.JPG12.JPG13.JPG14.JPG

И вака се заработува лебот…

Концерт на отворено на корејска пијанистка!

17.JPG

И слепи руски оперски пеачи…

18.JPG

Модерната австриска младина во паркот – обратете внимание на црно – црвената облека…

19a.JPG

Типичен австриски пар…

19.JPG

Австрискиот Парламент и спомениците пред него…

20.jpg21.JPG15.jpg16.JPG

22.JPG

До следната посета, ако ја биде…

Published in: on јуни 7, 2009 at 19:30 коментари (0)
Ознаки: , ,

ПОСВЕТЕНО НА АНДРЕЈ – АА


Блогерот АА (Андреј 2008) најави пауза на блогерајот. Дали е тоа само чекор до дефинитивно напуштање на блогирањето веројатно знае само тој самиот. Во најавата нема пошироко образложение за таквиот чекор освен една реченица  – „До некои подобри времиња кога на блогерајот ќе може да се релаксира и дише, поздрав од мене“ и едно post scriptum:  „Нема да можам да ја поднесам битката за Македонија која десничарите ќе ја поведат против новодојдените шестоодделенци “ (со линк до блогот на последниот збор).

Малку поконкретно образложение даде во најновиот пост посветен на Insomnia во кое на нему својствен начин даде интересна интерпретација која секој добронамерен тера на размислување.

Кој е всушност АА или Андреј 2008?

Верувам за многумина остана енигма неговата личност, вклучително и за мене, иако неколку други блогери го поврзуваа со Спартак, Публикум и незнам  кој уште, што за мене немаше никакво, ама баш никакво значење. Кој и да е – сепак е Некој (во многу коментари самиот остави прилично детаљи за себе), со свои ставови, определби, мислења кои може да ви се допаѓаат или не, да ги читате или игнорирате, да полемизирате или поддржувате… Барем овде можноста за избор е неограничена и во поглед на пишување и во однос на читање.

Моето „познанство“  со АА (или Андреј) воопшто не беше „пријателско“. Напротив, и на мојот на неговиот блог, како и на повеќе други блогови (кај Маат, Џанго и други) сеуште немо сведочат стотици и стотици коментари за нашите долготрајни остри и жестоки полемики од кои некои траеја со денови, посебно за политичките теми. Андреј (АА) како деклариран атеист наклонет кон левицата и јас како деклариран десничар и пристоен верник!

Многу простор би ни одзело доколку би се наброиле сите оние случаеви каде сме се судриле, но имало и такви додуша навистина ретки каде сме се согласиле! Неретко, во жарот на борбата имаше и искри, па и навреди кои сепак (по мене) не ја поминаа онаа црвена невидлива граница која означува префрлање на теренот на лична пресметка, а не судир на различни мислења. Признавам дека можеби моите навреди кон него беа пожестоки, веројатно поведен од жарот на борбата и етимолошкото значење на зборот полемика (од грчкиот збор „полемос“ што значи војна), но длабоко сум уверен дека и АА разбра дека сето тоа нема задна намера ниту пак тенденција за омаловажување.

Неговата вчерашна најава за паузирање (или напуштање) на блогирањето веројатно мнозина го дочекаа со радост и нескриено ликување веројатно ни самите незнаејки зошто или пак поведени од предубедување дека во ликот на АА се крие класичен партиски агитатор. Кога би се повел по таквата поедноставена логика, а следствено на она погоре кажаното, јас веројатно уште вчера требаше да го повикам Ферус да ми свири на увце, а Цеца да ми меша на маса! Арно ама не ќе да е така! А еве зошто:

1.АА покажа широк спектар на завидно познавање од повеќе области. Иако многу негови прекрасни постови паднаа во сенка на политичките (веројатно поради изборите), сепак незаслужено беа запоставени оние од областа на економијата (од кои учев), од филозофијата (пак учев), од музиката, љубовта, модата (уживав), од гастрономијата (само ги читав оти сум тапа за таа тема) и т.н.

2.Доследноста, упорноста и вештината со кои ги бранеше своите политички ставови и со постовите и со коментарите! Иако за многу негови тези аргументите не беа доволни (по моја оценка, се разбира) просто е фасцинантно како успеваше да одговори на сите коментари сврзани со темата во која беше вклучен. Затоа, не случајно и без никаква зла намера во еден мој коментар шеретски го нареков сторакалка (изведено од стоногалка)! Убеден сум дека неговите постови за Царот Фрчко мнозина не ги разбраа правилно сврстувајки ги во категоријата пропаганда иако пораката беше сосема друга. Несреќата беше во тоа што моите аргументи
кажуваа инаку, иако сега откако изборниот циркуз заврши резултатот од таа полемика е 50,1 спрема 49,9 во негова полза!

3.Почитувањето на туѓите ставови но и моќта за предвидување на некои настани. Неговиот коментар оставен на еден пост кај Џанго болно го најавува она што ќе ни се случи: на масата на Груевски ќе се најде предлог кој не ќе смее да го одбие, а во кој ќе бидат вклучени и работи кои досега не биле предмет на преговори! Не ми е по ќејф ова, ама чувствувам дека така ќе биде!

4.Високиот степен на трпеливост и толеранција кон неистомислениците, а посебно спрема оние кои најдиректно го напаѓаа и навредуваа. Не се сеќавам дека избриша некој коментар. Напротив, не само што стоички ги издржа сите такви офанзиви ами покажа и уникатен начин за елегантно справување со истите терајки шега на сопствена сметка што мора да се признае не може секој.

5.Во многу случаеви отворено се стави на страната на правдата бранејки ги и своите политички неистомисленици (случајот со мојот инцидент на блогот кај Деди) што е доблесност сама по себе (теоријата за Чојството и Јунаштвото!).

6.Високата естетика и вештина во уредувањето на блогот која просто те навлекува постојано да го посетуваш. Се разбира сето тоа наведува на логичен заклучок за извонредно познавање на компјутерските техники и широка наобразба.

Ете затоа не се радувам што заминува и сметам дека неговото отсуство остава голема празнина…

Иако е тешко да погодиш пригоден поздрав на човек кој многу добро се разбира во музика, јас сепак се одлучив за ова заради пораката.

Пријателе АА – Андреј – Довидување до следната војна! :)

Published in: on април 22, 2009 at 15:13 коментари (0)
Ознаки: ,

КОЛКУ СТЕ ОБРАЗОВАНИ?

На сликата подолу гледате историски личности од светската историја!

Кликнете на неа и обидете се да препознаете дел од нив. КЛИК!

Доколку препознаете 25 личности тогаш Вие сте ВОЛ – Високо образована личност! :)

Published in: on април 29, 2009 at 00:13 коментари (0)
Ознаки: ,

ТАЈНИОТ ДОКУМЕНТ НА ГРЧКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ ЗА МАКЕДОНИЈА

На својот официјален веб сајт партијата на Македонците во Грција „Виножито“ објавува официјален документ на Министертсвото за јавна безбедност на Грција и Националната служба за безбедност за мерките кои државните институции на Грција требало да ги преземат во македонските средини со цел целосна елиминација на постоењето на македонското национално малцинство во оваа земја. Оригиналниот документ е од 16.02.1982 година и за прв пат е обелоденет во политичкиот магазин „SXOLIASTIS“ од Атина во септември 1989 година.

Текстот го пренесувам во оригинал на англиски јазик (се надевам дека ќе разберете) заради автентично согледување на грчката фашизоидна политика спрема Македонија. Доволно е поучен и за нашите политички и безбедносни структури како тоа се работи стратешки, организирано, комплексно и долгорочно.

Во исто време, самиот документ претставува директен доказ за постоење на македонското национално малцинство во Грција. Впрочем зошто би се планирале и преземале вакви мерки доколку би било поинаку?

Еве го текстот во целост:

Proposed disciplinary measures to stamp out the Macedonian minority in Greece by the National Security Service

Top secret

MINISTRY OF PUBLIC SECURITY
NATIONAL SECURITY SERVICE
Athens, 16 February 1982
Number of protocol 6502/7-3042….
(…..) INTRODUCTIONS

a. The Skopians’ activities for the autonomy of Macedonia may be efficiently confronted mainly by wiping out the use of the idiom, in the regions near the borders. This opinion is based on the realizations that also other regions that in older times were the center of “Macedonism”, like Kastoria, are not hit by the Skopian propaganda, because there the use of the idiom has been almost wiped out.

b. This element by itself would be enough to exclude any thoughts of repatriation of the P/R (political refugees) who now reside in Yugoslavia and who have been brought up with the “Macedonian idea”, the “Macedonian language and culture”, independently of their participation or not to the organizations SNOF, NOF and activities taken for detaching Greek territories, during the period 1946-1949.

c. As for the above it is imperative to:

1. The creation of a state institution that will depend from the Prefectures of the regions near the borders, lined with the suitable and specially trained to the “Plot against Macedonia” subject, personnel. This institution will engage itself only with this subject, with the supervision of the Ministry of Foreign Affairs and will collaborate closely, but in secret, with the Security Authorities and all the public services (Tax office, Schools, Army, Church, etc.).

2. In the public services and especially in the educational institutions the employees who will be in service have to be ignorant of the local idiom.

3. The establishment of special enlightenment seminaries, for all the public service employees and the clergy who are in service in the sensitive region of Macedonia.

4. The establishment of motivations for the obligatory residence of the public servants and other employees, in the quarters of their service (example: payment of the rent, extra pay, etc.).

5. Establishment of Cultural Association, like “ARISTOTELIS” in Florina and economic help to them, for the realization of events and the publishing of books, newspapers, magazines, etc. and afterwards these will be sent to the Diaspora abroad who has origins from the regions of the senders. This will boost their national sentiment and they will be protected from the anti-Hellenic propaganda that is been practiced by S/M (Slavmacedonians) organizations.

6. Insertion of various obstacles (non-recognition of diplomas, postponement of military service, etc.) for the Greek students who wish to study in Skopje.

7. Marking in each village of persons who, due to their kin bounds and their personality, influence a large circle of co-villagers and with any means (even with money payments) get close to them and use them properly so they will behave as the fighters of the use of the idiom in their circle. To this direction a very positive and effective role can be that of the Youngers of the political parties, by the judgment and coordination of the Government, when a between parties agreement will be reached.

8. Recruitment in the Armed Forces, in Police Bodies, in the public services and Organisms of employees with origins from Florina region, by exception, and their obligatory location in other areas of the Country.

9. The encouragement, by the leadership of the Army, of meetings and marriages of Army officers, who are on duty there and have origins abroad, with women that speak the idiom. (…)

THE CHIEF DIMITRIS KAPELARIS ANT/GOS

Еве го истиот текст и на македонски јазик:

Република Грција

Министерство за јавна безбедност
и служба за национална безбедност

Атина, 16 февруари 1982 г.

Број на протокол 16502-3042

Вовед

а) Активностите на скопјаните за автономија на Македонија може ефикасно да бидат спречени главно преку искоренување на нивниот идиом (македонски јазик) во регионите блиску до границата. Оваа теза се базира врз реализирани активности во други региони кои порано беа центар на “македонизмот”, како што е Касторија (Костур), а каде што сега скопската пропаганда веќе нема влијание бидејќи идиомот (македонскиот јазик) е речиси целосно искоренет.

б) Овој елемент сам по себе би требало да биде доволен за да се исклучи и самата помисла за репатријација на политичките бегалци кои сега живеат во Југославија, а кои сакаат да ја промовираат “македонската идеја”, “македонскиот јазик и македонската култура”, независно од нивното учество во организациите како СНОФ (Славомакедонски народно-ослободителен фронт) и НОФ (Народно-ослободителен фронт) и активности за отцепување грчки територии за време на Граѓанската војна од 1946 до 1949 г.

в) Како доказ, важно е следново:

1. Да бидат создадени државни институции кои ќе бидат зависни од префектурите во регионите што се наоѓаат блиску до границата, кои ќе бидат опремени со луѓе кои се погодни и специјално обучени за антимакедонизам. Во овие институции мора да земат учество единствено ваков тип луѓе под супервизорство на Министерството за надворешни работи, а треба тесно, но тајно да соработуваат со безбедносните служби, како и со сите други јавни институции (како што се: даночни канцеларии, училишта, црквата, армијата итн.).

2. Јавните службеници, а особено оние кои ќе бидат вклучени во образовниот процес, треба целосно да го игнорираат локалниот “идиом” (локалниот говор на македонскиот јазик).

3. Креирање и промоција на специјални семинари за едукација и обука на сите вработени во јавната администрација кои работат во регионите во близина на границата.

4. Да се создаде мотивација за оние службеници што ќе мораат да дојдат на служба во овие региони, и за други вработени, што значи да им се обезбедат средства за да платат кирија, дополнителни парични средства итн.

5. Создавање културни здруженија, како што е АРИСТОТЕЛИС во Флорина (Лерин), кои треба да добијат финансиска помош за реализација на нивните приредби, и промоција на книги, весници, списанија итн. Потоа, овие списанија треба да бидат испратени во дијаспората која има потекло од овие региони. Тоа ќе го подигне нивното национално чувство и на тој начин ќе бидат заштитени од антигрчката пропаганда што ја вршат славомакедонските организации.

6. Да се измислат и направат различни пречки (непризнавање на дипломите, одложување на воениот рок и сл.) за грчки студенти кои сакаат да студираат во Скопје.

7. Во секое село да се пронајдат највлијателните поединци кои заради својата индивидуалност и популарност привлекуваат голем број соселани и на секој начин (вклучувајќи и подмитување) да се доближиме до нив и да ги искористиме правилно за да бидат предводници во борбата против користење на идиомот (македонскиот јазик) внатре во нивниот круг.

8. Во оваа смисла, мошне позитивна улога може да изврши подмладокот на политичките партии, со проценка и координација на владата, кога ќе се создадат меѓупартиски договори.

9. Да се регрутираат во армиските сили, полициските органи и други јавни служби, лица од регионот на Флорина (Лерин) и задолжително да се испратат на служба во други региони во Грција. Да се охрабри раководството на армијата да има контакти и да склучува бракови со жени од регионот кои зборуваат на идиомот (македонскиот јазик).

Шеф, Димитрис Капеларис

ЉУБЧО – ТЕЗИ И…. ОДГОВОР!

Веќе неколку дена на македонската блогосфера најактуелна тема е колумната на Љубчо Георгиевски со наслов „Внуците на Аминта“ објавена во неделникот „Фокус“ во која полемизира со некои ставови на актуелната Влада на Груевски содржана во нејзината политика за антиквизација на македонската стварност: На блогот на Дијалеkтика и Инсомниа се разви доста сериозна и широка дебата (со преку 500 коментари), но бев цврсто одлучен да не учествувам во расправата. Тоа го најавив во еден од првите коментари на блогот поаѓајки од неколку добри причини:

1. И авторот на колумната Љубчо Георгиевски и ние (и едните кои ги прифаќаат неговите тези и оние другите) пропаднавме во истата замка во која не турна актуелната Влада – да се заглибиме во минатото!

2. Со нашето учество во расправата (со несебична помош и на нашите пријатели од исток) ние фактички придонесовме за натамошна поделба на македонското национално ткиво за што сведочат и нашите жестоки реплики. Ако Владата со својата политика имала намера да предизвика поделба на Македонците тогаш ние станавме активни соучесници во тој процес, свесно или не!

3. Самата колумна е навистина провокативна (како и сите пишувања на Георгиевски впрочем) и за дебата и за размислување. Но во исто време е комплексна и содржи повеќе тези (од историски, политички, лингвистички аспект) и еден заклучок (изграден врз нив), содржи низа нејаснотии и противречности (посебно кај тезите) иако заклучокот сугерира многу јасно кои биле целите на авторот. Тука веднаш да потенцирам дека свесно го апстрахирам „ликот и делото“ на Георгиевски од проста причина што тоа не е тема за разговор туку неговите ставови,.

4. Самата колумна како личен став на Георгиевски (што е апсолутно неспорно) не докрај ги почитува универзалните правила на науката – изнесување на докази, изградба на теза и на крајот соодветен заклучок. Па така имаме еден уникатен и парадоксален случај каде авторот изнесува теза без докази, а бара другите да му ја побијат со докази! Тоа е негов стар стил – на прашање секогаш одговара со контрапрашање! Освен тоа, слободно може да му се приговори дека отсуствуваат конретните принципи и критериуми при елаборацијата на тезите или пак за селективното толкување на одредени настани вклучително и премолчување на некои кои не одат во негов прилог (како во познатата анегдота – дотолку полошо за фактите!).

5. И на крај за историските аспекти – историјата навистина се занимава со минатото кое одамна е мртво, но во исто време токму таа е една од најживите науки. Секој ден се појавуваат нови и нови докази (артефакти, документи) кои сериозно го демантираат или доведуваат под сомневање постоечките „утврдени“ историски факти. Токму затоа во претходните коментари наведов неколку конкретни докази кои ги демантираат изнесените тези, а притоа поаѓав од еден принцип промовиран токму од Љ.Г. на промоцијата на „Златната книга на ВМРО“ по повод стогодишнината од формирањето на историското ВМРО а кое се состои во тоа дека „нема црно бела историја!“ Принцип кој долги години беше основа на мекедонската историографија.
Како и да е, колумната си има своја основна вредност како прв посериозен обид да се разобличи актуелната политика на Владата на Груевски во чија основа се содржани повеќе елементи кои и Љ.Г. ги потенцира.

А сега малку и за конкретните тези кои се изнесени во неа:

1.Основната теза што уште на почетокот ја исфрла Љ.Г. е дека не постои „институционален континуитет“ меѓу античкото минато и денешна Македонија, а во исто време сугерира и пропаѓира директен континуитет на словенското минато до денешни дни со што de facto застанува на истата позиција со Киро  Глигоров со неговата славна изјава која своевремено токму ВМРО ДПМНЕ со него на чело најжестоко ја критикуваше.
Останува нејасно што Љ.Г. подразбира под синтагмата „институционален континуитет“? Кој критериум го применил кога констатира дека постои дисконтинуитет меѓу денешна Македонија и античкото минато? Што е репер за континуитетот – постоење на држава, народ, јазик?
Кој критериум да го земал и што и да мислел – тезата е неодржлива сама по себе! Ако постои дисконтинуитет за нас Македонците со антиката тогаш ист таков дисконтинуитет постои и кај сите балкански народи – и кај Грците, и кај Србите, и кај Бугарите… Сите тие живееле во речиси идентични историски околности и делеле иста судбина (со, за тезата, небитни разлики), окупирани од исти агресори (Римјани, Турци, Австроунгарци и т.н.), напаѓани од исти варварски племиња! Македонците не биле на друга планета или изолирани од соседите та само тие имале дисконтинуитет во историскиот развој!
Со ова теза Љ.Г. всушност несвесно ја побива другата сопствена теза – за континуитот на словенскиот идентитет на Македонците. Ако неговата теза е точна за дисконтинуитетот со антиката и ако ги прифатиме оние криетриуми врз основа на кои ја изградил истата тогаш комотно паѓа и оваа теза за континуитот на словенскиот идентитет! Ако Римската империја била причина за прекинатиот линк меѓу денешните и античките Македонци, тогаш слободно можеме да заклучиме дека Отоманската империја бил причина за прекин на континуитетот меѓу Словните и денешните Македонци!
Тука, останува да виси и прашањето – што станува со непобитниот факт констатиран и од светската наука дека цели пет векови со Ромејското царство (подоцна нарчено Византија) од Јустинијан па до Зое, владеела македонската династија. Љ.Г. го споменува Василиј Први – Македонецот (во друга конотација), но премолчува за овој несоборлив факт!

И на крај во овој дел тезата за тоа дека ние Македонците сме најстар народ на светот со која Љ.Г. сосема во право си игра мајтап. За мајтап и е оти поступидна теза одамна немам сретнато и како таква не заслужува никаков коментар. Освен дека е тажно и жалосно една сериозна Влада да тргне по паметот на еден несериозен фантазер и шарлатан и сето тоа да добие третман на државен интерес!

2. Во склад со прокламираните принципи за третирањето на историските настани погоре, таков третман добива и тезата за доаѓањето на Словените од Задкарпатите и нивното населување на Балканот,  Познато е дека оваа приказна (по мене една од најголемите изториски заблуди) е промовирана дури во 18 век од страна на некој германски научник, а врз база на теоријата на еден руски научник кој пропагирал дека Словените дошле од „Задкарпатите“. И навистина е така, оти научникот живеел во Москва!
Без оглед на тоа, оваа теорија (наведена во сите тие документи што Љ.Г. ги цитира) има сериозни недостатоци и многу сериозни и клучни прашања сеуште чекаат одговор од историјата:
- Кои биле всушност Словените? Од каде се доселиле? Зошто сеуште не е лоцирана нивната претходна постојбина „зад Карпатите“? Зошто сеуште не е лоциран ниту еден археолошки локалитет во нивната прататковина од каде што тргнале на југ? На кое цивилизациско ниво се наоѓале кога доаѓале? Имале ли некаква култура, уметност, познавања на техниката, пари…? Имале ли некаква барем примитивна организација и структура? Имале ли водство (на сите варварски племиња кои го нападнале Балаканот познати се имињата на водачите!) и кој е тој што ги повел на неизвесен пат на југ и од кои причини? И на крај зошто во Музејот на Македонија нема ниту еден материјален доказ (откопан гроб, артефакт, оружје, монети) кои зборуваат во тој прилог, освен некакви мапи (со кои ете се подбива и Љ.Г) скицирани сега врз некакви житија на калуѓери???

Многу прашања, а одговор?
Не тврдам ништо, само прашувам!

3. На крајот би се осврнал на заклучоците кои ги нуди Љ.Г. во својата колумна за погубноста на владината политика за антиквизација на македонската стварност. Тука Љ.Г. има полно право за критика иако има неколку битни елементи кои заслужуваат посебна елаборација. Најпрвин самиот термин „антиквизација“ (случајно или не исфрлен токму од Иванов и Фрчковски во нивната заедничка книга!) по мене не ја одразува суштината на проблемот со кој се соочуваме денес. Ако под тоа се подразбира поврзаноста на Македонија со античкото минато тогаш е сосема во ред, но таквата поврзаност постои и без нас и без Владата на Груевски како што ќе постои и после нив и после нас! Сепак, овде се работи за нешто сосема друго кое јас би го оквалификувал како: груба и вулгарна манипулација и узурпација на историското минато за дневнополитички цели кои немаат врска ниту со некаква стратешка политика, а уште помалку пак со национализмот!
Зарем изградбата на црквата на плоштадот или музејот на восочни фигури имаат врска со тоа? Не! Изградбата на споменик на Александар не е и не може да биде доказ за нашето античко минато, како што и планираната црква нема врска со ширењето на религијата.
Тоа не се споменици за Александар или за МПЦ или за ВМРО! Тоа се споменици за Владата и лидерот што си замислува дека е Карло Велики! Токму за тоа, таа не е националистичка ами антинационална!Тоа најдобро го разбраа токму отодоскните припадници на ВМРО кои болно го доживуваат сето ова,  растргнати помеѓу емоциите и разумот – срцето им вели ДА – Сакам споменик на Великиот Александар!, а разумот хистерично им вика: Не, Не сега! Не со тие куршуми…!
Несреќата е дотолку поголема што токму овој процес е земен како основ за една нова политика чии погубни последици допрва ќе ги почувствуваме иако некои веќе ги знаеме и гледаме и во областа на економијата и во надворешната политика и во единството на нацијата!
На крајот ќе завршам со уште еден мој коментар даден онака во контекст на актуелната меѓународна офанзива околу проблемот со името што беше мотив повеќе за мојата резигнираност и апстиненција во дискусијата:

„Додека ние се расправаме овде за џабе, чувствувам као се калат ножевите за уште еден злочин кон нас Македонците!
Несреќата е во тоа што изгледа и самите го подместуваме вратот!
Два дена сме под лупа и преса на нашите душегрижници.
Затоа апстинирам од расправа…
Ниту Љубчо е во право ниту пак Грујо!
Можеби ќе разберете што сакам да кажам!
- alexandro 15 Мај, 2009 – 01:00 | одговори –

Сега кога од сите страни се чувствува големиот притисок врз нас за името – зарем е битно кој е во право?
Зарем не е доволно што сме Македонци?

Случајно или не стотиот коментар на овој пост на Сончева ја погоди суштината на расправата и најдобро ја долови мојата намера која сакав да ја постигнам. Затоа го поставувам како дел од постот:


  • Alexandro, одличен пост и уште подобра дискусија. Колумната на Љубчо не ми докажа ниту една од тезите што ги навел, ама многу убаво докажува како се манипулира со луѓе и како се прави рејтинг. Факт е дека човекот со само еден текст ја разбранува јавноста и сигурно дека притоа прибра симпатизери. Премиерот прибира симпатизери на сличен начин. Ја одбра слабата точка и… Историското негирање и понижување, сите неправди врз нас…боли тоа. Сакаме да престанат да не газат, сакаме да се избориме, сакаме историска правда, го сакаме тоа што ни припаѓа. Некој тоа остромуно го користи за други цели и не само што го користи, туку безобразно го злоупотребува. Искрено ме повредува што нашата историја и луѓето кои гинеле за ова што го имаме денес, се предмет на манипулации за лични интереси и што во таквите малодушни игри ја губат својата димензија и стануваат тема за мајтап. Во мојот критериум тоа е вулгаризирање и сквернавење на нешто свето. Сакам споменик на Александар не 12 метри, туку до небото, ама сакам да биде подигнат од почит, а не од ниски побуди (лични и партиски интерси). И со тој споменик и без него, јас знам чие име носам и која сум. Се надевам дека Владата ќе ја корегира својата политика и дека спомениците не им се единствено оружје во борбата за името. Добрите потези со кои почна Груевски не смее да се игнорираат, но не смее да се замижи пред она што води во лош правец. Тезите од колумната се добри како повод да се отвори ваква интересна и конструктивна дискусија. Меѓутоа, сами по себе такви како што ги навел авторот, немаат тежина зашто во отсуство на аргументи или со “буткање под тепих” на факти кои не му одговараат, остануваат само празни муабети.Се извинувам што коментарот не се однесува на историските теми за кои разговарате, и без тоа веќе се добро разработени. Продолжувам да ја следам расправата, голем поздрав!
  • (сончева 19 Мај, 2009 – 01:54 | избриши | одговори)
  • РЕСПЕКТ!

    (НЕ)СИГУРНОСТ НА ГРАЃАНИТЕ – (НЕ)СИГУРНОСТ НА ДРЖАВАТА

    Сите ние поминавме долг пат додека
    стигнавме до овде. Поминувавме од
    еден свет во друг, што не се
    разликуваше многу од претходниот,
    заборавајки веднаш од каде сме
    стигнале, не размислувајки каде не
    води, живеејки само за мигот“

    Ричард Бах   – „Галебот…“

    Да, да… Сите ние навистина поминавме долг пат додека стигнавме до овде. Токму така, како во цитираната мисла од прекрасната новела на Бах, поминавме од еден свет во друг, од еден систем во друг, од една сојузна држава (во која ја имавме улогата на строгоконтролиран и со ограничен суверенитет пасивен партиципиент во автономен, државен и политички субјект. Една деценија изградба во Република Македонија  како самостојна, независна и суверена држава и во исто време радикална демократска преобразба на македонското општество, можеби е прекраток период за дефинитивен или категoричен одговор на прашањето: Што направивме?, но, затоа пак, доволно долго време, инспиративен и провокативен повод да се подзастане, објективно и критички се согледа минатото, најпрво како oдговор на претходното, а многу повеќе како одговор (или барем обид) на едно друго прашање што само по себе логично се наметнува:

    Што направивме и што треба да направиме?“!

    Појдовна основа за елаборацијата на проблемот е концепцијата на Уставот на Република Македонија според која, во епицентарот на системот е граѓанинот како база од каде започнува изградба на целата организација на државата. Притоа, граѓанинот има двојна улога: како носител на суверенитетот (член  2 од Уставот на РМ) и како основен субјект на системот чии права и слободи се примарна уставна материја, неприкосновена сфера и фактор кој ја детерминира државната власт. Токму затоа, прашањето за (не)сигурноста на граѓаните многукратно ја надминува рамката на нивната лична сигурност и се промовира како своевидна резултанта на вкупните односи во општеството и реалната позиција на граѓанинот во нив, вистинско огледало на стварноста што не опкружува и конкретен, клучен репер за карактерот и дострелот на демократските процеси во земјата. Граѓанинот се чувствува сигурен толку колку што државата успеала да изгради такви односи во кои во целост се остварува неговата уставна позиција, а институциите на власта се во улога на сервис на граѓаните и во функција на заштита на нивните права и слободи, демократски организирани и непосредно контролирани од самите нив! Напуштањето на овие темелни постулати и воспоставување на односи на супрематија на државниот интерес во однoс на интересот на граѓаните значи опасна деструкција на уставниот поредок и демократските односи во земјата, што во крајна линија неизбежно претставува враќање назад – во прегратките на тоталитаризмот. Не може да се зборува за стабилност на државата, развој и демократија, ако нејзините граѓани се чувствуваат несигурно, со висок степен на загрозеност на нивните права и слободи и подредена позиција во системот.

    Затоа основано се поставува комплексно прашање кое е во директна корелација со мноштво фатори кои во поголема или помала мерка, директно или индиректно го моделираат статусот на граѓаните – во активни субјекти, сигурни во себе и во системот или пак во пасивни објекти, со лимитирани или сериозно загрозени права и слободи и следствено на тоа подложни на манипулации и на државата и на политичките субјекти, неми набљудувачи на настаните, несигурни и „до коска“ исплашени за својата иднина. Надворешно – политичката ориентација на земјата, односите со соседите , настаните на Балканот и пошироко (посебно вооружените кофликти на тлото на поранешна Југославија) со години наназад претставуваа клучен фактор кои директно влијаеја врз стабилноста и безбедноста на Македонија и нејзините граѓани. Негативните ефекти од латентната, а понекогаш и директна опасност (како во случајот со настаните во Косово и интервенцијата на НАТО силите на СРЈ), воглавно беа успешно амортизирани со присуството на воените потенцијали на НАТО пактот на територијата на Република Македонија, но пред се, и со внатрешната кохезија на системот и високата свест на македонските граѓани. Значењето на т.н. надворешни фактори е битно, но не и одлучувачко во споредба со внатрешните кои непосредно го создаваат вистинскиот демкратски и политички амбиент во земјата во кој човекот (граѓанинот) се чувствува безбеден, слободен и активен творечки субјект во системот. Непотценувајки го значењето на ниту еден од нив вниманието ќе го насочиме кон безбедносните аспекти на проблемот од едноставна причина што токму преку нив најлесно се доловуваат основните елементи за односот на државата кон граѓанинот како репер за оценка на статусот на граѓанинот во неа и степенот на заштита на неговите права и слободи.

    Затоа, едно од клучните прашања со кое се соочува секое општество на патот кон негова демократска трансформација, без сомнение претставува и соодветна радикална реформа на системот на безбедноста и негово адекватно инкорпорирање во општеството. Прецизното утврдување на положбата, функцијата, правата и должностите на овој значаен сегмент на државната организација, суштински е во директна корелација со општата стабилност и безбедност на земјата, но и значаен фактор за димензионирање на стандардот на демократските процеси и заштитата на човековите права и слободи.

    Во македонскиот случај, нужноста од соодветна трансформација на безбедносниот систем во основа беше условен и димензиониран од два клучни процеси и тоа:

    1) процесот на осамостојување на Македонија како посебна и самостојна држава  и

    2) процесот на демократска преобразба на општеството од тоталитарен во демократски систем на власт.

    Првиот процес налагаше итно создавање на автономен безбедносен систем, не само како формален атрибут на автономноста и независноста на новиот државен субјект – Република Македонија, туку пред се’, како потреба за изградба на сопствен ефикасен и рационален систем на безбедноста чија примарна обврска ќе биде заштитата на уставниот поредок, независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Македонскиот безбедносен апарат повеќе од пет децении беше составен дел од т.н. „единствен безбедносен и одбранбен систем“ на сојузната држава. Во практика тоа продуцираше односи на полна зависност од политиката на „Центарот“ во формално – организациона и функционална смисла, потчинета положба на послушен и ревносен егзекутор на неговите политички интереси, содржани во програмската ориентација на безбедносниот апарат, подложен на сериозни влијанија и во кадровската политика. Во овој контекст, еден од авторитетните критичари на концептот на организација на сојузната држава, со полно право ќе констатира: „ Долг период после војната на чело на нашата државна безбедност беа луѓе кои не се оттука, луѓе кои веројатно беа контаминирани со големосрпската хегемонистичка политика и немаа слух за некои историски вистини…. Со распадот на СФРЈ престана да постои и главниот објект на заштита на безбедносниот апарат во Македонија кој доби сосема нова задача – заштита на суверенитетот и интегритетот на македонската држава.

    Вториот процес од клучно влијание и значење за карактерот на реформата на безбедноста произлезе од демократските промени во земјата и преминот од еднопартиски во повеќепартиски систем на владеење во општетсвото. Радикалната промена наложи и радикална реформа во системот на безбедноста и редефинирање на неговата функција, улога и програмска ориентација. Ова, пред се’ поради фактот што безбедносниот апарат во Македонија повеќе од пет децении функционираше врз принципите на т.н. „политичка полиција“ јавувајки се во улога на „ударна тупаница“ на единствената партија и најверен чувар на нејзината идеолошка монополска власт. Притоа, неговата улога беше двојна – како репресивен апарат кој жестоко се пресметуваше со идеолошките противници на Партијата (либерали, анархолиберали, националисти, граѓанска десница и т.н.) и како „кадровски селектор“ во проценките за т.н. морално – политичка подобност каде ја имаше одлучувачката улога во негативната селекција на кадрите. Се’ она што не беше на линија на Партијата беше туѓо, непријателско, десно и како такво „неподобно“ за место во системот. Како во „Маршот“ на Мајаковски:

    „Лева, лева, лева
    Кој тоа таму чекори десно?
    Лева, лева, лева…“

    И во двата историски процеси кои се одвиваа паралелно и компатибилно еден со друг, македонскиот безбедносен апарат беше на висина на историскиот миг и преку низа конкретни активности беше активен позитивен субјект во нив што овозможи мирна, брза, ефектна и релативно безболна трансформација на системот. Отвореното спротивставување и навремено осознавање на мрачните планови на разузнавачката служба КОС на ЈНА за воен удар или преврат во Република Македонија со цел да се пречи започнатиот процес на осамостојување, одземањето на воената документација и заштитата на македонските регрути, заштитата на граѓаните и национални вредности се само дел од многуте активности на тој план.
    Summer_Sunflowers.jpg
    Од друга страна, уште во зорите на плурализмот во Македонија (поточно уште пред формирањето на првите партии во Македонија во 1989/90 година) токму од припадници на безбедноста беа иницирани значајни прашања од доменот на работата на дотогашната Служба за државна безбедност кои ја демаскираа и до темел ја разобличија нејзината неприродна позиција на неприкосновен арбитер над граѓаните и над општеството. Во едно од тогашните обраќања на вработните во тогашниот РСВР се вели: „… Службата континуирано и систематски функцијата на заштита на поредокот, личната и имотната сигурност на граѓаните ја замени со прогон на сите оние кои се залагаа за суверена положба на СРМ и кои го актуелизираа прашањето на положбата на македонското национално малцинство во соседните земји, прогон на најистакнатите творци од областа на културата, науката и политичкиот живот, уништувајки ги нивните дела и мисла, континуирана репресија спрема потомци и членови на истакнати личности од историјата на македонскиот народ…“.

    Никогаш порано и за жал никогаш подоцна, македонската безбедност нема да биде толку блиска со граѓаните ставајки се целосно во функција на реализација на неговите легитимни автентични интереси за своја независна и демократска држава. И покрај латентната опасност предизвикана од настанатите судири кои во тоа време се одигруваа на просторите на некогашната заедничка држава, чувството на сигурност на македонските граѓани во тие мигови никогаш не беше доведено во прашање.

    Создадената погодна клима за демократска трансформација на безбедноста беше комплетирана и со општиот консензус на сите политички субјекти околу ова прашање. Првичните чекори на овој план беа охрабрувачки. Уште пред формалното осамостојување на Републиката беа прекинати речиси сите врски со дотогашниот „центар“ во Белград и македонскиот безбедносен апарат профункционира како автономен орган, потчинет на новото легитимно, плуралистичко раководство и интересите на граѓаните. Целосно беше напуштен и категоријалниот систем на непријатели аплициран во работата на Службите за безбедност, а извршените кадровски промени на клучните раководни места иницираа нови професионални односи кои даваа реална надеж за оптимална институционална и функционална поставеност на б
    езбедноста во државата.

    Притоа, за карактерот на реформата јасно се издеференцираа две концепции. Едната, условно речено „радикална“ се залагаше започнатата трансформација да се одвива брзо и длабински со јасно дефинирана функција и програмска ориентација на Службите, со реско раскинување на рецидивите од минатото (вклучително и целосно отварање на дотогаш формираните политички досиеја), востановување на целосна и стварна контрола над нивната работа од страна на Парламентот и широка кадровска обнова со стручни лица неоптоварени со идеолошката тоталитарна свест карактеристична за системот што го напуштивме. Втората концепција, се залагаше за т.н еволутивни промени, промени кои ќе дојдат така… сами од себе и сами по себе, односно во суштина создавање на привид дека нешто се менува.

    Промената на политичките прилики во земјата со падот на т.н експертска и изборот на првата политичка Влада овозможи „еволутивната концепција“ да добие полн легитимитет, а со што за мошне кратко време, во целост беа запрени реформските процеси што предизвикаа далекусежни негативни последици за демократијата и за безбедноста на земјата.


    Во кадровската политика, затскривајки се под наметката за наводна „деполитизација“ на органите на безбедноста, од нив по разни основи беа отстранети сите оние кои во критичните мигови на промоција на идејата за самостојна македонска држава беа на вистинската страна. На нивно место беа донесени партиски кадри од редовите на владејачката коалиција (чие „деполитизирање“ се сведуваше на формално напуштање на партиските функции) или на потомци на поранешните воени и безбедносни структури. На тој начин, на стариот организам кој беше пред умирање му беше инфузирана „свежа крв“ и продолжен векот на траење, наметната нова шарена одора и флоскула во кој успешно се конзервира анахрониот тоталитарен дух на функционирање. И по нив, пак ТИЕ!


    Кадровската „еволутивна“ обнова овозможи повторно активирање на т.н „политичка полиција“. Интересите на владејачката Партија и вештачки исфорсираниот култ на личност на нејзината „најголема инвестиција“ беа воздигнати на ниво на највисок државен интерес, ориентир за
    работа и примарен објект на заштита. Новата одредница „екстремизам“ инкорпорирана во програмската ориентација на Службата, проблематична и дискутабилна од законски, теоретски и методолошки аспект, отвори широк простор за прогон и прикриена или отворена репресија на политичките опоненти. Преполнетите досиеја заведени под оваа „линија на работа“ за челните луѓе од опозицијата и независни инетелектуалци што деновиве масовно се отвораат пред јавноста и нивните носители, отворени закани и конкретни примери на несразмерна примена на сила „со сите средства“ (вклучително и ангажирање на снајперисти при мирни и легитимни протести каков што беше оној по повод фалсификатот на изборите во 1994 година), обидите за конструкции и подмтнување со цел компромитација на видни јавни и политички личности кои не се наклонети кон власта, категорично и недвосмислено ја отсликуваат неприродната, вонзаконска и антидемократска позиција во која се најде безбедносниот апарат. Обелоденетиот документ од едно од плитичките досиеја формирани токму во тој период во кој е содржан и таков „ингениозен предлог“ – „На овој да му подметнеме дрога“, е можеби најилустративен пример за тоа на кое дереџе се спушти службата. Да се предложи такво нешто, забрането и со меѓународни прописи и сето тоа да помине така неказнето, „генијалниот“ автор да биде дури унапредуван, е можно да се случи само во организам кој се одметнал од системот, од својата уставна и законска позиција, се издигнал над опшетството и над граѓаните, промовирајки се себе си во постојана и реална закана за демократските процеси. За среќа, на личноста од предметното досие не успеале да му подметнат, а на други???

    Антиреформскиот курс на тогашната власт од областа на безбедноста за кратко време ќе продуцира цела една серија на сериозни афери („Дувло“, „Сина птица“, Куклиш, Радовиш, Радлишта, Битпазар, Гостивар, Ѓорче Петров, па се’ до атентатот врз Претседателот на Републиката), кои и покрај сериозните дебати во Парламентот (вклучително и три интерпелации за тогашниот министер за внатрешни работи) и одлуките на највисоките судски инстанци ќе
    останат нерешени, без конкретен епилог, без консеквенци за актерите и, што е уште полошо, без соодветни поуки за во иднина. Последната шанса за реафирмирање и продолжување на веќе започнатите реформи беа аферите со недозволеното прислушкување на опозиционата ВМРО ДПМНЕ (афера „Дувло“) и  инволвирањето на тогашната СДБ во формирањето на паравоени формации (афера „Сина птица“). Недоволната подготвеност и свест кај тогашните политички субјекти за нивната тежина и значење, овозможи СДБ да се наметне над парламентарната Комисија за контрола над нејзината работа, да и’ диктира што може, а што не може да контролира, да ја „влече“ контролата во повеќе од 15 продолженија и преку груби фалсификати во документацијата ги прикрие и двете афери, „свечено“ отворајки го патот за оние другите кои набрзо ќе уследат.

    Евидентната полицизација на севкупните односи во државата стана реалност, надополнета и со отвореното инволвирање на полицискиот апарат во изборните процеси во Републиката. Непосредното ангажирање на познати криминалци во параполитичките активности на полицијата за потребите на владејачкиот естаблишмент ја релативизираа и речиси ја збришаа отсекогаш многу јасната и тврда граница меѓу законот и криминалот, меѓу дозволеното и забранетото, доброто и лошото. Полицијата стана заложник на криминалот и на неговите структури, демотивирана, пасивизирана и немоќна да се соочи со се’ посложените и пософистицирани форми на тешки облици на криминал, со што de facto се создадоа услови за широка криминализација на државата.


    Појавата на феноменот на т.н. организиран криминал кој (иако е предмет на широки теоретски дебати, советувања, семинари, па дури и научни трудови), сеуште нема конкретна поткрепа со судски финиширани процеси, многубројните нерасветлени случаи и пројави на тешки облици на криминал, симптоматичното ослободување на познати и осудени криминалци за тешки дела кои сеуште се недостапни за органите на прогонот и правдата, станаа дел од македонската реалност, немилосрдно уништувајки го и последното чувство на сигурност на граѓаните.

    Промената на политичките односи во земјата по парламентарните избори во 1998 година, повторно го актуелизираа проблемот на раформата на безбедноста и ги поттикнаа надежите за позитивни промени во најчувствителниот дел на државната администрација, дотолку повеќе што челните луѓе на новата власт и самите беа жртви на тоталитарниот систем кој, барем формално го оставивме зад нас. Иако, можеби е прерано да се суди за досегашните зафати во овој домен, сепак има доволно елементи за една општа констатација сведена на секвенцата – марширање во место.

    Единствениот позитивен исчекор на овој план е отварањето на политичките досиеја формирани од Службата во претходниот период кое иако поприлично задоцнето и проблематично од аспект на нивната комплетност и валидност, сепак претставува јасна дистинкција од тоталитарното минато. За жал неговото значење е сериозно засенето од новите афери кои повторно го потресуваат безбедносниот апарат, отворените сомневања во неговата законска поставеност и функционирање дури и од врвни политички личности во земјата (јавно изнесените сомневања за нелегална примена на прислушкувањето) и отсуството на програмска визија за негова вистинска трансформација.


    Наместо тоа, сведоци сме на ново реафирмирање на старите надминати методи на работа, формална смена на кадровската номенклатура и парадни споредни активности кои се промовираат во реформски. Претходната јавно жигосана партизација на кадровската политика во органите за безбедност е заменета со нова партизација идентична по суштина и значење, различна само по актерите. Безбедносната подобност како законски услов за вработување е
    просто прегазена пред налетот на партиската подобност сведена на поседување на партиска книшка со постар датум, carte blanche за непречен влез во „системот“, но и како алиби за нестручноста и некомпетентноста на новите кадри. Еден партиски интерес кој беше прогласен за државен е заменет со нов, довчерашните екстремисти станаа функционери, а „државотворците“ – екстремисти, претходните министри апологети на партискиот тоталитарен концепт на организација на безбедноста се советници на новите или пак членови (и тоа многу гласни) на државните комисии за човекови парава и слободи (!), рекетарите станаа полицајци, а професионалните полицајци се промовираат во политичари или нови рекетари, луѓето се поделија на „наши“ и „ваши“… Во еден таков систем на искривени вредности, професионалноста и чесноста станаа грев, хендикеп за статусот, а лојалноста кон власта – виза за успех, покритие за нестручноста и заштитен знак за „подобност“.

    Негативните последици од таквиот след на настаните се нови нерасветлени случаи на тежок криминал, загрозување на личната сигурност, правата и слободите на граѓаните, преку флагрантни упади во нивната приватност, повторно инволвирање на полицијата во изборните и политичките процеси, односно повторно изместување на безбедноста од нејзината уставна позиција. Репресијата се оправдува и прави поднослива со иста таква (или поголема) што била порано, што ја правеле другите, или пак со закана за уште поголема во иднина! Една афера сеуште нерасветлена и нерасчистена веќе е во сенка на новата, уште поголема и посериозна. И така… во недоглед.


    Во еден таков амбиент на пореметени односи сите се чувствуваат несигурни – политичарите и полицајците, опозицијата и луѓето од власта, а најмногу се разбира граѓаните. Општата несигурност за жал полека но сигурно прераснува во сериозна несигурност и на граѓаните и на државата.


    Патот по кој поминавме додека стигнавме до овде навистина беше долг и тежок. Не очекува уште многу трагајки по она по кое мечтае секој човек – полна слобода, демократија, економска благосостојба…

    Пред да продолжиме натаму, редно е сепак да се запрашаме: Мислиме ли на Утре?


    *

    Текстот е напишан во поетокот на Јануари 2000 година а отпечатен во Зборникот „Македонија 1989 -1999“  во 2001 година по повод 10 годишнината од независноста на Република Македонија!

    Пријатно саботно попладне!

    …уживајте во секогаш добриот Leonard Cohen!

    П.С. Додека се вратам! :)

    So long Marienne

    Come over to the window, my little darling,
    Id like to try to read you palm
    I used to think I was some kind of gypsy boy
    Before I let you take me home.

    So long marianne, its time that we began
    To laugh and cry and cry and laugh about it all again

    Well, you know that I love to live with you,
    But you make me forget so very much
    I forget to pray for the angel
    And then the angels forget to pray for us.

    So long marianne, its time that we began
    To laugh and cry and cry and laugh about it all again

    We met when we were almost young
    Deep in the green lilac park
    You held on to me like I was a crucifix
    As we went kneeling through the dark.

    So long marianne, its time that we began
    To laugh and cry and cry and laugh about it all again


    Your letters say that you are beside me now
    Then why do I feel alone?
    Im standing on a ledge and your fine spider web
    Is fastening my ankle to a stone.

    So long marianne, its time that we began
    To laugh and cry and cry and laugh about it all again

    For now I need your hidden love
    Im cold as a new razor blade
    You left when I told you I was curious
    I never said that I was brave.

    So long marianne, its time that we began
    To laugh and cry and cry and laugh about it all again

    O you are really such a pretty one
    I see youve gone and changed your name again
    And just when I climbed this whole mountainside
    To wash my eyelids in the rain.

    Published in: on мај 23, 2009 at 15:36 коментари(16)
    Ознаки: , ,

    ЛИНКОЛН И КЕНЕДИ – КОИНЦИДЕНЦИИ ИЛИ…?

    abraham-lincoln-625.jpg american-flag.jpg John_F_Kennedy.jpg

    Abraham Lincoln (February 12, 1809 – April 15, 1865) e 16 – иот  и  John Fitzgerald Kennedy ((May 29, 1917 – November 22, 1963) e 35 – иот американски претседател бездруго  спаѓаат во најпознатите американски претседатели. Педантните истражувачи на нивниот живот дело регистрирале серија неверојатни совпаѓања/коинциденции кои делуваат неверојатно збунувачки и фасцинатни.

    Еве само некои од нив:

    1. Abraham Lincoln e избран за претеседател во 1860, а Fitzgerald Kennedy еден век подоцна во 1960 година!

    2. Abraham Lincoln е избран во Конгресот во 1846, а John Fitzgerald Kennedy во 1946 година.

    3. Имињата на Lincoln и Kennedy имаат по седум букви.

    4. Двјацата претседатели биле докажани борци за човекови права.

    5. Сопругите на двајцата претседатели изгубиле дете додека живееле во Белата Куќа.

    6. Двајцата претседатели се убиено со куршум во глава.

    7. Двајцата претседатели се убиени во петок.

    8. Секретарката на Lincoln се презивала Kennedy, a секретарката на Kennedy се презивала Lincoln.

    9. Двајцата претеседатели биле јужњаци.

    10. Двајцата претседатели кои ги наследиле исто така биле јужњаци.

    11. Имињата на двајцата нивни насlедници имааат по 7 букви и двајцата се презивале Johnson.

    12. Andrew Johnson, наследникот на Lincoln е роден 1808, а Lindon Johnson, наследникот на Kennedy eроден 1908 година.

    13. John Wilkes Booth, убиецот на Lincoln e роден 1839, а Lee Harvey Oswald, убиецот на Kennedy 1939 година.

    14. Двајцата атентатори се познати по нивните три имиња а збирот на буквите е 15.

    15. Lincoln умре во театарот Kennedy, a Kennedy во автомобилот марка Lincoln.

    16. John Wilkes Booth се обиде да избега од театарот, а беше уапсен во соседната зграда.  Lee Harvey Oswald се обиде да побегне од зграда а е уапсен во театарот.

    17. Booth и Oswald се убиени пред судење.

    А сега најневеројатната коинциденција:

    Недела дена пред атентатот Lincoln бил на одмор во Monroe – Merylend, a недела дена пред атентатот Кennedy бил на одмор со Merylin Monroe!!!

    Дали е ова случајност или пак со нашата судбина сепак управува некој друг?

    Или што би рекол некогашниот легендарен коментатор Младен Делич:
    Људи моји јели ово могуче… Шта је ово… Лудница!

    Published in: on мај 31, 2009 at 18:02 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    ДОЖДОТ ИЗОСТАНА – фото

    Едно летно попладне… Некаде на Преспанското езеро…

    Најава за дожд...

    IMG_1578 alx.JPGIMG_1585.JPGIMG_1587.JPGIMG_1588.JPGIMG_1590.JPGIMG_1591.JPGIMG_1592.JPGIMG_1594.JPGIMG_1595.JPGIMG_1598.JPGIMG_1599.JPGIMG_1603.JPGIMG_1605.JPGIMG_1608.JPG

    Сепак Сонцето пак победува! :)

    Published in: on јуни 2, 2009 at 10:43 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    ПОРТОКАЛОВ КРИМИНАЛ

    Во последната колумна во весникот „Време“ универзитетскиот професор Јове Кекеновски, еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ и долгогодишен функционер на истата, отворено и директно обвинува за криминални активности високи функционери на Владата на премиерот Груевски. Иако во текстот не се споменуваат имиња сепак повеќе од очигледно е на кого се однесуваат изнесените тешки обвинувања.

    Ракавицата е фрлена!

    PROF. DR. JOVE KEKENOVSKI-COL.jpg

    НЕКОИ ФУНКЦИОНЕРИ СТАНАА АПАШИ НАД АПАШИТЕ

    Подолго време пред да го напишам овој текст размислував дали е потребно еден професор да се занимава со вакви работи, особено ако за тоа си има надлежни органи во државата. Но, откако ми стана јасно дека од тоа ќе нема ништо, решив јавно да ги споделам со јавноста моето размислување и моите сознанија, па белки ќе се сетат премиерот, надлежниот министер и Антикорупциска комисија дека, конечно, ќе треба да преземат мерки за ова што го пишувам подолу, а кое мислам дека им е мошне јасно на сите освен на тие што треба да преземат нешто.

    Имено, се работи за се поголемата корупција, која подолго време е присутна и видлива кај функционерите што се сега на власт. Јавно го поставувам прашањето зошто и покрај очигледната кражба досега никој не презема ништо. Сите антикризни мерки што ги презема владата се ништо, без ефект и стопроцентно сум сигурен дека ќе нема потреба од нив доколку ги запира своите функционери во натамношното безмилосно крадење на државата и на граѓаните на Република Македонија. Во своето крадење еден дел од актуелните функционери отидоа предалеку, ги надминаа ненадминливите сдсмовци. Станаа апаши над апашите! Доколку сака сериозно да се зафати со лекување на оваа болест (за да не добие размери на пандемија, ако и веќе не е), премиерот и другите надлежни ќе треба сериозно да речат стоп за криминалот и да се зафатат со сечење во корен на краците на ова октоподиште. Казнените мерки за овие крадци колку и да бидат болни за партијата на власт ќе мораат стоички да се издржат за доброто на сите нас за доброто на Македонија. За почеток е доволно само да проверат какви автомобили возат сегашниве функционери, а какви возеле пред да дојдат на функцијата, колку стана купиле откако се на функцијата, за себе и за своите деца.

    Но, ова не е се, нека проверат какви и колку џипови се купени на име на своите сопруги и љубовници и како за кратко време станале сопственици на фабрики, а притоа се директори на јавни претпријатија, на разни агенции и служби само неколку години. Само нека споредат што имале пред неколку години кога ја преземале функцијата и што имаат сега. Со своето натрупано богатство за само неколку години можат да им позавидат и најголемите светски бизнисмени.

    Навистина не ми е јасно зошто досега не се преземени мерки кон очигледниот криминал на директорот што ја градеше, а денес и управува една од спортските сали во државата. Жално е што и покрај оставката на претседателот на Надзорниот одбор на оваа институција за која пишувам, кој јавно не се согласи да потпише документи и ситуации со десетина пати зголемени цени, надлежните не преземаа ништо. Човекот си даде оставка, која беше прифатена како да не било ништо и притоа експресно е назначен нов претседател на Надзорен одбор, кој без око да му трепне ги потпишува овие ситуации. Новиот претседател на надзорниот одбор брзо се снајде во својата нова улога и влезе во веќе разработената шема. За случувањата и бескрупулозната кражба во оваа институција не беа доволни ниту пишувањата на еден македонски неделник. За информација на читателите ваквите објекти во Република Хрватска чинат најмалку 7-8 пати поевтино отколку што неговата изградба чинеше кај нас. Претпоставувам дека не е преземено ништо досега поради големиот срам што ќе пукне во јавноста, бидејќи директорот на овој објект партијата на власт од политички мртовец го претвори во активен потрчко, но и поради неговото блиско пријателство со директорот на УЈП на РМ.

    Исто така, треба јасно да се проговори и за процентот за исплатени средства (популарно наречен аванта, рекет и сл), кои министрите и нивните пајташи им ги бараат на разните фирми што соработуваат со министерствата. За да им ги исплатат легално заработените средства што подолго време министерствата им ги должат на своите соработници, рекетот достигнува и до фантастични 50 проценти. Проверете колку најголемиот коалициски партнер, односно министерот што го раководи ова министерство што е формирано пред десетина години, му побара и му ги зема на лицето А.М.Љ. Проверете колку му бараат за да му ги пуштат и другите средства што му ги должат. Премногу господа надлежни! Овие ваши функционери усул немаат, па уште и му закануваат на човекот. Ете до каде дојдовме?!

    Купувањето и продавањето на кандидатура за градоначалник, советник, пратеник или друг функционер е јавна тајна, за која изгледа не знаат само тие што треба да преземат нешто. Кандидатите за градоначалници, на овие избори на еден дел од партиите во коалицијата, мораа да платат за тоа што се кандидирани. Цената за едно градоначалничко место во околината на Скопје, за која свој кандидат кандидираше една мала партија на една етничка зааедница во коалицијата на Груевски, достигна до фантастични 20.000 евра, кои несудениот градоначалник мораше да ги даде за, „партијата“ плус човекот и сам си ја финансираше својата кампања. Проверете колку илјади евра претседателот на оваа мала партија им бара на функционерите што ги поставил во институциите што му припаѓаат на неговата партија како божемна помош за партијата. За да не се мачите ќе ви кажам дека сумата е точно 10.000 евра, кои доколку не им ги депонираат во „партијата“ во скоро време ќе побараат негово разрешување. А тоа впрочем и се случи пред неколку дена. Владата експресно по предлог на претседателката на кадровската комисија на Владата на РМ го разреши директорот на оваа новоформирана институција, а по претходно барање на претседателот на малата партија коалициски партнер на ДПМНЕ.

    Дали треба да ги споменувам се позачестените пишувања на новинарите и нивните сериозни сомневања за криминалот во владината служба за општи и заеднички работи при реконструкцијата и опремувањето на претседателска вила Анекс 2, за криминалот на поранешниот привремен градоначалник на општина Карпош, за сомневањата со експресните измени и дополнувања на деталните урбанистички планови посебно за време на мандатот на поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Центар, за недовршеното уривање на најгрдиот објект до градскиот стадион во парк и др. Меѓутоа и покрај тоа што сум сигурен дека ова му е повеќе или помалку му е познато многу одамна на премиерот, навистина не ми е јасно зошто молчи и ги толерира овие бедници од луѓе. Доколку се плаши за својот рејтинг, веднаш ќе му одговорам дека нема потреба бидејќи преземените мерки против овие ништожници само ќе му го зголемат рејтингот кој по сето она што се случува на економски план сериозно може да ја фати надолнината. Ова ми се чини како онаа народната „си патиме од блиските свои“.

    ЉУБОВТА И ВРЕМЕТО

    sailboat sunset.jpg

    Некогаш постоел остров на кое живееја чувствата и човечките вредности: Богатството, Добрата Воља, Тагата, Гордоста, Знаењето и меѓу останатите и Љубовта.

    Еден ден сфатиле дека нивниот остров ќе потоне и ги подготвиле своите бродови за да го напуштат.

    Единствено Љубовта сакала да остане до последен момент.
    Кога островот се нашол пред целосно потопување Љубовта одлучила да побара помош.

    Богатството поминувало о близина и Љубовта го запрашала: „Богатство, можеш ли да ме поведеш со себе?“
    „Не можам, многу злато и сребро има на мојот брод и нема место“ – рече Богатството.

    Љубовта тогаш одлучила да ја праша Гордоста која поминувала со величенствен брод: „Гордост, те проколнувам, можеш ли да не поведеш со себе?“

    „Не можам да ти помогнам Љубов“, одговорила Гордоста. „Овде се’ е така совршено што би можела да ми го уништиш бродот“.

    Тогаш Љубовта ја замолила Тагата која поминувала покрај островот: „Таго те молам поведи ме со себе!“
    „Ох Љубов“, одговорила Тагата. „толку сум таж
    на што не можам“

    Кога Добрата Воља поминувала покрај островот толку била задоволна што не сакала ниту да слушне како ја повикува.

    Тогаш Љубовта слушнала некаков глас: „Дојди Љубов, јас ќе те понесам со мене!“
    Тоа беше старец во мал чамец. Кога стигнале до копното, Љубовта се симнала, а старецот заминал. Љубовта била толку многу среќна што заборавила да го праша старецот за името.

    Љубовта сфатила колку му должи и го прашала Знаењето: „Знаење, ти сигурно знаеш кој ме спаси?“

    „Тоа беше Времето“, одговори  Знаењето.
    „Времето?“; запраша Љубовта. „Па зошто времето би ме спасило?“
    Знаењето одговори: „Затоа што само Времето е способно да процени колку Љубовта е важна во животот…“

    Published in: on јуни 14, 2009 at 22:19 коментари (0)
    Ознаки: ,

    ПОЕТУ…

    Посветено на мене од Литера

    КАИНАВЕЛСКО ПЛЕМЕ

    На Александро

    Со каков нож да се отворам:
    да се видам, па да кинисам…

    Во мене гревовите се пресликани
    на дедо ми и прадедо ми
    - името што не си го знаеле…

    Црни векови размотувале
    зјајдупки да пополнат
    и пак ништо немале…

    Кога оној пред дедо ми
    гревовите на кантар ги измерил,
    планините пропиштеле
    сосе птиците – жалосниците…

    Си ги мерам стаплките
    со трагите на пркосниците
    - колку се мали…

    Од стомина еден да останеше
    големи ќе бевме…

    О, клета реко од солзи и крв,
    ќе има ли благлослов за водите твои
    во векот од светлина што го ковевме…

    А волци сме, си знаеме,
    глад црна за сами себе не стрви…

    Уште колку данок ни остана
    да платиме, да преплатиме
    - долг да не оставиме
    кога од племето каинавелско
    ќе кинисаме…

    ПОСВЕТЕНО НА  ЛИТЕРА

    Поету,
    Земи нож ’рѓосан, нај’рѓосан
    крвјосан
    со триста гревови на него…

    Најпрвин пресечи го сонот
    исткаен
    од љубов и пизма
    од јад и чемер
    надеж и очај

    извезен со крвта на неродените

    пресечи го напола,
    па на четврт
    издроби го на ситни парчиња
    запали го
    изгори го

    реката нека го однесе
    преку 40 камења

    од Недојдија ново племе нека никне

    И на крај ВРБА за двајцата…

    Ој вие угнетени и клети,
    вие потомци на луѓе свети
    станете, да тажите престанете.
    Отфрелете клетва
    на клевета крај и ставете
    што вчера било заминало
    за утрина црква правете.
    Ој вие посветени на дом
    не копајте дамари за капка жедни
    во кал затрупани
    во плетенка сплетени од збор…
    судбина им била
    за век да стојат исушени, бедни.
    Ој вие угнетени, клети
    на данокот ви ваш Сизиф сам мал му е
    та нит вие нит челадта ваша
    со правда ќе ја дотера судбината ни наша.


    IMG_1451.JPG

    (Мотив од Преспа – автор на фотката Александро)

    АLЕXANDRА

    ... за поубаво да ја поминете оваа ноќ додека го чекате новото Сонце и новото утро…

    …поздрав до сите Александри….

    Alexandra Leaving

    Suddenly the night has grown colder.
    The god of love preparing to depart.
    Alexandra hoisted on his shoulder,
    They slip between the sentries of the heart.

    Upheld by the simplicities of pleasure,
    They gain the light, they formlessly entwine;
    And radiant beyond your widest measure
    They fall among the voices and the wine.

    It’s not a trick, your senses all deceiving,
    A fitful dream, the morning will exhaust –
    Say goodbye to Alexandra leaving.
    Then say goodbye to Alexandra lost.

    Even though she sleeps upon your satin;
    Even though she wakes you with a kiss.
    Do not say the moment was imagined;
    Do not stoop to strategies like this.

    As someone long prepared for this to happen,
    Go firmly to the window. Drink it in.
    Exquisite music. Alexandra laughing.
    Your first commitments tangible again.

    And you who had the honor of her evening,
    And by that honor had your own restored –
    Say goodbye to Alexandra leaving;
    Alexandra leaving with her lord.

    Even though she sleeps upon your satin;
    Even though she wakes you with a kiss.
    Do not say the moment was imagined;
    Do not stoop to strategies like this.

    As someone long prepared for the occasion;
    In full command of every plan you wrecked –
    Do not choose a coward’s explanation
    that hides behind the cause and the effect.

    And you who were bewildered by a meaning;
    Whose code was broken, crucifix uncrossed –
    Say goodbye to Alexandra leaving.
    Then say goodbye to Alexandra lost.

    Say goodbye to Alexandra leaving.
    Then say goodbye to Alexandra lost.

    Published in: on јуни 23, 2009 at 23:13 коментари (0)
    Ознаки: , , ,

    ДЕЦАТА….

    Паоло Коељо во неговата книга „Петтата гора“ вели вака:

    ИМА ТРИ РАБОТИ ШТО ВОЗРАСНИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ МОЖАТ ДА ГИ НАУЧАТ ОД ДЕЦАТА: ДА БИДАТ СРЕЌНИ БЕЗ ПРИЧИНА, СЕКОГАШ ДА БИДАТ ЗАФАТЕНИ СО НЕШТО И ДА ЗНААТ ДА ГО БАРААТ – СО СИТЕ СВОИ СИЛИ – ОНА ШТО ГО ПОСАКУВААТ!

    Во прилог на неговата теза ви презентирам две поучни приказни за нив:

    1.Пред повеќе години кога цената на сладоледот била многу пониска отколку денес десетгодишно дете седеше во слаткарница. Келнерката му донела чаша вода.
    „Колку чини порција сладолед?“ запрашало детето.
    „Пеесет центи“ му одговорила келнерката.
    Детето ги изброило металните парички.
    „ А колку чини овој сладолед во чаша?“
    Тогаш во слаткарницата почнале да влегуваат и други гости и келнерката полека почнала да губи трпение.
    „35 центи “ грубо му одговорила.
    Детето уште еднаш ги преброило парите и одвратило: „Донесете ми тогаш сладолед во чашка“
    Келнерката му донела сладолед и сметка. Момчето го изеде сладоледот, ја плати сметката и замина.  Кога келнерката се вратила на масата за да го расчисти почнала да плаче. На работ на чинијата момчето оставило 15 центи напојница. Момчето го избрало слaделедот во чашка за да има доволно за напојница!
    XQfuetVtew7fcZNJzk.jpg

    2.Почетокот на приказната оди далеку во минатото кога некој татко ја казнил својата петгодишна ќерка затоа што изгубила некоја скапоцена работа, а пари во тоа време немало.

    Беше Божик…
    Следното утро девојчето донело мала кутија како поклон и рекла:
    Тато, ова е за тебе!
    На таткото му паднало непријатно, а кога ја отворил кутијата и видел дека во неа нема ништо силно се налутил и ја прекорил ќерката:
    Ако нешто поклонуваш, тогаш во кутијата мора да ставиш нешто!

    Девојчето го погледало тажно и со насолзени очи рекла:
    Тато, па не е празна. До врв ја наполнив со бакнежи само за тебе!
    Таткотo силно се возбудил. Клекнал пред ќерката и ја замолил за прошка. До крајот на животот ја чувал таа кутија покрај креветот и секогаш кога ќе се почувствувал изгубено и очајно ја земал, отварал, земал од неа еден бакнеж и се сеќавал на љубовта која ќерката ја собрала во неа.
    Секој од нас има кутија полна со бакнежи и љубов што ни ја поклонуваат саканите, децата, пријателите… Не постојат поважни работи кои би ги добиле! .

    Секогаш може да се научи многу од чистотата на детската душа!

    Published in: on јули 25, 2009 at 22:58 коментари(41)
    Ознаки: ,

    ЛЕТНА РАЗГЛЕДНИЦА

    Лето е…. една добра песна…

    L’ete Indien

    Tu sais
    
    Je n'ai jamais ete aussi heureux que ce matin laNous marchions sur une plageUn peu comme celle-ciC'etait I'automne
    
    Un automne ou il faisait beauUne saison qui n'existe que dans le Nord de I'AmeriqueLa-bas on I'apelle I'ete IndienMais c'etait tout simplement le notreAvec ta robe longueTu ressemblais a une aquarelle de Marie Laurence . . .Et je me souviens
    
    Je me souviens tres bien de ce que je t'ai dit ce matin lall y a un an
    
    ll y a un sieclell y a une eternite
    
    On ira ou tu voudras quand tu voudrasEt I'on s'aimera encore lorsque I'amour sera mortToute la vieSera pareille a ce matinAux couleurs de I'ete Indien
    
    Aujourd'hui je suis tres loin de ce matin d'automneMais c'est comme si j'y etais.
    
    Je pense a toiOil est-tuQue fais-tuEst-ce que j'existe encore pour toiJe regarde cette vagueQui n'atteindra jamais la duneTu vois comme elle je reviens en arriereComme elle je me couche sur le sable et je me souviensJe me souviens des marees hautesDu soleil et du bonheur qui passait sur la merll y a une eterniteUn sieclell y a un an.
    
    On ira ou tu voudras quand tu voudras . . .
    
    Ba Ba BaBa Ba Ba Ba Ba Ba Ba Ba . . .

    и една добра разгледница…

    IMG_1435.JPG

    Published in: on јули 13, 2009 at 22:47 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    ПРИЈАТЕЛИ….

    ДО НЕКОИ ПОДОБРИ ВРЕМИЊА….

    closed_sign-black.jpg

    …. НАМЕСТО ПОЗДРАВ…


    …A САКАВ САМО ДА БИДАМ РЕАЛЕН И… ГО ПОБАРАВ НЕВОЗМОЖНОТО….

    АLEXANDRO

    Published in: on август 9, 2009 at 05:38 коментари (0)
    Ознаки: ,

    ЕВЕ МЕ … СО ШТАФЕТА!


    Додека на едни: Литера, Ефо, Маат, 1979… им недостигав (Благодарам!),  тие и другите ме одвраќаа од намерата да се повлечам (пак Благодарам!)…

    Сончева ми ја предаде блогерската штафета  ( Благодарам!), и прописно и оправдано ме искритикува за последниот пост! Признавам, најлош е … ама сепак добро е што е така, нели? А замислете да беше најдобар!?

    За мир во куќата (блогерајот)  и за атер на публика еве едно кругче и од мене!

    Ми недостигаат сите оние блогери кои си заминаа или се неактивни подолг период, а ме заинтригирале и заинтересирале со нивните постови или коментари  на било кој начин.

    Посебно овие:

    Антидневник – заради нејзините прекрасни постови.

    Е ман – (блогот не постои) , со кого ја имав првата блогерска војна која заврши со виртуелно пријателство (и покрај политичките разлики кои останаа) и со негово  ненадејно исчезнување. Жалам што не се запознавме лично…

    Шали – (блогот не постои),  мојот омилен пациент од Бугарија од мојата прва македонско – бугарска војна на блогерајот.

    Луциа – заради добрите постови (посебно оние за Јужна Америка) и првото блог пријателство.

    ZY – Единствената која наместо пропаганда и непријателство ширеше позитивна енергија! Најубавото што дојде од Бугарија на македонскиот блогерај!

    Ема – девојчето кое учтиво ме покани на нејзиното блогче да научам дека графитите не биле само обично шкрабање по ѕидовите! Ете и тоа го дознав…

    Мирјана 56 (алијас Најче) – како постојана  опомена како не треба да се однесуваш кон останатите блогери кои имаат поинакво мислење од тебе!

    И на крајот се разбира:

    Андреј или АА  (блогот не постои) – со кого и покрај жестоките политички пресметки го сочувавме основниот човечки однос! Се збогував со него уште при првата негова најава дека ќе замине.  Штета, навистина штета  што го избриша блогот пред се’ заради оние прекрасни неполитички постови!

    Штафетата му ја предавам на:

    Бај Јове – нека ја прошета малку низ духовните предели

    Сердарот – на патриотска основа, знае тој каде…

    Капка нежност – по битолска линија…

    Силвија Копола – малку трчање повеќе инспирација за добра поезија!

    БатаЏанго (пошто Џанго е веќе прозван) – си знае зошто…

    Време е за летање…

    Published in: on август 20, 2009 at 15:51 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    СПИСОКОТ НА СДБ ЗА КОДОШИТЕ НА КОС

    Во утрешниот број на „Дневник“ во текстот под наслов „До секој кодош има трага“ пренесена е и мојата изјава за еден помалку познат настан од времето на осамостојувањето на Република Македонија кога тогашниот безбедносен апарат исцело се стави во функција на македонската независност и самостојност. Се работи за еден документ – список на лица кои и по Референдумот за осамостојување на Македонија продолжија со нивната пројугословенска политика надевајки се на останување во распаднатата федерација како дел од фамозниот план „Опера“ на тогашната воена разузнавачка служба на ЈНА – КОС! Македонските служби за безбедност уште со првите сигнали за распадот на СФРЈ, веднаш ја прекинаа соработката со „Центарот“, а потоа и преминаа во контраофанзива против довчерашните сојузници штитејки ги првенствено македонските национални интереси. Така беше тогаш…

    Списокот преживеа… на жалост на оние кои се на него.

    Изјавата (дел прераскажана) ја пренесувам во целост:

    Соработниците на КОС на список

    Во октомври 1991 година, два месеца пред трагичното загинување на првиот министер за внатрешни работи во плурална Македонија, од одредени структури во МВР била подготвена посебна информација за соработниците на некогашната КОС, кои дејствувале на територијата на Македонија. Со степен на државна тајна таа била подготвена во два примерока – еден бил доставен до тогашниот претседател Киро Глигоров, а другиот до архивата на МВР.


    - Точно е, постои таква информација. Не ми е позната нејзината понатамошна судбина, но верувам дека примерокот за претседателот Глигоров се наоѓа во архивата на оваа институција. Колку што се сеќавам, на списокот имаше околу 96 лица од разни безбедносни, политички и економски структури. Тие тогаш се наоѓаа на раководни функции и беа членови на двете водечки наши партии. Некои од нив и ден-денеска држат политички функции, а некои се и во најблиското опкружување на премиерот Никола Груевски – вели Александар Диневски, кој во времето на подготвувањето на информацијата бил помошник-началник во секторот аналитика на МВР.


    За информацијата дознава и КОС, ја добива во копија и во Белград веднаш се закажува вонредна седница на Генералштабот на ЈНА. Истата информација, според одредени сознанија, денеска ја има и една опозициска партија.

    Повеќе…

    Коментар на текстот во „Дневник“:

    („Секој кодош има трага“)

    Мислите дека овие 20 години досегашните функционери седеле и чекале лустрација? Не, тие самите ги одложуваат ваквите работи за да ги средат документите за себе. Подебелиот крај ќе го изедат ситните функционери и кодоши…

    Алберт

    Published in: on септември 3, 2009 at 22:02 коментари (0)
    Ознаки: , , , ,

    НЕПРИЈАТЕЛОТ НИКОГАШ НЕ СПИЕ!?

    Појавата на Енциклопедијата на МАНУ предизвика вистинска бура од реакции во македонската јавност, но не изостанаа и реакциите од одредени земји засегнати со нејзиното појавување. Некако во сенка на нив помина изјавата на премиерот Никола Груевски кој оцени дека зад ваквите жестоки реакции стојат сили кои не и мислат добро на Македонија и го спречуваат нејзиниот од кон Европа и НАТО.

    Кои се ти сили? Која е нивната вистинска намера? Која е нивната реална сила и моќ да и’ наштетат на Македонија?

    Сите прашања остануваат отворени…

    Еве ја комплетната изјава на Груевски па проценете сами:

    Кога Македонија се доближува до некаков успех, независно дали е тоа позитивен извештај или добивање либерализација за визниот режим, се јавуваат сили кои на некој начин сакаат да ја влошат сликата да го предомислат оној кој треба да го валоризира тоа. Ние правиме се што е во наша моќ, со максимални напори кои, се надевам, ќе ги оцени Европската унија. Наше е да работиме, набележаните забелешки да ги коригираме, но и да создадее подобри услови за живот, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за претстојниот извештај на ЕК и дали во земјава има обиди за опструкции или афери пред неговото објавување.


    Груевски потврдува дека во последно време ни доаѓаат позитивни сигнали што се однесува до претстојниот извештај на Европската комисија. -Тоа е резултат на многу голем труд и многу завршени работи. Тоа го кажуваат и луѓето кои доаѓаат кај нас, вели македонскиот премиер, но додава дека во земјава имало и ќе има сили кои се обидуваат тоа да го растурат.


    Според него, можно е да следуваат обиди за нарушување на атмосферата, со цел да се добие погрешна слика за Македонија, бидејќи смета дека успехот на Македонија не им носи радост на одредени сили. Сепак, додава Груевски, убеден сум дека она што го работиме ќе заврши со успех.


    Премиерот смета дека и реакциите во врска со Македонската енциклопедија што ја објави МАНУ се дел од таквата атмосфера.


    - Генерално во вакви периоди, искуствата покажуваат, а и се чувствува веќе дека се јавуваат некои сили, за кои не би одел во детали, кои се обидуваат да ја нарушат атмосферата, да создадат нервоза и кавга, спротивставени страни што ќе направат лоша слика за Република Македонија. Наше е тоа да го превенираме колку што можеме и ако се случува, да го разобличиме и да продолжиме, со реформите каде е и суштината, рече македонскиот премиер одговарајќи на прашањето дали реакциите во врска со Македонската енциклопедија може да влијаат на извештајот од ЕК.


    Изјавата на поранешниот премиер на Албанија Пандели Мајко дека поради напишаното во енциклопедијата, Албанците треба да го запалат македонското знаме среде Скопје, Груевски ја оцени како негов обид како опозициски политичар да се избори за подобра позиција во својата земја. – Во секој случај, таквите коментари не водат кон добрососедски односи, рече премиерот Никола Груевски.

    Извор: МИА

    Published in: on октомври 3, 2009 at 21:24 коментари (0)
    Ознаки: ,

    Одговорот до Митко Јованов

    Ете и тоа се случува…непланиран пост!

    Извесниот Митко Јованов на неговиот блог си поставил пост за најосетливата тема што ја окупира македонската јавност – името! Откако му беше укажано на погубноста на неговите предлози за решавање на спорот, во недостиг на аргументи и демократски капацитет, овој политиколог со магистерска титула (?!), прибегна кон најнепопуларната метода – бришење на коментар кој не одговара на неговите ставови! Згора на тоа нема ни одговор зошто го направи тоа!

    Не е ниту прв ниту последен со такви манири и наверојатно неговиот потег не би предизвикал посериозен третман доколку не се работи за исклучително сензитивно прашање (преговорите за името на земјата)  и доколку дотичниот не манипулира со тези извлечени од ракав кои се однесуваат на моите претходни коментари. Затоа и заради внимателните читатели должен сум мојот избришан коментар да го обелоденам на ваков начин:

    Митко, Митко…

    За твоја жал одговорот на мојот коментар само ја заокружи конфузијата со која настапуваш и уште еднаш ја потврди мојата оценка дека тезите кои ги застапуваш се наивни и дилетантски! Единственото нешто кое донекаде држи вода ти е она што си го ставил во post scriptum! Останатото ти е вистинска папазјанија пред која паѓаат во вода сите твои добри намери и желби!

    А еве зошто:

    Наjпрвин, не одговори на ниедна од моите тези изнесени во коментарот погоре. Бараш аргументи, а ме обвинуваш без нив дека сум прифатил пораз и капитулација од Грција! Многу ме интересира од кои тоа аргументи го извлече ова? Да не е случајно од твоите две солуции што ги нудиш погоре? Ај прочитај ги уште еднаш и размисли добро која е пораката што ја праќаш!

    Според првата твоја длабокомислечка солуција (цитирам):
    Македонија да прифати измена на своето уставно име, преку одредено модифицирање на уставното име преку некоја додавка или наствака… “, а „втората“ е „да се преговара без да има некакви резултати, што негативно ќе се одрази по нашето евроатланско интегрирање и економаки развој, и ќе ја загрозува стабилноста на Балканот.“
    Има ли логика во овие две „солуции“? Колку што јас гледам овде постои само една – првата: промена на уставното име додека во втората укажуваш што ќе се случи доколку не се прифати првата!
    Како во вицот со шефот и потчинетиот: Имаш обврска да почитуваш две правила- првото, Шефот е секогаш во право! и второто, А ако не е – тогаш Види правило број 1!

    Во мојот коментар погоре не случајно ти потенцирав дека се согласувам со коментарот на Еффо во кој многу јасно е кажано што треба да се направи: безусловен прекин на преговорите веднаш и без никакви дилеми! Затоа не брзај со заклучоци особено ако за нив немаш ниеден релевантен факт!

    За разлика од тебе и слични како тебе (Алек Карека на пример) кои лицитирате со придобивките кои Македонија би ги добила од НАТО, ЕУ или Грција јас воопшто не сакам ниту да размислувам за нив! Не постои нешто на светот толку вредно и значајно што би можело да биде компензација за мојот македонски национален идентитет!
    Е сега сам процени кој е за капитулиција, а кој не!

    Натаму, со твојот коментар влегуваш во контрадикторност со сопствените тези изнесени во постот! Добро е што ретерираш во ставовите – проблемот од тврдо „историски“ (теза во постот) преминува во „политички со историска димензија“ (теза во коментарот!), но не е добро што и натаму остануваш не предлогот за „експертски тим“ преку кој ние ќе го решиме проблемот со Грција!
    Пак ќе ти повторам со полна одговорност: наивно и дилетантски!
    најпрвин, која е всушност нашата вистина што ние ќе ја застапуваме пред експертите? Онаа на Киро Глигоров кон која и ти се приклонуваш (сеуште чекам одговор на коментарот на претходниот твој пост) или пак онаа што ја застапуваат најголемиот дел од македонската нација дека нашата славна историја е многу многу постара од доаѓањето на Словените или Татарите на Балканот!?

    Не сметаш ли дека со прифаќање на твојот „ингениозен“ предлог самите ние не се насанкуваме на тенок лед ако ја земеме предвид моќта на Грција, интересите на големите и корумпираноста на западните политичари?! Приказната за победата на Давид над Голијат е сепак митолошка, стварноста е многу поинаква и посурова. Нашата македонска историја многупати не уверила во тоа!

    На крајот целата конфузија ја заокружуваш со Анексот што го предлагаш во кој заговараш прашања кои веќе се опфатени со Привремената спогодба, но и тези кои одат директно во полза на Грција! Како оние за повлекување на одлуките за преименување на некои објекти во земјата, изградбата на споменици или пак (што е посебно симптоматично) тезата за македонски национализам во Грција! Од кога тоа и според кои критериуми борбата за елементарни човекови права на Македонците во Грција е националистичка активност???

    Е Митко, Митко…

    Не се сомневам во твоите добри намери за Македонија, но патот што го предлагаш сепак е погубен! Наскоро ќе имаш прилика подетално да прочиташ кај мене зошто!

    Поздрав до тебе!

    П.С. Обрати малку повеќе внимание на правописот.

    П.П.С. Повели Митко, кажи што имаш… на мојот блог живее демократија!

    Published in: on септември 14, 2009 at 13:44 коментари(97)
    Ознаки: , , ,

    „ОСУММИНАТА“ – 2О ГОДИНИ ПОТОА…

    .

    Точно на денешен ден во далечната 1989 година тогашниот републички секретар Јован Трпеновски донесе решенија за суспендирање на осуммина припадници на МВР, сите до еден носители на значајни работни и политички функции во рамките на органот. На удар на репресивната политика на последната комунистичка Влада во Република Македонија се најдоа: Павле Трајанов, Слободан Богоески, Александар Диневски, Гроздан Цветковски, Беџет Беџети, Јован Чамински, Станое Богев и Миле Илиевски.

    Овој чин што тогашниот член на Претседателството на СФРЈ Васил Тупурковски го оквалификува како „брутална политичка репресија“ го означи почетокот на една нов феномен во македонската политичка реалност означен како македонска политичка пролет! Феноменот на „Осуммината“ ќе остане трајно врежан во колективното сеќавање на македонскиот народ како почеток на рушење на стариот систем чиј крај веќе  се наѕираше. Звучи парадоксално но вистинито – додека во останатите републики демократските процеси ги туркаа интелектуалци, независни новинари и политички дисиденти, во Македонија ударот дојде од таму од каде најмалку се очекуваше – од припадници на тајната полиција која отсекогаш важеше за ударна тупаница на единствената комунистичка партија! Можеби затоа дотогашниот репресивен систем чија моќ почиваше на безмилосната пропаганда и уште побезмилосната репресија се најде на колена! Колку само бедно и јадно делуваа тогашните врхушки и на Партијата и на Владата очајно обидувајки се да го сочуваат системот и ковајки заговори и тајни планови за конечна пресметка со непослушните свои „чувари“ вклучувајки ја можноста за нивна физичка ликвидација.

    Само неколку месеци пред тоа, во април истата година на удар на совесните и охрабрени припадници на тогашниот РСВР се најде целокупната државна и партиска врхушка на чело со неприкосновениот Владетел во сенка Лазар Колишевски. Пред налетот на жестоките и отворени критики во рамките на РСВР падна целокупната раководна структура на чело со тогашниот министер за внатрешни работи Александар Андоновски и уште дваесеттина именувани и избрани функционери на РСВР.

    Вработените во МВР за прв пат јавно проговорија за тогаш актуелниот Вевчански случај, за монтираните политички процеси, за политичката репресија над македонските интелегенција, за поданичката улога на Македонија во однос на „Центарот“, за темните петна од македонската историја (случаите на Скопскиот партизански одред, убиствата на Кочо Рацин, Кузман Јосифовски – Питу, Панде Чесноска, Лена Стојчевска, стрелањето на 54 те велешани, ликвидацијата на скопското Кале…), за досиејата на политичките неистомисленици и пред се’ за улогата на Колишевски во сите тие процеси. „Мечката од пештера“ (нашата тајна шифра за Лазо) конечно беше извлечена на чистина!

    Во едно од тогашните наши јавни обраќања се вели:

    „Службата континуирано и систематски функцијата на заштита на поредокот, личната и имотната сигурност на граѓаните ја замени со прогон на сите оние кои се залагаа за суверена положба на СРМ и кои го актуелизираа прашањето на положбата на македонското национално малцинство во соседните земји, прогон на најистакнатите творци од областа на културата, науката и политичкиот живот, уништувајки ги нивните дела и мисла, континуирана репресија спрема потомци и членови на истакнати личности од историјата на македонскиот народ…“.

    На 07 Септември истата година авторот на овие редови како партиски секретар на тогашната IV – та партиска организација ја покрена првата (и единствена!) легална иницијатива за одговорност на Владата на Глигорие Гоговски која за само два дена ја поддржаа останатите 13 (од вкупно 14 партиски организации во МВР.  Иницијативата добива свој легитимитет и нејзиното финале ќе заврши дури во април следната година после десетици и десетици состаноци на сите можни комисии во Собранието на кои авторот на овие редови водеше нерамноправна битка сам против најмалку петмина министри на тогашната Влада и уште толку претставници на ЦК на СКМ! Финалето уследи дури во април следната година со плач на премиерот и емоционална реакција на тогашните пратеници. Но политичкиот пораз веќе беше неизбежен… Политичкиот плурализам на голема врата влезе во Македонија отварајки ги и процесите за осамостојување на земјата!

    Во тој меѓупериод од неколку месеци  (од денот на суспензијата до победата) „Осуммината“ преживееја вистинска човечка и политичка драма, постојано следени, прислушкувани и на удар на своите довчерашни колеги од тајната полиција со сериозни закани за нашиот личен интегритет. Сепак тајната поддршка од  многубројните прирзеници во МВР и јавната поддршка од македонската јавност и медиумите  (Млад Борец, Нова Македонија,  Борба, 21, Осмица…) овозможија блескава победа на правдата и тоа – човечка, политичка и правна! Победивме секаде и после 23 месеци ја почувствував неповторливата вобуда повторно да ги сретнам оние кои за цело време веруваа во мене и безрезервно ме поддржуваа во таа нерамноправна битка со еден тоталитарен систем!

    Не ги разочарав… Ниту тие мене!

    Натамошната историја е позната. „Осуммината“  заземајки високи раководни позиции во МВР во нововоспоставениот плуралистички амбиент во земјата активно се вклучија во процесот на осамостојување на земјата. Но тоа е веќе друга приказна…

    Денес 20 години подоцна освен неизбежните емоции на тие неповторливи и возбудливи моменти го чувствувам и задоволството што голем дел од нашите тогашни заложби со сите недостатоци и слабости, сепак се дел од македонската стварност!

    И се гордеам со тоа што бев…

    Еден од Осуммината

    Александар Диневски

    (мојот препознатлив потпис од тие времиња)

    П.С. За оваа тема свои постови објавија Развигор и Перо Наков б.б

    Посебна благодарност до Андре од Вевчани за доставените документи од тој период!

    Дополнување:

    По барање на Нено Богдан специјално за оваа прилика објавувам една ексклузивна фотографија токму од тој период. На неа се гледаат јуришниците од ловечките бригади во еден од нивните редовни пирови во ловиштето „Јасен“ на чело со Лазар Колишевски, а тука се и Славко Јаневски, Љубомир Варошлија, Александар Андоновски и поголема група полицајци во улога на гоничи… Пред нив застрелани 8 диви свињи… Секоја случајност со случајот „Осуммината“ е … намерна!!!

    Јуришниците од ловечките бригади во акција!

    ФРЧКО Е ЦАР! АМА ПЛАЧЕ…

    „Пискотници се слушаат од Галичник во Река…“

    Кој за што… Фрчко за лустрацијата!

    Во својата минатонеделна колумна во „Дневник“ под наслов „Лустрација – да, шверц на омраза – не“,  Љ.Д. Фрчковски повторно се навраќа на темата лустрација. Разбирливо е тоа… Криво лево раката на правдата ќе допре и до него. Неговиот богат „опус“ како министер за внатрешни работи од 1992 година до 1997 година е импозантен и како таков не може да остане незабележан или пак заборавен.

    Што е тоа што го мачи Фрлета, еден од најзабележителните транзициони херои на жална Македонија?

    Го мачи важењето на споменатиот Закон!

    Имено според член 2 од овој Закон со него се опфатени лицата кои во периодот од донесувањето на Декларацијата на АСНОМ на 2 Август 1944 година до денот на влегувањето во сила, а според член 42 Законот влегува во сила осмиот ден по неговото објавување во Службен весник на РМ.  Значи важењето на Законот се протега од 2 Август 1944 па се’ до 05 Февруари 2008 година!


    Така, највисокиот законодавен и претставнички дом на граѓаните – Собранието на РМ експлицитно и имплицитно  призна (намерно или не) дека:

    1.демократијата ја заобиколила оваа земја и по воведувањето на повеќепартискиот систем ;

    2. Тајната полиција си продолжила со работа со истите средства и методи на работа како во минатото и

    3. Сите министри за внатрешни работи од плуралистичкиот период – од Јордан Мијалков па се’ до Гордана Јанкуловска се потенцијални „пациенти“ на споменатиот Закон!

    Е тоа е она што го мачи нашиот јунак!

    Неговото имагинативно толкување на Резолуцијатана Советот на Европа за процесите на лустрација во посткомунистичките земји дека истата треба(ло) да се однесува само до периодот на падот на тоталитарните режими (освен за Србија заради режимот на Милошевиќ) и заплашувањата за „лошото“ друштво во кое ќе се нашла Македонија (Србија, Белорусија) нема да му помогнат. Нема да му помогне ниту Доста Димовска, неговиот „Тројански коњ“ во ВМРО ДПМНЕ која како министер на полицијата безуспешно се обиде целокупната вина за формирањето на политичките досиеја во транзициониот период да ги насочи кон Чокревски кој ќе остане запаметен само по „сензационалното“  откритие за вонбрачните врски меѓу новинарите и полицијата!

    Не! Фрле си има долга „километража“, исклучително богат „опус“ на нелегални активности како министер и се разбира отсуство на било какво чувство на одговорност! Три интерпелации и една кривична пријава останаа без ефект! Можеби токму сега е време за средување на сметките?!

    Сепак: Фрчко е навистина цар!
    Ама плаче…

    Published in: on октомври 22, 2009 at 15:32 коментари (0)
    Ознаки: ,

    ЗА АА И ВМОРОИД – ПРОТЕСТИРАМ!!!

    Вечерва двајца блогери  – АА нл и ВМОРОИД се повлекоа од блогирање поради отворените закани упатени кон нив но и кон останатите блогери од страна на друг блогер кој отворено се промовира како партиски портпарол на блогерајот.

    Моите ставови  за овој чин ги искажав на постот на Вмороид (избришан) и на постот на Дијалектика.

    Наместо порака до нив но и до останатите Ви ја презентирам оваа поучна приказна:

    Кон крајот на 19 век во едно градче во Царска Русија живеше едно младо еврејско момче. Во тоа време еврејските заедници биле прогонувани од царските козаци кои секој ден доаѓале во градот за време на пазарот и со своите силни коњи им ја растурале стоката и имотот на Евреите. Потоа на насобраните луѓе на градскиот плоштад им го читале последниот царски указ за ограничување на слободата на Евреите и заминувале.

    Детето многу го сакало неговиот дедо кој воедно бил и месен Рабин.Сите  Евреи во тој град се сложувале дека нивниот Рабин е мудар како Абрахам или Мојсие. Секој ден детето со дедо му оделе од нивниот скромен дом до центарот на гратчето. Козаците ќе дојавале како фурија и нивниот заповедник ќе го прочитал најновиот указ: „Од денес Евреите можат да купат само пет компири одеднаш“, или „Царот нареди сите Евреи веднаш да ги продадат своите најдобри крави на државата“.

    Притоа секогаш се случувала сцена: стариот рабин со останатите ќе го сослушал указот и тогаш ќе го подигнел својот стап и мавтајки со него во правец на Козаците извикувал: „Протестирам! Протестирам!“. Тогаш еден од Козаците влетувал во масата го удирал рабинот со камшикот викајки: „Замолчи стара будало!“ и ќе одјавал. Рабинот завршувал во прашината,  останатите ќе го подигнеле и ќе ја истреселе прашината од неговата наметка, а со помош на внучето се враќал дома.

    Ден за ден, месец за месец, детето ја гледало таа ужасна сцена која се повторувла. Конечно повеќе не можел да издржи и еднаш кога повторно го видел својот претепан дедо на градскиот плоштад собрал храброст и го запрашал: „Сакан раби“ му рекол со треперлив глас. „Зошто секој ден зборуваш против Царот кога знаеш дека војниците пак ќе те тепаат? Зошто не молчиш?“

    Рабинот се насмевнал и му одговорил: „Ако не би зборувал против тоа што е погрешно, тогаш би постанал еден од нив…!“

    ПРОТЕСТИРАМ!!!

    Published in: on октомври 31, 2009 at 03:03 коментари (0)
    Ознаки: ,

    ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА!

    Непријателите на Македонското Национално Револуционерно дело, испратиле човек да ме убие. Го поткупиле со десет лири и го испратиле да ме убие. Јас честопати наминувам по Џумaјскине, по Петричкине, по Кукушкине, по Велешкине, по Битолскине пазари и гледам како се движат цените. Еден вол чини 100 лири, а ваму овега го поткупиле со 10 лири за да ме убие! Ги гледам цените и неможам да се изначудам – “Како е возможно, еден Македонец да биде 10 пати поефтин од еден вол?”
    Тешко ми е Татковино… Историјата продолжува, самоуништувањето трае, синдромот се повторува, а обединувањето твое бега далеку од нас.

    Долу по полено по врбацине, во срцево, уште е така. И ден и ноќ и нож в плеќи забиен. Не ме уплашија векови со нож во туѓа рака, ме плаши час со нож од рака својa в плеќи.

    Тешко ми е Татковино… кога не сум во тебе, кога те напуштам како да го напуштам Бога. Како да ми бега од над глава десната рака на Ангелот, како уште да траат сите твои востанија…  како никогаш да не може да секне крвта на Апостолите, на измачените, крвта на царевите, на Великите, крвта на просветителите, на најумните, крвта на војводите на најмилите, крвта на комитите на најхрабрите, крвта на паднатите на неправедно жигосаните, крвта на неродените, на утре ликвидираните…

    Тешко ми е Татковино… тешко многу ми е…
    Ми се скамени летот во ‘рбетот, оти ти ми беше и крило и небо. Секоја ноќ те сонувам, на Белата Кула во Солун, загледана во Белото море, како ги чекаш своите големи синови Филип и Александар, да те избават од овој голем срам, во кој те втурнаа предавниците. Секоја ноќ те сонувам и си велам: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна Империјо, распослана на половина Планета, ОД ПЕЛА ПА СЕ ДО ПЕРСИЈА, ДО ИНДИЈА… Денеска падната на колена, да ги молиш оние КОИ ГИ ОПИСМЕНИ, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Alfa и Omega… па Аз, Буки, Веди, па А и Б… Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби…
    …Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни…
    Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е…
    Секоја ноќ те сонувам, на Белата Кула во Солун, загледана во Белото море, како ги кинеш сите бели знамиња тие симболи на предавството… и од коските на твоите големи цареви градиш голема гемија за големите походи на твоите идни поколенија.
    Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е…
    Секоја ноќ те сонувам, а кога се будам… зад мене почнува смртта, пред мене ништо друго. Исус Христос ме сонува на своето распетие, пелин, бозје, змиско грозје…Зад мене една распарчена Македонија, пред мене подвижен гроб. Се постила векот пред мојот од, како батанија од тешка скрама, со сета крв на едно Илинденско востание. Не дебнат Балканските делегати во Париз, Копенхаген, Стразбург и Женева, со куршуми веќе забодени во моето срце…
    Во Софија мрачен танц на мачки душождери ме чека, во Атина и старата и новата Демократија заедно смртобудно ме галат. Белград повампирени воздишки за Вардарска Бановина ми праќа… А јас веќе знам, нема од што да се плашам. Нека лае Европа во песји хорови, никој ништо нема да ми земе, оти ништо ќе немам. Сам ќе бидам со ветрот на ова тромеѓие, на ова Македонско распетие. Јас, што сакам да изменам се’, народ, граници и чемер… Јас, што сакам син на цела татковина да бидам и не само Вардар, туку и Вардар и Егеј и Пирин, ОБЕДИНЕТИ ДА ГИ ВИДАМ!
    …Сега ти оди разболен духу мој, бунтувај се, оди на Париската мировна конференција, оди во Европскиот Парламент, оди во Обединетите Нации и речи им вака – “Дами и господа… Утре ќе биде нов век. Ќе ви се ругаат за двете илјади години лажни проповеди и лажни законици, за лажната слобода што ни ја фрлате како мртва коска, од која ние Македонците треба да ја цицаме иднината. Ви зборувам во името на неродените. Утре ќе биде нов век, и вашата самоповикана власт ќе се претвори во буниште од распаднато време. Утре ќе биде нов век.! Ќе се соберат сите сведоци од непризнатите народи. Незнам…кој против кого ќе постои, но едно со сигурност знам, дека и понатаму ќе ги черечите патриотите од мојот побунет сој. И додека ве гледам, како мирно и лесно, без капка грижа на совеста, го одрекувате постоењето на мојот народ, во мене се буди приказната, што покрај една река во Македонија ми ја раскажуваше мојот дедо: „Чедо мое, треба да си каснеш од сенката што трча покрај тебе во реката, ако сакаш да видиш кој си, од каде си и колку пари чиниш. Да се фрлиш во реката, да си каснеш од сенката и да ја победиш тиранијата…“ велеше мојот дедо, Бог да го прости.
    Сега сум на Париската мировна конференција, во Европскиот Парламент, во Обединетите Нации, сеедно. Па сепак… Дами и господа, каде се наоѓам јас? Каде сум и кој ме доведе во ова грозничаво место, во кое една слепа испоганета и збеснeта сурија расправа за иднината, за Европското единство, за човековите права и слободи и за Македонското прашање. За кое единство Европско? За кои човечки права и за кое Македонско прашање ќе ми зборувате вие мене и на мојот народ? И со какво право очекувате да ви веруваме? Кога во вашите крволочни и алчни глави нема ништо друго освен испружените канџи кон Македонија и омразата со која живеете, прогонувате, погубувате и распарчувате!
    За вас Македонија е вечно оптегнато јаже врз кое вие со векови ги обесувате да се сушат телата на македонските еретици, патриоти што се смели и повикани да не мислат како вас. Вие ли ќе делите рецепти за иднината, кога за вас тие што не владеат, не постојат. Да приграбувате туѓи територии, да распарчувате древни држави, да прекрстувате луѓе, села, градови и цели народи, да не ги пуштате да си ги видат своите домови и гробови…Ете тоа е вашиот морал, тоа е вашата етика, со која лаете, лажете и живеете!
    И што ќе правите да ве прашам, еден ден, ако го запалиме Балканот? Ако ја изгориме Европа ? Или наместо тоа, ако го вразуми Господ нашиот народ, ако си ги подадеме рацете и така фатени за рака сите ние, ние македонските сонувачи, македонските поети, македонските адвокати, македонските артисти, македонските професори, македонските иселеници, македонските свештеници, македонските работници, македонските попови, македонските доктори и целокупниот македонски народ, кој со векови се брани од вашата лажна демократија, со која проповедате лажно Европско единство.
    …Од сега, ќе бидеме сами… разболен духу мој. Ќе бидеме глуво време, пресен вол и ветво месо. И кој од нас попрв ќе го снема, нека лае по вечноста што е нема, нема…нема. Но имаме земја, Татковина што не чека, нека чека… нека. Имаме театар, плоштади и Европи, неправедни граници со бодликави жици, бетонски столбови и полициски кучиња, преку кои побуната наша допрва ќе треба да се скита. Ако ита крвозборот, ќе итаме и ние. Јас ќе лаам, ти ќе пееш за обединувањето на Македонија. Не…не…не, неможам, не ќе можам да те следам понатаму, овдека ќе треба да се разделиме, но не за навек, Господ да чува, за малку само. Душа дур да зберам и децата дури да си ги најдам. Јас неможам без нив театар да правам, претстава за обединувањето на Татковината наша.

    Лекот е во нас, самите.
    Ајде Исидор! Ајде војводо! Собери ја силата! Стани собери ја! Исправи се и истури се’ што се збрало во твојата изгорена македонска душа.

    НЕКА ЛАЕ МАЛКУ ИСТОРИЈАТА, нека рика како недозаклана крава!!!
    Тогаш… и Господ ќе пророни врела солза, во котелот на нашата болка. …Ах, се е тоа сон…илузија, сон, во државава наша. Уште на почетокот беше гробот. Сега ти оди, разболен духу мој, бунтувај се и врати се пак, јас овдека ќе те чекам. Ќе ја сонуваме Македонија во Букурешт, нацртана на една голема  искршена стомна.

    Ќе ги бараме нашите деца, ќе ги преораме гробиштата на идеалите, копнежот на нашите мртви Гемиџии… ќе ги составуваме парчињата на нашата земја…Потоа ќе правиме вистинска претстава. Ќе ги играме Солунските атентати.

    Изнемоштен сум веќе. Ги оставив годините по црквите, по војните, по островите, по театрите, по сцените, по улиците, по плоштадите… по нужниците на Европа… секаде сам, без нив, без моите најблиски, без моите најмили. Се сеќаваш како не апсеа, како не тепаа? Бубрезите и џигерите како ни ги одлепија. Секаде сам, без нив. Како им беше името? Кои беа тие? Кој сум јас? СИ ГО ЗАБОРАВИВ ИМЕТО??? ИМЕТО СИ ГО ЗАБОРАВИВ… Кој сум јас?


    ЈАС… Филип II, Крал на Македонија !

    Денеска на 24- ти Цутник, 7551 година, во гробот во Кутлеш се прeвртувам. И заради срамот со името нагрдено на државата, ги проколнувам предавниците од родот мој, со клетва голема и еднаква на срамот…
    ИЗРОДИ ЕДНИ !!!
    Проклетство нека ве прати за целиот живот. Сите небесни молњи врз главите ваши празни нека се струполат ! До што постои зло на веков и на светов, во вас да се вклешти. Красти и улери струпести, душите продадени да ви ги вадат… крокодили острозаби утробата да ви ја раскинат… орли крстатни на карпа вжештена труповите да ви ги черечат. Боговите севишни да паднат на колена од гробот ги молам.Сета к’лнатија небесна и земна… и на овој и на тој век таму врз вас да ја истурат изроди едни ! Што ја втурнавте Македонија во пропаст да понира, со пристанот ваш, името свето да и’ го поганат…што се главивте туѓи вазали да бидете… и ја оставивте државата на милост и немилост  – БЕЗ КРУНА, БЕЗ ПРЕСТОЛ И БЕЗ КРАЛ!

    …Не…не..не..Ти си Исидор Солунски. Жената ти се викаше Малина. Децата … Коле, Таше и Евдокија. Сите вие сте од Баница, Леринска. Се сетив…се сетив…се сетив. Таа е умрена, умре млада… и’ се запали косата, и’ пукна срцето од жал, додека и’ ги корнеа од утроба грчките војници децата…трите деца, Коле, Таше и Евдокија. Кога слушна оти ќе ни ги водат децата далеку, падна во дворот и не се разбуди, не стана повеќе. Се викаше Малина. Беше прекрасна жена… се викаше Малина, родена Илинова.

    Се сетив… Коле имаше сини очиња, високо чело, косата како коштрена. Почнуваше да зборува.  Таше само гугаше. Евдокија имаше само една година. Лицето и’ го изумив, не и го паметам лицето. Моите деца се во три земји, Романија, Полска и Русија. Тргнат сум да ги барам. Мајка им во сонот ми влезе и ми рече, како знам да ги најдам.

    …Јас сум Малина, како може жива да лежам в земја, ни ти тука, ни Коле ни Таше, ни Евдокија. Кога ме закопаа барав пат под земјата. Заминав кон Драмско за да побарам една другачка да не одам сама по далечини. Не ја најдов другачка ми таму и сетне фатив да скитам под земја, да прашам…која беше оваа земја пустината, кај се наоѓам јас? Македонија… наша е -  ми велат едни гласови. Под земја е целата заедно, не е преградена со жици! Затоа ти изгледа толку голема и туѓа. Ех… што убава била татковината наша, си реков, оти, горе сета е исцепкана, дробенки е направена. Не се знае ни кој јаде, ни кој пие… Ами…имам ли јас деца или немам? Не ми беа децата за раздавање…
    Ами мори, не само твоите…велат едни жени. Нашите кој ќе ни ги врати? Кај ми е Исидор? – им велам. Со него ќе ги бараме. Која беше, незнам, ми рече оти, децата големи ќе ни ги врателе, за да знаат в лице да ни плукнат. Си велев… него… Исидора да го видам, да му кажам, оти и крстот и името ми го откорнаа Грците. И сега немам ни крст, ни име, ни деца можам да видам, ни тебе можам да те видам… Дојди и истури еден грст вода на местото кај што ми гнијат коските…и речи му на Колета ако го најдеш, да не ми оди ноќе по месечина, срце мајкино…и одведи го да го кадрисаат… и кажи му на Ташета, да не пие вода на гладно срце оти од ветра ми е болен, и нека се варди Евдокија, Богородица да ја доварди. Нека го најде моето гушаре и нека го носи. Исидоре ! Што замолче? Кај се децата? Заврти се и кажувај ми за децата. Зошто ги даде? …
    …Ќе влезам во твојот гроб, барем од земјата неможат да не искорнат. Ќе се претвориме во родна почва. Ќе си раѓаме босилек и здравец, боливач, џунџулиња, дудумани… деца веќе неможеме. Уште деца да можеа да излегуваат од гробовите…
    …Јас сум Коле. Умрев во Тулгеш, Романија. Немаше кој да ми направи сандаче. Пред да умрам ги барав крововите на нашата куќа, во Загоричани. И неможев да најдам ни кровови, ни куќа. Другиот ден барав мајка, татко… и стапчето за на волови си го барав… после ме мачкаа некои жени во црно со ракија. Ми велеа, не разбирав… и ми се запали главата и очите ми гореа, им велев… гаснете ме мори тетки, угаснете ме, Господ здравје да ви даде. Угаснете ме…
    …Јас сум Таше. Дојдовме во Струга во една жолта куќа. Се викаше Дом за сирачиња од Егејска Македонија – Гоце Делчев. Крај домот течеше реката Дрим. Ги прашував децата оти се вика Дрим? Никој не знаеше да ми каже. Потоа, сакав на гладно срце да ја испијам реката Дрим, во Струга… целата река сакав да ја испијам, разбираш? Ме слушаш? Ме разбираш? Целата река сакав да ја испијам на гладно срце. Ти можеби не ја знаеш таа река и не ја знаеш Струга.
    …Ти, ја заборави Евдокија. Знаеш како ми велеше? Кога ќе пораснеш ќе учиш за артистка, како Марија Чернодринска ќе бидеш. Која беше таа? Зошто ме заборави тате? Сега имам друг татко и друга мајка. Живееме во еден град што се вика Вроцлав, во Полска. Јас ништо не им кажувам, оти се за вас чувам… и ве чекам тебе, мама и братчињата.
    …Кој те одведе толку далеку, убавице моја? Како Марија Чернодринска сигурно ќе бидеш. Еве доаѓам…еве сега јас доаѓам…откорнати, расселени, разнародени ангели мои. Како ќе се препознаете?: Кого ќе прашате? И кој ќе ви каже кои сте и од каде сте? Сега…што да правам…разболен духу мој? Ни срце имам, ни џигери имам, ни бубрези имам, ни деца имам, ни татковина имам, ни име имам, ни тебе те имам…ништо немам. Сега, што да правам, разболен духу мој?
    …Оди, оди од куќа на куќа. Од човек на човек. Од град во град. Од држава во држава. Од континент во континент. Од планета на планета. Од ѕвезда на ѕвезда. Оди… и речи им вака – Ѕидовите на срамот веќе се урнати во некои делови на Европа. Еден ден, тие ѕидови на срамот ќе бидат урнати и во нашата распарчена и преградена земја. Ќе биде тоа ден, кога ќе бидете проколнати од името на непризнатите народи, што сте ги делеле на Берлинските конгреси, во капалиштето на Отоманската смрдеа Сан Стефано… со договорите во разни Букурешти и Версаи. Ќе биде тоа ден, кога Македонскиот бунтовен дух, ќе ги урне сите ѕидови на срамот ! Помеѓу ВАРДАР, ПИРИН И ЕГЕЈ !!!
    Зошто… со илјадници години пламти во нас славата на Филип и Александар ! Со илјадници години немаме намера да се предаваме, ОТИ МАКЕДОНИЈА Е ПОСТАРА И ОД ГОРОЦВЕТОТ И ОД НОЖОТ !!!
    Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Оти во една наша црква откопан е зборот востание!
    Ќе ги искинеме сите бели знамиња, тие симболи на предавството!
    Ќе ја воскреснеме таа ДРЕВНА и СВЕТА земја, како најголем и најсветол цивилизациски Прометеј!
    Со илјадници години немаме намера да се предаваме!
    Ќе ги преораме гробиштата на идеалите и со коските на нашите мртви војводи ќе се претвориме во зурли и тапани, во нашето најсилно оружје.

    Со голи меса ќе ги искинеме жиците од границите !
    Ќе ја обединиме и ќе извикаме ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА !

    (текстот е монодрамата „Така зборува Исидор Солунски“ од Јордан Плевнеш а во изведба на Петар Темелковски)

    Published in: on ноември 5, 2009 at 23:08 коментари (0)
    Ознаки: , , ,

    На пат до Големо езеро

    Големото езеро на Пелистер едно од „Пелистерските очи“ (заедно со Малото езеро) е бездруго еден од најубавите дарови што природата ги поклонила на Македонија. Предизвикот да се искачиш до него на 2218 метри над морето секогаш предизвикува неповторлива возбуда.

    Патот започнува овде:

    Да, овде растојанието се мери во часови: Брајчино- Големо езеро 6 часа! Пешки се разбира…

    Покрај Брајчинска река…

    Патот поминува низ густа шума, но не можеш да залуташ. Следи го црвеното кругче со бела точка…

    И напорен но прекрасен… постелен со прекрасни планински цвеќиња…

    Некаде вегетацијата е бујна…

    Патот продолжува….

    Тука се и камените реки – гроати, по наше…

    Конечно! Еве не на целта….

    Покрај Планинарскиот дом „Димитар Илиевски – Мурато“ …

    Утринско будење со поглед на езерото низ прозорот…

    Стадо коњи уживаат во висините и слободата. Прекрасна глетка….

    Поглед од висините на прекрасниот планински масив на Баба Планина…

    Поглед на Преспанското езеро од висините…

    Вредеше да се види, зарем не?

    Published in: on ноември 11, 2009 at 22:33 коментари (0)
    Ознаки: , , , ,

    ЗОМБИЛЕНД

    Две децении независен и демократски развој на државата очигледно не беа доволни да се ослободиме од стегите на претходниот тоталитарен систем. Неговите основни постулати и вредносниот систем врз кои се темелеше покажаа невидена моќ за преживување и опстојување. Формалната трансформација, персоналните измени и терминолошките редефиниции не ја променија сушината на системот. Еден тоталитаризам на монопартиската држава е заменет со ист таков на партијата на власт (која и да е!), демократијата се сведува на партократија, а државата е супституирана со партискиот апарат. Па така, имаме своевиден феномен на т.н. скриена држава! Не онаа која ја гледаме и која по Устав и закон постои и управува туку онаа другата која наместо неа ги влече сите конци во државата. А таа почнува и завршува во високите врвови на владејачката партија!

    Во такви услови, незабиколна појава е сеопштата дезидеологизација, деморализација, апатија и застрашувачка беда на духот, а Макијавелистичкото начело: „Целта ги оправдува средствата!“, станува единствена идеолошка матрица, лајт мотив и движечка сила во општеството. Новиот феномен на авторитарна власт конечно наоѓа своја идеолошка поткрепа и свој raison d’etre! Тогаш сосема е логично и „нормално“ е да се изроди некоја нова кич – идеологија и митологија без вистинска содржина, принципи, начела…без подлога но со јасна цел: сеење магла и деградација на човековата слободна мисла.


    Парадоксот да биде поголем, под формата на „новото“ всушност присуствуваме на ревандикација на старите веќе надминати системи. Гротескно и трагикомично делуваат обидите на новите Донкихоти (читај: новокомпонирани турбофолк патриоти) кои во недостиг на идеологија и идеи се обидуваат (прилично дрско, агресивно и безобразно) да наметнат некоја нова непозната идеологија која ниту има корен (традиција) овде ниту пак некаде е етаблирана како таква!  Така било од памтивек – кога немаш визија за иднината посегни по минатото, било како алиби за сопствените неуспеси било како стратегија за дејствување!
    На ваквиот квазисистем неизбежно му се потребни апологети и ревносни чувари, не интелектуалци туку медикритети, не луѓе со свој став и интегритет туку слепи послушници…

    Нему му требаат  – Зомби … лоботомирани, запенети, заслепени, горопадни, агресивни…

    А тие се тука, насекаде околу нас…

    Полна уста демократија а авторитарни постапки, декларативно фаворизираат индивидуализам а делуваат чопоративно, се борат против фашизмот (?!) а се промовираат како Хитлерјугенд од најдобрите денови… Етикетираат и пресудуваат а други обвинуваат за тоа, се залагаат за толеранција, дијалог, дебати… а некадарни се да издржат ни најблага критика… Го тестираат вашето мислење а кога ќе ја исполнат задачата веднаш бришат постови или коментари…

    Исклучивоста, нетолеранцијата и бруталноста се нивните основни знаци за препознавање. Луѓе без дух, човечност, смисла за хумор, дружење…
    Својот беден интелектуален и човечки капацитет одамна го ставиле во функција на дневната политика и сопствените лукративни интереси. Онаа која носи бенефит – сега и веднаш! Нивниот најголем интелектуален  напор се исцрпува со читање на директивата од Штабот! И … се разбира, нејзино ревносно спроведување….

    Тие се тука, насекаде околу нас…

    Индивидуализмот, слободата на мислата, личниот став и интегритет на човекот за нив се непозната категорија. Осетниот недостиг на интелектуален и демократски капацитет го компензираат со силата и моќта на партијата и Водачот. За нив колективот – Партијата е се’, а единката ништо! Удобно заседнати во фотелјите кои не ги заслужиле Тие одлучуваат за Вас, за вашата иднина, за вашиот статус, за вработување или бркање од работа, за вашиот влез во системот… Затоа така будно го следат секој ваш чекор, секој ваш збор, а не се воздржуваат ниту од закани или чепкање во вашата приватност, …

    Водени од фашистичко/комунистичкото начело – „Кој не е со нас тој е против нас!“, со невидена дрскост се закануваат и од вас бараат да се изјасните јасно и гласно кого поддржувате, да заземете страна … Во спротивно најблагото што може да ве снајде е да се најдете на нивниот список на неподобни!
    Секој контакт  и дури и пристојна комуникација со неистомислениците е смртен грев, ерес за кој нема простување.  Поделбата на „Наши“ и „Ваши“ е системска и трајна!

    Критиката на власта пак е неопростлив злочин.  Или си со нас или против нас!


    Тие се тука… демнат…

    А Македонија тоне ли тоне … и немоќно ја чека својата нова „пролет“!


    Господе, како овде бргу се стемнува!

    Добредојдовте во Зомбиленд!!!

    Published in: on ноември 13, 2009 at 20:55 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    ПОЛЕТАЈ!

    (мотив од Преспа – Photo by Alexandro)

    „Во секој момент од вашиот живот ви се нуди прилика да бирате – љубов или страв – да одете по земјата или да се вивнете во небото. Стравот ќе ве поведе по тесна патека ветувајки дека ќе ве одведе таму кај што сакате. Љубовта вели само едно: Рашири раце и полетај со мене!“

    (Барбара де Анџелис)

    Published in: on декември 1, 2009 at 15:17 коментари (0)
    Ознаки: , ,

    „ОСУММИНАТА“ – уште еден поглед

    По повод 20 годишнината од „случајот Осуммината“ (за кој пишував на еден претходен пост) овојпат го пренесувам мислењето за овој случај на д-р Гроздан Цветковски, исто така еден од Осуммината.

    СИТЕ ИЛУЗИИ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕМОКРАТСКА ПРОЛЕТ

    Изминаа дваесет години од времето на турбуленциите во тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи кога настана „случајот со Oсуммината“. Во тој период на зачетоци на демократизација, случајот освен што беше посебно медиумски атрактивен, претставуваше и релевантен политички настан. Денес, две децении подоцна, речиси ниту еден медиум не потсети барем попатно на дваесетгодишнината од тој настан. Исклучок беа една телевизиска изјава, односно реминисценција на својот блог од двајца тогашни протагонисти во случајот. Заборавот не е неочекуван, особено ако се има предвид нашето традиционално кратко паметење, како и контроверзноста на случајот кој некои го третираа како афера, други парадигма на македонската демократска пролет, а трети го дефинираа со други (дис)квалификации и етикети.


    Од денешно временско растојание, без оглед како се перцепира овој случај, непобитен факт е дека осуммината дадовме значаен придонес и белег на времето кога се навестуваа неизбежните промени на еднопартискиот систем. Тогаш за прв пат кај нас отворено се покренаа прашања за политичката злоупотреба на македонската полиција и нејзината улога како сервис на тогашниот политичар – „сива еминенција“ и неговото владеење, за инфилтрацијата и влијанието на КОС во остварување на погубната политика на Вождот, прочистувањето и уништувањето на полициските досиеjа, за Вевчанскиот случај и употребата на електрични палки, уривањето на оградите од куќите на албанското население, за прислушувањето и следењето и прогонот на голем број интелектуалци, за монтираните политички процеси и елиминирањето на многу стопанственици и политичари од кои некои беа осудени со повеќегодишен затвор.


    Сепак, суштината на феноменот „Oсуммина“ беше и остана во неколку клучни парадокси.
    Првиот беше внатрешно-политичката констелација: иако комунизмот во југо-источна Европа беше на залез, во Македонија интензивно се бранеше со идејно-политичка борба против техноменаџерите и т.н. граѓанска десница.
    Вториот парадокс беше што како предводници во процесот на разобличување и демонтажа на системот на едноумие, ние осуммината не бевме политички дисиденти туку припадници на безбедносните служби, кои по дефиниција претставуваат најлојална и најконзервативна институционална структура во секој политички поредок.
    Конечно, парадокс беше фактот што во тоа време освен што добивме широка јавна, но и поединечна  медиумска подршка, имавме и целосно разбирање и согласност од неколку тогашни врвни комунистички политичари. Тие, чувствувајќи го пулсот на незадржливиот процес на промени, свесно отстапија од строгите еднопартиски канони и се солидаризираа со нас, предизвикувајќи вознемиреност и судир со комунистичката номенклатура во сопствените редови.


    Ваквиот однос помеѓу опциите за промена за која се залагавме осуммината, неколку политичари од тоа време (Тупурковски, Гошев) авангардниот „Млад борец“ со Никола Младенов и Зоран Димитровски, но и целокупната јавност или пак за одржување на состојбата која бескопромисно ја бранеше државно-партискиот апарат, предизвика жесток судир и конфронтации во македонското општество. Во разрешувањето на овие противречности, осуммината беа обвинети за дестабилизација на Републиката и кон нив се примени репресија. Меѓутоа, уште во првите мугри на демократската пролет, а потоа и почетокот на транзицијата, веќе беше сосема јасно дека акламативно се подржува опцијата за напуштање на дотогашниот бирократско-догматски еднопартиски систем и чекорење кон плурализам и демократизација.


    И тогаш се случи парадокс над парадоксите од страна на новите амбивалентни демократски гарнитури, кои дотогаш со голема жестина ги бранеа ставовите на Осуммината и се поистоветуваа со нив. Чувствувајќи го опојниот мирис на власта, тие со политички манипулации гарнирани со вистини и полувистини ги симнаа маските, оддалечувајќи се и оградувајќи се од нас. Само одвреме-навреме, во зависност од политичката коњуктура, се приближуваа и обидуваа осуммината да ги инструментализираат и афирмираат исклучиво за сопствените дневно-политички потреби. Просто е неверојатно како во изминатите две децении сите политички гарнитури, без оглед на нивните прокламирани идеологии, се втурнуваа во вителот на репризирање т.е. имитирање на нивните претходници од едноумието во однос на практикувањето на политиката и технологијата на владеење. Без оглед што системот и идеологијата се променија, проблемите со мимикријата и менталниот код си остана. Овој апсурд да се биде како претходниците (комунистите), иако истовремено тие се презираа и негираа, има едноставно објаснување: во почетокот им завидуваа само затоа што не беа на нивно место. Подоцна, кога еднопартискиот се замени со повеќепартиски систем, оние кои беа во опозиција, за својот статус никогаш не се обвинуваа себеси, туку власта и животните околности: министрите затоа што крадат, популарните политичари затоа што се познати, бизнисмените затоа што се богати. И уште поапсурдно: таа нетрпеливост и омраза кон политичкиот противник не престануваше и кога тој ќе ја изгубеше власта, а благодетите и привeлегиите остануваа за новодојдените.


    Така дваесет години изминаа како грејс-период во меѓусебни обвинувања и безмилосни  битки за задржување и освојување на власт меѓу преправените комунисти и новите демократи. Истовремено, непрекинато се водеа битки против мангупите во сопствените редови. Со методи на лицемерие, кодошење и манипулации опстојуваа само партиските спин-доктори и трик мајстори. На тој начин, послушните и зомбирани партиски војници доброволно стануваа шизофрени персони кои дење со мимикрија се поистоветуваа со олигофрени, глумејќи опсесивни патриоти и блескави реформатори за да ја задржат позицијата во партијата, а по завршувањето на денот кога се враќаа во своите домови, се вклучуваа во секојдневните текови на животот, трансформирајќи се во нормални луѓе. Ваквата хипокризија и бесчесните игри на македонското политичко подземје може да се разбере само во контекст на страста за власт, која е како морска вода – колку повеќе се пие, толку се станува пожеден. Токму затоа, денес, дваесет години подоцна, недвосмислено може да се заклучи дека романтичната демократска пролет набргу по промената на системот влезе во суморна политичка зима.

    Осуммината бевме директни учесници во процесот на бурните настани пред и во почетниот период од осамостојувањето на Македонија. Заедно со нашите колеги од тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи активно учествувавме во ризични активности во создавањето на македонската независна држава, како што беше на пример одземањето и дислоцирањето на воената евиденција. Меѓутоа, останува непобитен фактот дека подоцна сите владеачки политички гарнитури, без разлика дали се декларираа како „нови демократи“ или „преправени комунисти“ т.е. набедени социјал-демократи, како да се репродуцираа од претходната комунистичка номенклатура. Сите настојуваа да практикуваат дисконтинуитет во однос на претходното, без оглед дали некои вредности имаа позитивно или негативно значење и суштина. Токму поради ваквото извитоперување на новиот систем, станавме држава со пречки во развојот и дефектна демократија. Нашиот актуелен претседател на Републиката ја дефинира „како космодиск – делува шашаво, но функционира. Завршен цитат!


    Ваквата перцепција го потврдува фактот дека тоа што се случуваше во досегашната речиси дваесетгодишна транзиција претставува рефлексија во скршеното огледало на грдото лице од времето на поранешните комунисти. Значи, времињата и системот се променија, но старите навики и принципи на владеење останаа исти, само прилагодени на новото време. Ако во поранешниот систем Македонија беше третирана како „темен вилает“, сега во новиот приликува на недовршена нација во духовно зачмаена провинција. Врвни вредносни критериуми останаа партизацијата и етаблирање на елитна партизанска политика, систем на извитоперување на меритократијата со промовирање на бездарници без професионален бекграунд и животно искуство („во кадрите е сé“), а критериум за успешност и човечка вредност станаа лагата и апашлукот, додека недостижни идоли се аљазите и џамбазите кои со алиш-вериш махинации вешто се камуфлираат под маската на „македонската успешна приказна“.


    Затоа денес, дваесет години подоцна, иако ние осуммината останавме во идеен меѓупростор т.е. свои меѓу туѓите и туѓи меѓу своите, не се чувствуваме резигнирано и губитници, но не сме ниту рамнодушни. Ние бевме генерација која имаше свои идеали и искушенија. Но, имавме и илузии, затоа што го пренебрегнавме битниот факт дека Македонија никогаш немала демократска традиција. Оттука, депласирано е прашањето за што се боревме пред дваесет години и дали се изборивме?
    Останува само инсертот дека „случајот осуммина“ остави белег на своето време, иако со текот на годините го покриваше прашина на заборавот. Денес нашите судбини и животни патишта се различни, иако секој си остана „бунтовник“ кој на свој начин ги антиципира појавите и она што ни се случува – чувството како некој невидлив флуид да лебди во воздухот кој постојано ја спречува духовната слобода и креативност. За жал, еден од осуммината, Миле Илиевски трагично почина уште на почетокот од демократската пролет, неможејќи да го издржи политичко-полицискиот притисок. Слободан Богоески, вонсериски (контра)разузнавач и комбинатор, беше екскомунициран од „новите демократи“ и денес е претприемач. Павле Трајанов кој прв јавно го детектира „октоподот“ и за тоа плати висока цена, денес е претседател на Демократскиот сојуз и пратеник во Собранието на Република Македонија. Александар Диневски, брилјантен и луциден аналитичар, денес е невработен. Станоја Богев и Беџет Беџети се пензионери кои деновите ги минуваат во реминисценции за времето на романтичната демократска пролет однесена од виорот на новото време. Јован Чамински очекува да им се придружи. Јас како еден од осуммината, иако од поодамна идејно-политички и работно диференциран и ретуширан, сеуште институционално облигаторно сум стациониран, но идната перспектива веројатно ќе биде универзитетски професор. Сепак, ако е за утеха, останува вистината дека ние осуммината не бевме маргинализирани и принудени на интелектуална и работна апстиненција поради грешки и недостатоци, туку исклучиво поради своите предности. Меѓутоа, без оглед на ваквиот епилог со реквием, останува сега на зрела возраст да се надеваме и веруваме младите генерации да ја продолжат борбата за демократија.
    Впрочем, секоја генерација си има свои идеали, искушенија и илузии!


    Д-р Гроздан Цветковски
    еден од Осуммината

    Published in: on декември 5, 2009 at 17:36 коментари(20)
    Ознаки: , ,

    Пријатно попладне!

    Надвор е ладно… Седете си дома, читајте или слушајте музика…

    Kelly Family – An Angel

    I wish I had your pair of wings

    Had them last night in my dreams

    I was chaising buterflies

    Till the sunrise broke my eyes

    Tonight the sky has glued my eyes

    Cause what they see`s an angel hive

    I`ve got to touch that magic star

    And greet the angels in their hive

    Sometimes I wish I were an angel

    Sometimes I wish I were you

    And all the sweet honey from above

    Pour it all over me sweet love

    And while you`re flying around my head

    Your honey kisses keep me fed

    I wish I had your pair of wings

    Just like last night in my dreams

    I was lost in paradise

    Wish I`d never opened my eyes

    Sometimes I wish I were an angel

    Sometimes I wish I were you

    But there`s danger in the air

    Tryin` so hard to be unfair

    Danger`s in the air

    Tryin` so hard to give us a scare

    But we`re not afraid

    Sometimes I wish I were an angel

    Sometimes I wish I were you

    I Wish I were you

    Oh I wish I were you

    Гуглајки за групата го најдов и ова!

    На некои просто им се редат коцките…

    Published in: on декември 21, 2009 at 16:34 коментари(18)
    Ознаки: , ,

    НАЈДИ ЈА РАЗЛИКАТА!

    Две изјави за иста работа:

    Б.Ц.

    „Би можеле да најдеме формулација со додавка или придавка која не го урива нашиот национален идентитет“

    „Утрински весник“ 13.03.2008 година


    Хорхе:

    „Решение со името кое нема да го повреди националниот, културен и јазичен идентитет“

    „Дневник“ 21.12.2009 година

    Сите претседател па и ние!

    Published in: on декември 24, 2009 at 16:15 коментари(393)
    Ознаки: , ,

    БОЖИКНО ПРИМИРЈЕ

    Пет месеци по започнувањето на Првата светска војна во 1914 година на западниот фронт некаде во Франција се случил необичен настан. Ноќта спроти Божик во паузата од битката англиските војници распоредени по рововите започнале да пеат божикни песни. Следното утро десетина германски војници од другата страна на фронтот излегле од рововите невооружени и со повиците „Среќен Божик“ на англиски јазик тргнале кон спротивните ровови. Тоа не било трик и Англичаните излегле да се поздрават со противниците, се ракувале а некои размениле и цигари. Овој настан подоцна наречен „Божикно примирје 1914“ се смета за еден од последните примери на военото витештво!

    Сеумдесет години подоцна во 1983 година за овој настан Paul McCartney, легендарниот член на „Битлси“, ја сними песната „Лулиња на мирот“… а во 2005 година е снимен и филм!

    Pipes of Peace

    I light a candle to our love,
    In love our problems disappear.
    But all in all we soon discover
    That one and one is all we long to hear.

    All ’round the world,
    Little children being born to the world.
    Got to give them all we can ’til the war is won,
    Then will the work be done.

    Help them to learn (help them to learn)
    Songs of joy instead of burn, baby, burn.
    Let us show them how to play
    The pipes of peace,
    Play the pipes of peace.

    Ooh-ooh-ooh-ooh,
    Ooh-ooh-ooh.

    Help me to learn
    Songs of joy instead of burn, baby, burn,
    Won’t you show me to play (how to play)
    The pipes of peace, (pipes of peace)
    Play the pipes of peace

    Ooh-ooh-ooh-ooh.

    What do you say? (what do you say?)
    Will the human race be run in a day? (in a day?)
    Or will someone save this planet we’re playing on?
    Is it the only one?

    What are we gonna do?

    Help them to see (help them to see)
    That the people here are like you and me. (like you and me)
    Let us show them how to play (how to play)
    The pipes of peace, (pipes of peace)
    Play the pipes of peace.

    Ooh-ooh-ooh-ooh.

    I light a candle to our love,
    In love our problems disappear.
    But all in all we soon discover
    That one and one is all we long to hear.

    Нова Година и Божик се пред врата. Време е за примирје и на блогерајот …. :)

    Published in: on декември 29, 2009 at 21:42 коментари (0)
    Ознаки: , , , ,

    БЛОГЕРСКА ЧЕСТИТКА!

    На крајот од една бурна блогерска година во која работевме 24/365 (повеќе од Владата!) за неколку часа започнува Новата 2010 година.

    Па нека е среќна, весела и бурна блогерска година!

    Среќни празници на сите блогери!

    Published in: on декември 31, 2009 at 12:01 коментари(26)
    Ознаки: ,

    Блогерај

    Еве не на новиот блогерај…

    Некако набрзина ни дојде оваа преселба па не успеавме ни честито да се збогуваме со претходниот.

    Сега кога веќе сме тука и полека се прилагодуваме на новите „можности“ сеуште живо се сеќаваме на стариот добар блогерај на кој му посветивме толку многу време, внимание, љубов… Додека го гледам онака скаменет и закочен ми навираат емоции и сеќавања на првите несигурни и срамежливи почетоци, на првите постови, коментари, на првите пријателства и полемики огромното потрошено време посветено на блогирањето. Сигурно спаѓам во оние кои не очекуваа дека блогирањето ќе го сфатат толку сериозно и дека дружењето таму ќе има толку многу влијание врз нивниот живот.

    Но ете, се случи…

    Во овие речиси 4 години поминати на блог научив многу нови работи, стекнав повеќе виртуелни, но и лични пријатели, доживеав прекрасни и незаборавни моменти, но имаше и други помалку убави и непријатни настани кои болно ги доживував и кои во неколку наврати ме натераа на размисла за целосен прекин на блогирањето – прекинати или разнишани виртуелни пријателства, ниски удари и подметнувања, недостојни и оркестрирани напади…

    Статистиката вели вака:

    Блогот Alexandro се појави на 01 Март 2006 година. За овие речиси 4 години од неговото постоење на него се објавени 93 постови и тоа: во 2006 – 3, во 2007 ниеден, во 2008 – 24 и во 2009 – 66  постови.

    По области тоа изгледа вака:  блогосфера (34), политика (28), лично (6), вести (5), историја (2), колумни (2), музика (2), фото (2), раскази (1), хумор (1).

    Во исто време на мојот блог напишани се вкупно 6257 коментари (речиси по 70 просечно на пост), а сум напишал 5047 коментари и уште стотина како нелогиран.

    Сајтметарот е поставен на 11.05.2008 година и моментално покажува 35 000 уникални посети и 128 000 кликнувања. Пристојна бројка…

    Сега сето тоа сега е минато…

    Нов блогерај може да значи нов почеток или пак крај на блогирањето.  Останува да видиме…


    Подметнувањата на „хомичот“ Героски (репринт, на негово барање)

    Одговор на прозваниот:

    Познатиот „Соросоид“  и апологет на  грчката политика спрема Македонија во врска со прашањето со името, откако беше раскринкана неговата предавничка антимакедонска политика и нивната мисија доживеа фијаско, во недостиг на аргументи се нафрли врз мојата личност веројатно како алиби и покритие за неговата мизерна улога на грчка труба во Македонија. На исклучително перфиден и подмолен начин, со прозирни лаги и конструкции и без никаков доказ, Героски упорно се обидува да ми импутира некаква нелегална активност која се состоела во наводно негово следење од моја страна за време на моето службување во ДБК што резултирало со „полнење“ на наводното негово досие. Доследен во својата приземност и перфидност „нормално“  Героски упорно одбегнува директно да го спомене моето име оставајки тоа да го направат „анонимните“  читатели со што ми е оневозможено било каква разврска на случајот пред надлежниот суд. По консултациите  со неколку адвокати за една таква разврска од сите од нив добив идентичен одговор – дека е исклучително невозможно да се води постапка врз основа на сознанија изнесени на инетернет (веројатно оттука и прозлезе онаа негова хистерична рекација за наводната кражба на неговиот блог отворен веројатно со негов амин од  страна на главниот „диспечер“ на Бандата на Сорос на блогерајот !), како претходница и алиби за глупостите кои допрва намерава да ги треска на интернетот.

    Затоа принуден сум на ваков начин да ставам крај на неговите небулози и шизофренични испади со конкретни факти:

    1.Неговата болна омраза кон „Осуммината“ потекнува уште со покренувањето на акцијата за расчистување на негативните состојби во РСВР, а посебно во ДБК, нашиот јавен повик за демистификација на улогата на политичката полиција (УДБА) во системот со посебен акцент на злоупотребите, фингираните и монтирани процеси, уништувањето на македонската интелегенција, улогата на Колишевски… Станавме симбол на македонската пролет, заедно со „Млад Борец“, Вевчани…  Героски како новинарче на Вечер застана на другата страна. На губитничката…

    2. Неговиот анимозитет кон Осуммината кој никогаш не го криел  до денес,  особено се  зголеми по покренатата инцијатива за одговорност на тогашната Влада на Глигорие Гоговски во септември 1989 година, што е единствен случај во комунистичкиот свет по легален пат да се обиде некој да собори една комунистичка Влада.  Него веројатно многу повеќе го заболе тоа што  сериозно беше начнат неговиот систем. Парадоксот да биде поголем, наместо интелектуалците и новинарите, демократските процеси во Македонија ги покренаа полицајците и тоа оние од фамозната УДБА!  Како еден од нив, имав прилика лично да се уверам дека според убедувањата  повеќе „удбаши“ имаше во новинарската  фела отколку во самата УДБА! Геро беше шампион!

    3.Врв на личниот анимозитет кон мене бездруго е обелоденувањето на аферите: „Дувло“ – неовластеното прислушкување на партијата ВМРО ДПМНЕ и аферата „Сина птица“ – неовластеното формирање на паравоени формации од страна на ДБК!  Обелоденувањето беше јавно – на прес конференција на која тој „нормално“ немаше храброст да присуствува. Заработив еднодневен притвор и суспензија од работа, а Комисијата за контрола на СДБ ги потврди сите мои обвинувања дека оваа Служба нелегално постапуваше! Со овие афери  трајно беше искомпромитирана личноста на министерот Фрчковски, сегашниот претседателски кандидат, а негов личен идол! Геро заедно со една поголема група новинари – удбаши беше една од главните „печурки“ во подрумот на Фрчко што тој „ги хранеше со гомна и со малку светлина!“ (изјавата е на Фрчко).  Но нему очигледно му годеше таквата благопријатна „атмосфера“  што подоцна дебело си го компензира станувајки главен и одговорен уредник на Дневник! Улогата на неговиот патрон во тоа е позната!

    4. По седум и пол годишен судски спор кој успеав да го добијам во Мај 1999 година се враќам на работа во ДБК. Но времињата се сменија – сега јас сум во немилост на Доста Димовска заради претходниот раскол во 1997 година во ВМРО ДПМНЕ, а Фрчко, Геро, Орданоски и целата таа банда се први пријатели со новата министерка „сестра Достич“ што никогаш и не го криеле (тука има многу прашања ама тоа во друга прилика). Резултат од тоа е – испратен сум на работа во одделот на ДБК на Бит Пазар, на дуплирано работно место и со посебен напомена од шефот – нека не работи ништо само да не му текне пак да дигне бунт! Работно место звучно – главен инспектор во одделението за странски разузнавачки служби, фактичка надлежност безвучна фигура! Е од тука се поставуваат неколку прашања кои манипулаторот Геро ќе мора да ги одговори:

    А)  Зошто го премолчува периодот кога се случило тоа да јас пишувам за него? Зарем можело тоа да остане неказнето или незабележано од неговата лична пријателка Доста Димовска со која според нивни јавни признанија си муабетеле на неговата вила во Матка токму во тој период?

    Б) Зошто премолчува дека неговиот кодош Ј.Б бил токму мој шеф во одделот во кој работев!!! Зарем можело нешто во една строго хиерхиска организација да помине без негово знаење? Зарем можело јас да постапувам без наредба на повисок старешина почнувајки од министерката Димовска па се до неговиот КОДОШ а тогашен мој шеф? Патем, за каков човек се работи доволно зборува податокот што против него се води судска постапка заради лажно претставување!

    В) Зошто неговиот кодош Ј.Б.  или неговата пријателка не му доставеле барем еден писмен документ како доказ заради таквата моја наводна нелегална активност? Верувам Героски суво злато би дал за него и сигурно би го објавил на насловна страна!

    Г) Во 2000 година беше донесен Закон за отварање на досиејата на сите лица кои биле под третман на УДБА/СДБ/ДБК  од ослободувањето до денес. Зошто нашиот јунак не поднел барање да си го земе своето досие, да си ги види сите оние кои демек го кодошеле, како и оние кои пишувале било какви материјали за него?  Или пак зошто не се обрати до Комисијата за лустрација?

    Не поднел оти знаел дека нема! Самиот си призна дека имал јаки пријатели „горе“, па може тоа да го стори и сега!

    Д) Сведокот на кој се повикува Роберт Митевски, сега уредник во Нова Македонија , е мој личен долгодишен пријател по основ на заедничко хоби – нумизматика и фелеристика и само на тоа се должат мои две кратки посети (кафе и цигара во просторијата за пушење во Дневник!) и на ништо друго! Ќе мора Геро и нему да му објасни зошто долго време го сомничеше дека тој бил кодошот што него го денунцирал, а денес со невидено лицемерие бара да сведочи!

    Да, да ќе посведочи но на мое барање!!!

    Ѓ) На крајот се поставува прашањето  – за што всушност би можел да биде следен Геро од страна на ДБК во тој период? Секоја служба си има предмет на интерес и свои правила по кои работи и никој  жив не може да измислува некои „свои“ категории! Нели, самиот се фали дека бил чист, демократ, дека не е непријател на земјата! Како што е општо познато  токму тој – Геро отсекогаш бил особено близок со речиси сите највисоки функционери на МВР! И кој можел таму некој си треторазреден инспектор да му набеди нешто што тој не го правел,а во исто време бил личен пријател со министерката?  На крај краева кој фактор бил тој во државата па да биде посебен интерес за СДБ/ДБК???

    Или пак, сепак има нешто што ние не го знаеме, па сега нашиот Геро си ја ишка мувата на капата и проверува колку ние знаеме.

    Па еве… Се обидов да му помогнам на Геро колку толку да му ја амортизирам шизофренијата и се распрашав по некои поранешни припадници на СДБ/ДБК за неговиот „случај“.

    Резултатот е следен:

    1.Бранко Героски нема никакво досие во ДБК ниту имал некогаш!

    2. Единствен случај каде се споменувал била некоја акција на ДБК за откривање на шпиунска мрежа на Грчката разузнавачка служба меѓу хомосексуалците во Македонија која се водела на републичко ниво под шифрирано име „Лезбос“ (?)!

    Со таа акција авторот на текстот нема никаква врска!

    Знам дека и ова мое писание/демант нема да допре до ушите на оваа бедна интелектуална, морална и човечка креатура. Човекот едноставно мазохистички ужива да биде во центарот на внимание и да глуми жртва на системот што самиот безрезервно го подржувал и му служел. Но, паранојата е заебана работа и тука помош треба да бара на друго место. Ако незнае каде нека праша каде е неговиот истомисленик В.Г.!

    Толку беднику од мене! Продолжи си по патот по кој тргна во предавството на татковината.

    Јас сум на истите позиции од моето вклучување во политиката – одбрана на Македонија!

    П.С. Жалам што морав да трошам драгоцено време на една ваква бедна и мизерна фигура.

    Но сепак чувствував морална обврска спрема ВАС почитувани читатели!


    18.01.2010 година

    P.S. Фрфљото продолжува со провокации… а ние го реобјавуваме постот… на негово барање!

    ГГГ (геј гнида Геро) во акција – на негово барање…

    Продолжувам со серијалот за расветлување на ликот и делото на ГГГ (геј гнидата Геро) на македонската медиумска и политичка сцена. Човечето упорно си работи на агендата што му е зададена.

    Овојпат неговиот историски настап за грчката ТВ а во врска со името:

    Како ли само го разбраа  Грците Фрфљото???

    „Скопје 2014“ – вистината како колатерална штета

    Денешни наслови во весниците за проектот „Скопје 2014“:

    Вечер: „2000 интелектуалци и доктори на науки стојат зад проектот Скопје 2014“

    Утрински весник: „Само Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат новиот лик на Скопје“

    Време: „Скопје ги подели скопјани“

    Кој тоа спомнуваше објективно новинарство?

    Фрчко – флека од човека! (позајмен текст)

    Апропо постот на Шарлот и критиката на Андреј дека не сме му посветиле пост на Царот Фрчко еве се обидувам да се корегирам и му посветувам уште еден пост кој верно го отсликува неговиот лик и дело.

    Текстот е на Латас ама сепак ми се допаѓа!


    ФЛЕКА ОД ЧОВЕКА

    Кога Фрчковски, заведен во картотеките кај Светиот Петар под работна папка – Флека од човека, слушна дека Павле Трајанов ќе формира Агенција за декриминализација, која ќе истражува заработка и имот на високи јавни и државни функционери петнаесет години наназад, се размрда.    Патем, Павле изјави дека Фрч, како полициски министер, ги користел досиејата на Колегите од Правниот факултет за рекет и лично позиционирање на Правен.
    Сашо Орданоски, кој Флеката ја познава изблиза, не се вознемирил. Сметал дека е тоа редовна мимика, и негови тикови, како последица на општопознатата вистина дека Фрчковски ретко се бања. А лето е.
    Тоа му е пракса која често пати јавно ја афирмира под паролата што ја употребува: она што не ме убива, ме прави посилен. Често вели Фрч.
    Велат дека навиката, и изреката, ја извлекол од произведувачите на француските сирења, особено Горгонцола. Она сирење што смрди како твор, ама ако го изедете може благопријатно да влијае на желудникот.
    Има ли Павле Трајанов проблем со желудникот?
    Можеби таков проблем има актуелниот министер за правда, доскорешен шеф на Анткорупциската комисија Михајло Маневски?! Кога на Фрч му дошепнале дека навистина станал министер за правда, размрдувањето се пренело на падавица.
    Е, сега Сашо Орданоски, кој Фрч го познава изблиза, бил збунет.   Така, полусвесен, Фрч му диктирал текст кој потоа го потпишал како колумна, дека Маневски е трула комуњара од најлош тип! Замисли.
    Ксенте Богоев и Киро Глигоров, во почетокот на деведесеттите, го измилија Фрч, создаден според современите еколошки методи од рециклиран, гарбиџ материјал. А тие не беа Комуњари. Особено не тешки.
    Михајло Маневски бил. И затоа, Маневски сега бил дупка во Владата, му диктирал колумна Фрч на Орданоски во време на падавицата.
    Може да има вистина во тоа. Условно. Ако Владата ја замислиме како када, од која Фрч помислувајќи на бањање натурано се згрозува, или лавабо, тогаш сета нечистотија мора да истече низ дупка на кадата, или таканаречениот сифон. Ако нема дупка за истекување, кадата ќе се преполни со нечистотија, и може да се загрози самата себеси.
    А Маневски, Павле Трајанов, и уште неколкумина сродни, имаат работа државното тело да го избањаат, да го дотераат до хигиенска и функционална кондиција и пристојност за тоа, потоа, да може да излезе меѓу свет, и да ја одработо својата работа.
    А Флека од човека чека на третманот.
    Чека и Буч. Трајанов и Маневски за нив двајца водеа постапки за криминал. Црвенковски ја запре постапката за Фрч, а Љупчо за Бучковски.
    Љупчо ја запре и постапката на Љубе Бошковски за Фрч.
    “Тоа што не ме убива, ме прави посилен”, цитира Фрч. Тој, и онака, постојано некого цитира. Ретки, можеби само интимно блискиот Сашо Орданоски, чуле некој негов, навистина негов збор. Мора да била реченица полна со милост, разбирање и соработка. Веднаш потоа го препорачал на косовската мафија да го стават и него на списокот. Потоа, на Фрч му тргна. Дури и Љупчо, со премиерски чесен збор, изјави дека го исплатил во кеш за консултации околу Рамковниот договор кој, Љупчо, нели, не го милуваше, а едвај и да го признаваше.
    Фрч, патем, купи стан. Па уште еден стан. Патем купи коњи, рејбан наочари за полицајците и галерија слики за полициски станици од Анима. Па џип. Претходно еден Картије часовник од розе злато, а пурите му ги праќаат Косоварите. Гратис. Колумбиски се, и не ги платиле многу. Компензација: хероин за кокаин.
    За пушење од дистанца. Седи дома, и врши работа.
    И Фрч седи дома, и ги чека шмрковите на Павле и Маневски за здраво перење на државното тело. Патем, пуши.
    Тоа што не ме убива, ме прави посилен. Пушењето на пример.

    На Фрчкоски пурите му ги праќаат Косоварите. Гратис. Колумбиски се, и не ги платиле многу. Компензација: хероин за кокаин.

    Андреј на квиз!

    Замислете го Андреј на квиз. Милионер на пример. Му се паѓа вакво прашање:

    What Nationality was Alexander the Great?

    И ???


    „A name is a name” ги нервира Грците

    (кликни на сликата за подобар преглед)

    Документарниот филм на исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон (Sigurjon Einarsson) и продуцентот Џејсон Мико (Jason Miko) „А name is a name“ посветен на актуелниот проблем со името на нашата земја, премиерно ќе биде прикажан на 26 февруари и во Сиднеј Австралија.

    Како што е познато филмот силно ги разбранува духовите на нашиот јужен сосед и посебно многубројната грчка дијаспора. Неговата премиера првично предвидена во резиденцијата на амбасадата на Исланд во Вашингтон беше откажана поради силниот и жесток притисок на Грција која се закани и со употреба на правото на вето за приемот на оваа земја во Европската унија. Филмот неодамна сепак беше прикажан на американско тло но во Центарот на еврејската заедница со помош на организацијата на македонското иселеништво во САД, Обединета македонска дијаспора. Одговарајки на новинарско прашање Еинарсон изјави:

    - Сакам да им дадам глас на Македонија, како мала држава, и на македонскиот народ, кој заслужува да биде глобално чуен. Секој има право да се нарекува како сака и тоа е избор на секоја нација!

    Еинарсон најави и второ продолжение на филмот!

    Прикажувањето на филмот во Австралија се случува во време кога односите меѓу Македонија и Австралија се сериозно заладени поради антимакедонскиот говор на премиерот на Јужна Австралија Мајк Рен одржан на 9 Ноември 2009 година на фестивалот  „Димитрија“ во Аделаид, Јужна Австралија во кој упати жестоки обвинувања на сметка на Република Македонија и нејзиното раководство за наводна кражба на грчката историја. Традиционално, односите меѓу македонската и грчката заедница на овој континент отсекогаш биле крајно непријателски проследени со отворени конфронтации меѓу нивните членови. Грчката заедница и официјално побара забрана за емитување на филмот повикувајки се на мултикултурните односи во австралиското општество.

    Очигледно, вистината најмногу боли…

    И овде врне…

    Не само кај Шарлот! :)

    Published in: on февруари 23, 2010 at 00:21 коментари(15)
    Ознаки: ,

    Воена состојба во Грција

    Насловот на постот не е тенедециозен и во корелација со актуелните грчко – македонски одоси туку преземен од странските новински агенции.

    Преку три милиони работници денес штрајкуваат против мерките што Владата на Папандреу ги најави како излез од длабоката економска криза во која се најде Грција. Долгот од триста милијарди евра веќе претставува сериозна опасност и за самата ЕУ која засега одбива да му помогне на своето несташно галениче кое со познатите данајски итроштини практично и досега ја празнеше заедничката европска каса.

    Деешниот штрајк практично ја парализира целата земја. Не работаат државните установи, школите, аеродромите… Штрајкувачите (главно просветните работници) прошетаа низ центарот на Атина носејки транспаренти со пароли главно со социјална содржина, а неизбежен беше и судирот со специјалните сили на полицијата во кој беа употребени молотови коктели и камења, а полицијата возврати со солзавец и употреба на физичка сила.


    Политичката и економската ситуација во Грција неодминливо потсетува на состојбите во не така далечната 1967 година кога група армиски високи офицери (Патакос, Пападопулос и Макарезос) извршија воен удар и ја преземаа власта во земјата и владееја во следните 7 години.  Жестоката пресметка со студентите на Политехника и денес претставува универзален симбол на борбата за слобода и демократија.

    Ќе има ли реприза?

    Sоund Оf Silеncе

    Во знак на солидарност со Барабас!

    И Хемичарот!

    И Charlotte!

    Sound Of Silence

    Hello darkness, my old friend,
    I’ve come to talk with you again,
    Because a vision softly creeping,
    Left its seeds while I was sleeping,
    And the vision that was planted in my brain
    Still remains
    Within the sound of silence.

    In restless dreams I walked alone
    Narrow streets of cobblestone,
    ‘Neath the halo of a street lamp,
    I turned my collar to the cold and damp
    When my eyes were stabbed by the flash of a neon light
    That split the night
    And touched the sound of silence.

    And in the naked light I saw
    Ten thousand people, maybe more.
    People talking without speaking,
    People hearing without listening,
    People writing songs that voices never share
    And no one dared
    Disturb the sound of silence.

    “Fools” said I, “You do not know
    Silence like a cancer grows.
    Hear my words that I might teach you,
    Take my arms that I might reach you.”
    But my words like silent raindrops fell,
    And echoed
    In the wells of silence.

    And the people bowed and prayed
    To the neon god they made.
    And the sign flashed out its warning,
    In the words that it was forming.
    And the sign said, the words of the prophets are written on the subway walls
    And tenement halls.
    And whisper’d in the sounds of silence.”

    Published in: on март 2, 2010 at 14:15 коментари(19)
    Ознаки: , ,

    Сфе е тапа!

    … И блогерајот

    блогерите и блогерките…

    и постовите и коментарите…

    и блогмастерот и уредничката на насловна…

    и власта…

    и опозицијата…

    и патриотите и предавниците… и Соросите посебно…

    и новинарите…

    и стечајците…

    и Грците и Бугарите…

    и ЕУ и НАТО…

    и името и презимето…

    Сфе е тапа!!!

    И јас сум тапа…

    Ај Чао!

    1762 лето (ништо не се сменило…)

    Ништо не се сменило… и по три векови!

    Ќе прати владици Грци
    лицем светци срцем в’лци
    ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м’лзат до крв.
    Еј! Ќе молзат до крв.

    1762 лето

    Илјада и седимстотин
    шесдесет и второ лето
    в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
    Еј! Дошел Солаор.

    Се претставил пред Арсења
    наша патрика честнаго
    и му рек’л слово горко, слово жалостно.
    Еј! Слово жалостно.

    Царска волја е да тргнеш
    денеска за Цариграда
    на тебе од врли Грци, голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

    Собрал патрик свое стадо
    в црква свјатиј Климентова
    благослов им дал последен, р’це заплетил.
    Еј! Р’це заплетил.

    Д’лго време липал старец
    в молчење в’сенародно
    и по бела брада ронел с’лзи горешти.
    Еј! С’лзи горешти.

    Слушајте ме мили чеда
    јас ќе идам в Цариграда
    на мене од врли Грци голем поплак е.
    Еј! Голем поплак е.

    Грцкиј патрик ќе ни строши
    славна Охридска Столица
    и мене до смрт ќе држи в заточение
    Еј! В заточение.

    Ќе прати владици Грци
    лицем светци срцем в’лци
    ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м’лзат до крв.
    Еј! Ќе молзат до крв.

    Меѓу народа ќе сејат
    несогласје и раздори,
    да се мразат син со татка и со брата брат.
    Еј! И со брата брат.

    И ќе викнете до Бога
    и крило не ќе најдете,
    смирени ќе наведете глави доземи.
    Еј! Глави до земи.

    Ќе ми бидете сираци,
    така било написано.
    Елате ми да ве гушна за последен п’т.
    Еј! За последен пат.

    Ч’рна т’га поразила
    старо, младо, м’жи, жени,
    Вси со р’це заплетени с’лзи проливат.
    Еј! Солзи поливат.

    Тој ги гушка, тие тажни
    му целуват десна р’ка
    и од р’ка как’ од извор с’лзи се лејат.
    Еј! Солзи се лејат.

    Вјахнал Патрик брза коња
    и неволно уп’тил се.
    Тога грмкиј плач народен небо процепил.
    Еј! Небо процепил.

    Умилил се чесниј Патрик,
    свалил шапка навезана,
    погледал на сино небо, љуто прок’лнал.
    Еј! Љуто проколнал:

    „Ох! послушај, милиј Боже!
    Хаир никога да немат
    Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
    Еј! Пејко челеби.

    Милостивиј Бог послушал
    патричка горешча клетва,
    слава нихна, семе нихно погубил со шум.
    Еј! Погубил со шум.

    И сега во куќи нихни
    ткае пајак пајачина
    и на пусти стрехи нихни хукат хутове.
    Еј! Хукат хутове.

    Published in: on март 4, 2010 at 20:05 коментари(46)
    Ознаки: , ,

    Е мој Фрчко…

    Најновиот бисер на Фрчкоски во редовната колумна во „Дневник“:

    „Наместо глупости, ДУИ треба сериозно да се подготви да ги остави во јуни, дпмневци – без Албанци во Владата. Преку лето да се киснат во саламура како „нелегитимна влада“, на меѓународен оган, а во септември, со Господ напред, фино вратени од одмори, да ги срушиме, за да може на мајка Македонија да и’ отвориме перспектива.“

    Што било лесно да срушиш Влада?!?!?!


    Оф, оф аман


    Оф, оф, аман, од големите јадови.
    Оф, оф, аман, од карцери и затвори.
    Три години станаа војник кај служев,
    а сега во затвор да лежам.

    Не ми е жал, што сме млади осудени.
    Не ми е жал што сме млади затворени,
    туку ми е жал што се исполни
    желбата на наш’те душмани.

    Далеку е мојот мили роден крај,
    далеку е, преку албанските гори,
    пред нас стојат стражари со шмајзери,
    ние страдаме од душмани.

    Ох, да знае мој’та мајка кај се возам,
    Ох, да знае параходот каде броди,
    и моторот како жално си брчи,
    тешко му е, робијаши вози.

    Збогум Милке и со здравје да си одиш,
    збогум Милке, немој да ме заборавиш,
    поздрави ги наш’те браќа и сестри,
    само немој нашите душмани.

    ——————————————————–

    Некогаш, многу ни значеше оваа песна…

    Published in: on март 16, 2010 at 20:37 коментари(2)
    Ознаки: , ,

    После големата преселба на blog.mk

    Криза, национално единство, ние, Грција…

    Светот е во криза.

    Македонија е во криза.

    Грција е во уште потешка криза!

    Нашите бивши работници (стечајци) штрајкуваат – едните пред Владата задоцнето бараат решавање на нивниот статус, другите пред седиштето на опозицијата уште позадоцнето бараат одговорност за промашувањата во времето на транзицијата.

    Синдикатот никаде го нема!

    Но затоа пак ги има политичките партии и од власта и од опозицијата кои жестоко се пресметуваат преку грбот на оние кои штрајкуваат со меѓусебни тешки обвинувања кои најблаго речено застрашуваат и загрижуваат. Анимозитетот меѓу приврзениците на двете најсилни политички опции во земјата добива карактер на тежок политички конфликт со катаклизмични димензии и со уште понеизвесна завршница.

    Владата понуди неколку пакети за излез од кризата дочекани со видлива скептичност и неверување на граѓаните и жестока реакција на опозицијата. Нема ни минимум согласност меѓу власта и опозицијата за излез од кризата.

    И во Грција се штрајкува на големо. Стотици илјади работници преку нивните синдикати (!)  речиси секојдневно организираат генерални штрајкови против рестриктивните мерки кои ги презеде грчката Влада за излез од длабоката криза во која се најде земјата. Има и пресметки со полицијата, по некоја бомба, приведени и повредени…

    Грчкиот премиер трескавично бара помош и поддршка од меѓународните организации и поголемите држави (САД, Германија, Франција…).

    А грчката опозиција молчи!!! Нема меѓупартиски обвинувања од типот – Кој тоа ни го направи другари и господа!

    Има само желба да се најде чаре за излез од ќорсокакот!

    Некој вид премолчно национално единство иманентно на состојбите и општ консензус на политичките елити за изнаоѓање решение!

    А што беше тоа национално единство?

    Надвор од темата (или можеби не?!),  Нимиц најавува нов предлог за името…

    Пролет! конечно…

    Во чест на утрешниот прв пролетен ден.


    Време е да се пробудиме од зимскиот сон…  Барем со добра музика!

    За пријателите… (Момо Капор)

    Во мене се тепаат старите другари.
    Едни се на власт, другите во опозиција.
    Израснавме заедно. Ако изгубам еден од нив ќе изгубам дел од мојата биографија. Повеќе нема да ме паметат како млад и луд.
    Кај моите пријатели се моите години, успеси, паѓања, старите љубови, големите очекувања и надежи.
    До вчера бевме на иста страна. Сега едните се на една, другите на друга. Ако пријдам кон едните, ќе ги изгубам другите.
    Што бараш со оној предавник? – прашуваат едните. Од кога ти со онаа бараба? – сe лутат другите.
    Ако седнам во кафеана со едни,  другите престануваат да ми се јавуваат.
    После ги гледам заедно! Идат рака подрака и ме гледаат попреку. Се обединија.
    Ништо не сфаќам повеќе. Кој и да дојде на власт, пак ќе бидам во немилост.


    Момо Капор за пријателите.

    Сурово вистинито, потресно и поучно… Секоја сличност со нас е … намерна!

    Лустрацијата е мртва. Да живее УДБА! Сосе кодошите…

    Уставниот суд на денешната седница  донесе одлука со која се укинуваат 4 клучни членови од фамозниот закон за лустрација со несмасно и проблематично име „Закон за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција“ (Сл.весник 14/08 од 29.01.2008).  членот 2 став 1 во делот „до денот на влегување во сила на овој закон“, членот 8 во делот „и го објавува во `Службен весник на РМ`“ и членовите 13 и 34 од Законот за лустрација.
    За појаснување – оневозможено е спроведувањето на лустрацијата после 1991 година, објавувањето на имињата на кодошите во Службен весник, како и спроведувањето на лустрација во верските заедници, религиозните групи и невладините организации. Со тоа Уставниот суд ја запечати судбината на лустрацијата уште пред таа асолно да почне. И тоа со право!


    Не, не ја спорам во основа оваа одлука. Ако нешто му забележувам на Уставниот суд е тоа што не собра доволно сила да го укине целиот закон како неуставен (за што има доволно аргументи) и со тоа овозможи започнување на нов правичен, праведен, транспарентен и демократски процес со кој еднаш засекогаш ќе беше затворено  ова значајно прашање . Тоа претполага донесување на еден сосема нов закон и нова демократска постапка по примерот на таквите процеси во Бугарија, Чешка, Полска, Источна Германија и некои други посткомунистички земји. Со ваквата одлука, практично се легализира една квази постапка на тобожна лустрација и оневзоможи нов процес со што Македонија заедно со Албанија (таму дури во два наврати е донесен закон кој поради силната исполитизираност никако да се спроведе) се единствените земји кои сеуште не расчистиле со рецидивите на минатиот систем.

    Да бидам искрен, оваа одлука воопшто не ме изненади, а уште помалку ваквата разврска. Уште кога се појави Законот оценив дека е обична циркуска претстава за замајување на јавноста промашена уште во старт.
    За една таква тврда негативна оценка основата ја црпев од предлагачот (Стојан Андов) кој и самиот би требало да биде опфатен со неа ако за ништо друго (неговите потврдени релации со Сојузните служби за безбедност) туку како неизбежен корисник на информациите на тајните служби кои ги користел ef officio (по службена должност) како носител на повеќе јавни функции!

    Вториот извор за сомневање беше главниот подготвувач на Законот Звонимир Јанкуловски кој замислете без око да му трепне јавно изјавува дека се’ до 1999 година незнаел за аферите и дека опозиционата ВМРО ДПМНЕ постојано била под третман на СДБ/ДБК??? Знам дека Јанкуловски провидно одработува некои стари долгови кон Доста Бугарката како нејзин некогашен протеже’ (преку неа и кон Фрчкоски), но во најмала рака неумесно е дрско и безобразно (при толку многу докази и живи непосредни сведоци) да се прави „на удрен“ дека не слушнал или не прочитал за аферите „Дувло“, „Сина птица“ (обелоденети уште 1992 година), „Темел“, „База“, „Павароти“… за многубројните политички досиеја на речиси сите членови од раководните структури на тогаш опозиционата ВМРО ДПМНЕ! Кај ли бил човеков сите овие транзициони години???

    И на крај секако контроверзниот закон кој уште со насловот самиот се класифицира како закон од сферата на работните односи, а не како основ за правно – политички процес со кој на конкретен и симболичен начин едно демократско општество ќе  раскрсти со своето недемократско минато. Токму тука лежи основот за неуставност на целиот закон: никој надвор од уставните одредби не може да определува некој друг услов без оглед на оправданоста се’ додека тоа не биде вметнато во него со амандман! Згора на тоа токму овој член генерира селективност и неправичност дури и да се спроведе во дело: на удар на лустрацијата можат да се најдат само оние лица кои се актуелни носители на јавни функции или оние кои ќе претендираат во наредните 2 – 3 години (до денот на важењето на законот) додека сите други остануваат нечепнати без оглед на нивната улога во репресивните процеси на тајните служби во изминатиот период. Се разбира за некои постапки на тајните служби не е доволно само оневзоможување на доаѓање до одредени функции туку неизбежни се и судски процеси, за што (верувале или не) се залага и самиот Фрчкоски во една негова неодамнешна колумна!

    Она што ме насмеа во целата оваа ситуација е образложението на Уставниот суд за ваквата одлука дека после 1991 година во Македонија бил воспоставен демократски систем на власт (!) и затоа лустрацијата не можела да се однесува на транзициониот период! По кој тоа критериуми оценил и од каде се појавија оние илјадници досиеја на политичките опоненти и многубројни афери токму во овој „демократски период“ веројатно знае само судот.

    Планирав да се осврнам и на некои други аспекти на овој процес (валидноста на документацијата, налогодавачите, корисниците на информациите, и секако некои конкретни случаеви), но после ова сметам дека е излишно.

    Нема пруга натаму, па тоа ти е…

    Лустрацијата е дефинитивно мртва…

    Да живее УДБА! Сосе кодошите…

    Талиа Драгонас: Етничките Македонци имаат право на себеидентификација (пренесено)

    “Грција не може да биде носител на единствена античка култура, и не смее да има негативен став кон малцинствата во земјата. Етничките Македонци во северна Грција имаат право за себеидентификација исто како што луѓето од Атина имаат право да се нарекуваат Грци”. Ова го пишува генералниот секретар на грчкото Министерство за образование и наука Талиа Драгонас во нејзината книга “Што е нашата земја”.

    Тезите со нож беа дочекани од националистичката Лаос. Караџаферис од говорницата на грчкиот Парламент ја обвини функционерката за ширење на анти државни ставови и побара нејзина оставка. Изнесените историски факти за Македонците и Турците беа повод деновиве во Грција да се отвори и дебата за малцинствата и националниот идентитет, прашања кои политичките партии ги избегнуваат по секоја цена.

    Она што најмногu ги погоди грчkите националисти е тврдење дека грчкиот идентитет е основан во 19 век. Наспроти уверувањата за античко потекло на грчката култура, Драгонас која меѓу другото е професор, пишува дека Грција доживува културно просветлувањe во Отоманскиот период, а дека грчкиот идентитет се создaва под влијание на Велика Британија и Франција во 19 век.

    - Горда сум на историјата, културата и мојот идентитет, но исто така треба да се бориме и за демократија, толерантно општество и почит кон сите луѓе и култури во светот. Тоа што моите книги беа примени како анти-грчки и отстранети од страна на Владата не би рекла дека е демократски. Кога станува збор за културните права, бројното турско малцинство, како и бројните како што ги нарекува нашата Влада Славомакедонци, немаат право на самоидентификација – изјави Драгонас во интервју за То Вима.

    Лавината обвинувања на нејзина сметка, таа ги оцени како чисто политички и рече дека нема намера да поднесе оставка туку напротив е подготвена и да се спротистави на ЛАОС.

    Ова не е прв пат грчки интелектуалци да и контрираат на политиката на официјална Атина.
    Издавањето на книгата го финасираше Европската унија.


    Да не се заборави! Некои злосторства не застаруваат никогаш!

    Кликни на сликата за поголема резолуција.

    Грците на гости, квинслизите на јуриш!

    Ми дошле Грците на гости на моето блогче.  Гуглале нешто па преведувале.


    Забележавте?

    Јазикот од кој се преведува е „Славомакедонски“.

    Ви текнува ли сега зошто домашните квинслинзи (фала ти Фрле – геније ебиветровски!) зошто толку запнале за словенско потекло на Македонците?!!

    За добра ноќ…

    When the evening falls and the daylight is fading,
    from within me calls – could it be I am sleeping?
    For a moment I stray, then it holds me completely.
    close to home – I cannot say.
    close to home feeling so far away.

    As I walk there before me a shadow
    from another world, where no other can follow.
    carry me to my own, to where I can cross over…
    close to home – I cannot say.
    close to home feeling so far away.

    Forever searching; never right, I am lost
    in oceans of night. Forever
    hoping I can find memories.
    those memories I left behind.

    Even though I leave will I go on believing
    that this time is real – am I lost in this feeling?
    like a child passing through, never knowing the reason.
    I am home – I know the way.
    I am home – feeling oh, so far away.


    Со кого преговараме? И каде одиме???

    25.03.2010 Military parade. Men of the Greek Army special forces shout “You are born Greek, you never become one, we’re gonna spill yourblood, you Albanian pig” and “They are Skopjans, they are Albanians, I’m gonna make my new clothes out of their skin”

    Слободен превод на македонски:

    25.03.2010 Воена парада. Војниците од специјалните единици на Грчката Армија извикуваат:  “Вие сте родени како Грци, но никогаш нема да станете (веројатно Грци м.з.), ќе ви ја пролееме  крвта, вие Албански свињи ” и “Тие се Скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа”


    Без коментар!!!

    Жива е Македонија! (2)

    Монодрамата „Така зборува Исидор Солунски“ во видео верзија.

    Целиот текст овде!


    Се’ е кажано…

    Се’ е кажано…

    Published in: on март 30, 2010 at 20:51 коментари(4)
    Ознаки:

    Thоsе wеrе the dаys

    По повод упокоението блогерајско  :( ((


    Published in: on април 5, 2010 at 20:25 коментари(22)
    Ознаки: , , ,

    R.I.P Tрајче Трпевски

    Неговото име можеби не ви значи ништо. Го нема во книгите, мемоарите, енциклопедиите…

    Но за вистинските познавачи на историјата на ВМРО ДПМНЕ Трајче Трпевски е една до иконите на партијата! Обичен човек со широко срце и голема искрена и величенствена верба во идеалите на ВМРО! Не беше и не стана функционер. Беше личен шофер на Љубчо Георгиевски и целото раководство на партијата во првите години на плурализмот. Со црвената партиска лада прокрстари низ Македонија и Балканот милиони километри. Беше сведок на многу настани и случувања. Но од него никогаш не можеше да се извлече ни збор надвор од обична неформална информација.

    Машки ги издржа и оние 15 месеци затвор во чисто наместен случај од страна на СДБ заради поседување на оружје. Не доби ниту ден помилување или отсуство!

    Секогаш насмеан, со ведар дух и со препознатлив поздрав оддалеку со широко отворена рака, Трајче немаше непријатели!

    Негови единствени и најголеми непријатели беа трите негови „пороци“ : цигарите, кафињата и жените.

    Тие и доведоа до денешното простување со него.

    Нека почива во мир!


    Сериозна држава

    Според албанската телевизиска станица Топ Чанел албанскиот претседател Бамир Топи најверојатно нема да издаде агреман за новонаименуваниот амбасадор на Република Македонија во Тирана,  Веле Трпевски.

    Албанската страна се нашла навредена што во оваа земја Македонија за амбасадор се испраќа млад човек  (28 години) без ден дипломатско искуство!

    И така и Албанија стана сериозна држава…

    Убавина преточена во слики – Катерина Пеева

    Ја имав таа среќа шетајки по бескрајноста на виртуелниот свет да налетам на нешто убаво кое ме воодушеви.  Па еве го споделувам со вас сликарството на Катерина Пеева од Гевгелија, правник по професија, но со огромен талент,  посветеност и љубов кон магичната игра на боите.

    На нејзините платна се среќаваат различни теми иако низ сите нив се насетува мирисот и духот на Југот неретко надополнета со духот на антиката толку присутна на поднебјето на кое живее и твори.  Негува и различни стилови кои подеднакво успешно ги обработува Пеева во потрага по сопствен автентичен стил. Од техниката најзастапени се сликите со масло на платно, но тука се и графиките и сите други можни техники на сликарството.

    Не сум ликовен критичар, па затоа оценката ви ја препуштам вам, а нејзе и посакувам што побрзо да ја оствари својата прва самостојна ликовна изложба.

    Неколку нејзини дела по мој избор:


    „Жената во сино“

    „Жена покрај камин“

    „Зајдисонце – тигар“

    „Пикасо“

    „Коњ“

    „Гевгелија“ – туш

    „Букет“

    „Бранови“

    „Апстракт пеперутка“

    „Антика“

    „Ангел“

    „Афродита“

    Малку уметност во овие матни времиња добро ќе ни дојде!

    Писмото на Георги Димитров

    Во 1934 година Георги Димитров (1882 – 1949) испратил писмо од Москва до Четвртиот конгрес на Македонскиот народен сојуз одржан во Чикаго, во кое на недвосмислен начин го признава постоењето на македонскиот народ!

    Кој тоа коментираше дека до 1943 година не се споменувало постoењето на македонски народ?

    Писмото го презентирам во целост како несоборлив аргумент за побивање на таквите тези:

    „До Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз, Детроит, Америка.

    Братски поздрав на делегатите на Четвртиот конгрес на Македонскиот народен сојуз. Се чувствувам неразделно сврзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство кое потекнува од Разлог — долината на историското Илинденско востание. Бугарскиот пролетаријат животно е заинтересиран за национално ослободување на Македонија. Националното угнетување на македонскиот народ е извор на јакнењето на угнетувањето на работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција. Поделена и ограбена Македонија претставува јаболко за раздор меѓу балканските империјалисти и извор за постојана опасност од воени судрувања и немири на Балканот. Во својата борба за ослободување македонскиот народ нема и не може да има други вистински пријатели и сојузници освен револуционерните работници и селани во Бугарија и на Балканот.

    Во својата борба за социјално ослободување бугарскиот пролетаријат гледа во македонското револуционерно движење еден од своите најдобри сојузници. Борејќи се против фашизмот и за работничкоселанска власт, за Советска Бугарија, бугарските работници и селани, под раководството на Комунистичката партија, во исто време се борат за ликвидирање на секое национално ропство и ропство на македонскиот народ.

    Македонското движење има многу непријатели. Но најстрашен е неговиот внатрешен непријател — тоа се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и пред се бандата на Михајлов. Преку тие агенти бугарската буржоазија го ползува македонското движење за своите егоистички интереси и за закрепнување на својата крвава диктатура врз самиот работен народ на Бугарија. Со помош на таа банда, која се нарекува Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) со кое ги сквернави идеалите на македонскиот народ, цанковистите успеаја на 9 јуни 1923 да ја урнат Земјоделската влада и да организираат крвав терор против работничките и селанските маси. Со учеството на овие главоресци беше уништено народното востание во септември 1923. Тогаш беа убиени и затворено на илјади бугарски работници, селани и интелектуалци. Таа банда во една година ги истреби старите независни македонски револуционери во Горна Џумаја.

    Нејзините главоресци беа искористени за убиство на повеќе од 2.000 работници, селани, интелектуалци во врска со провокаторскиот атентат во Црквата Св. Недела во април. 1924 година. По наредба на бугарскиот фашизам, тие подло го убија великанот на македонското револуционерно движење Димо Хаџи Димов, храбриот македонски народен пратеник Христо Трајковски, многу Македонци со поинакви погледи, како и такви славни работници во бугарското работничко движење како што беше работничкиот народен пратеник Напетов. Не е возможна успешна борба против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање од македонските маси на оваа штетна банда, без потполно елиминирање на нејзината предавничка ролја во македонското движење и во внатрешниот политички живот на Бугарија.

    Македонската емиграција во Америка, како и македонската емиграција во самата Бугарија, има должност со сите сили да дејствува за што поскорешно остварување на своите задачи, поддржувајќи ги стремежите на ВМРО (обединета) кон поврзување на сите вистински револуционерни македонски снаги. Само единствена револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција. Само советскиот систем, како што најдобро покажува искуството на големиот Советски Сојуз, може да обезбеди конечно национално ослободување и полно национално обединување. Во тој дух од се срце му пожелувам на Вашиот конгрес најдобри успеси.

    13 мај 1934. Москва

    Г. Димитров“


    Пролет во Брајчино

    … А таа по правило,  доцни…

    Мора ли вака?

    Вчера се побунија тутунарите заради неисплатените субвенции.

    Денес банките почнаа со исплата.

    Денес реагираа здравствените работници (и опозицијата) заради неисплатените плати.

    Попладнево медиумите објавија дека Фондот конечно префрлил пари за плати.

    Мора ли да се побуниш за да го оствариш она што ти припаѓа???

    Од сабајле…

    Брутално разбојништво утрово во Скопје

    Тројца тешко повредени во напад во општина Кисела Вода

    Скопјанец убиен на улица во Бутел

    Како ли ќе заврши денот???

    Published in: on мај 20, 2010 at 11:22 коментари(24)
    Ознаки: , ,

    За мене…

    Ете и песна ми посветиле… :)


    Што ти значи популарност :D

    Published in: on мај 27, 2010 at 18:16 коментари(21)
    Ознаки: ,

    Деполитизација, демонополизација или деколишевизација (ретро)

    Постот на Charlotte за другарот Лазо ме потсети на првите моменти од распадот на тоталитарниот систем на владеење и рушењето на култот на Лазар  Колишевски како персонификација на македонската варијанта на тоталитаризмот. Како активен припадник на тогашната СДБ ја имав таа (не)среќа одблиску да се запознаам со методите на делување и функционирање на таквиот систем и злоупотребата на моќта на тајната полиција во остварувањето на сопствената власт и  моќ на влијание во општеството, но и во пресметката со политичките неистомисленици од редот на тогашната македонска интелегенција. Го сторив тоа што го сметав за човечка и морална долност – јавно реагирав и лично и како припадник на групата „Осумтемина“. Еве еден од моите тогашни реакции објавен во неделникот „21“ на 31.08.1990 година.


    ДЕПOЛИТИЗАЦИЈА, ДЕМОНОПОЛИЗАЦИЈА ИЛИ ДЕКОЛИШЕВИЗАЦИЈА

    Полицијата и реформата

    Бранот на демократските процеси што во последните две години ги зафати речиси сите сфери на македонската општествено – политичка стварност, покрај отврањето на многубројните до вчера табу теми, непознати или недофатливи прашања и дилеми, во фокусот на интересирањето на јавноста со сета сериозност го експонираа и прашањето за системот на безбедноста односно општествената положба и функција на органите за внатрешни работи. Причини за тоа имаше повеќе, па дури и премногу.

    Многубројните деформации и злоупотреби обелоденети во јавноста, како во рамките на самата Служба за безбедност (во кадровската политика, станбената област, работните односи, располагањето со општествените средства и т.н.) така и во врска со нејзиниот однос спрема општеството (инволвирањето во дневната политика, монтираните политички процеси, „сечата“ на македонската интелигенција, „либералите“ и сите други кои застапуваа дисонантни ставови од официјалните), неминовно го наметнаа императивот за суштинска и радикална реформа на системот на безбедноста и трансформација на Службата за безбедност во модерен, ефикасен и професионален орган чија примарна задача ќе биде заштитата на уставниот поредок, на правата и слободите на граѓаните и доследно почитување на законските прописи.

    И додека едни, заслугите за започнатите процеси на демократизација на полицијата им ги припишуваат на самите нејзини припадници кои јавно ги обелоденија деформациите во неа, што беше вистински шок за јавноста и разбивање на стереотипните предубедувања за можноста од од пробив на каков бил демократски ветар во „најверниот чувар“ на партиското едноумие, одредени (зли?) јазици целокупната заслуга им ја припишуваат на Андоновски и Трпеновски, двајцата министри за внатрешни работи на таканаречената Влада на Глигорие Гоговски, кои за време на своите мандати произведоа толку многу „бисер“ афери што и на обичните смртници им стана наполно јасно дека без радикални и суштински реформи на системот на безбедноста, вистинска демократизација на општеството едноставно не е можна.

    Навидум, за неопходноста од таква реформа, во политичкото милје во Републиката како да постои вистински консензус.  За неа се залагаат и политичките партии, граѓаните, па и самите претставници на државните органи… Сите. Но, и најобична анализа на досега понудените изборно – предизборни програми или изјави на одделни високи функционери од актуелната Влада, покажуваат дека со нив (од недоволно познавање на оваа проблематика или некои други „повисоки“ интереси) не се понудени поконкретни решенија или визија за целите, правците, суштината и дострелите на навестената реформа.

    Севкупните заложби за тоа во основа се сведуваат на таканаречената „деполитизација на полицијата“ која и различно се сфаќа и различно се толкува, најчесто поистоветувајки ја со престанувањето со работа на партиската организација во органите за внатрешни работи или пак дезидеологизација на законските и подзаконските прописи од овие области, бришење на идеолошките критериуми за одредување на непријателските категории кои се под третман на Службата за државна безбедност. Во основа, новоформираните политички партии во СРМ во „деполитизацијата“ гледаат можност да го спречат монополот и туторството над полицијата од страна на Сојузот на комунистите и неговите „сиви еминенции“ (иако сегашното раководство на СКМ – ПДП доброволно се откажа од таквиот монопол!), додека одделни државни функционери, од кои најгласен е токму Трпеновски, под наметка на демократијата со истата таа деполитизација, во услови на непостоење на вистинска општестевена контрола прават последни обиди да ја конзервираат сегашната status quo положба и да го спречат натамошното разголување на досегашниот феудален систем на власт, чија стабилност и нивните привилегии беа во директна корелација со моќта на полицијата. За искреноста на „демократските“ заложби на овие последните доволно зборуваат и неодамнешните скандалозни чистки и уште поскандалозни кадровски промени во РСВР и новиот, нашироко рекламиран Закон за внатрешни работи, а уште повеќе последното безумно укинувања на Независниот синдикат на работниците од ЕМО – Охрид, кои по се’ изгледа, се позајмени од аналите на минатиот  век.

    Без оглед на тоа, ако терминот „деполитизација“ (латински: depolitisatio) се сфати во неговото изворно значење како „отстранување од политиката или лишување од политички права на некој сталеж или група луѓе, на пример војска, полиција и сл“, тогаш логично се поставува прашањето: Може ли суштински и терминолошки претстојните реформи во полицијата да се сведат на т.н „деполитизација“ и дали таа воопшто е можна?

    Адекватен одговор на горе поставеното прашање и конципирање на квалитетот и квантитетот на промените кои ќе бидат основа за нејзина демократизација во себе и кон општеството, е неможен без критичка и комплексна анализа на некои клучни аспекти од битно значење за досегашната положба и функција, а особено поставеноста во општеството, содржината на нејзината работа, кадровската политика, човековите права, односно правата и слободите на граѓаните, како и прашањето на општествената контрола над нејзината работа кое, се чини е од извонредно значење за демократско опстојување на повеќепартизмот.

    Досегашниот 45 годишен развој на Службата за безбедност исполнет со несомнени успеси во зачувувањето на новосоздадената држава, сепак не ќе може докрај правилно да биде разбран без опстојна и сестрана критичка оценка на помалку розевите страници од нејзината историја, со посебен акцент на продлабочената спрега со Комунистичката партија од која директно произлезе феноменот наречен „политичка полиција“.

    Играјки ја улогата на „ударна тупаница“ на Партијата, Службата стана најверен чувар на партиската монолитност и едноумие и главен лост на еден посебен систем на власт наречен партиско – полициска држава. Целосната потчинетост кон семоќните партиски комитети доведе до тоа таа да стане заштитник на партискиот, а не на државниот поредок. Таму каде што бољшевичката демагошка пропаганда беше недоволно моќна во убедувањето на граѓанинот во „светлите“ перспективи на „најубавиот од сите можни светови“, на сцена стапуваше моќната политичка полиција со својот доволно богат арсенал од репресивни и политичко обоени „мерки и активности“. Не ретко, а тоа случаите со Ченто, со либералите, со граѓанските десничари, па се’ до „Осуммината“ доволно јасно го потврдуваат, партиската анатема беше своевидна увертира или carte blanche за судска, работна или политичка репресија и дискредитација на жртвуваниот граѓанин од страна на државните органи, во што полицијата беше доследен егзекутор. Спрегата со Партијата неминовно го детерминираше и категоријалниот систем на непријателски категории аплициран во работата, во кој личниот однос на граѓанинот кон комунистичката иделогија беше основниот критериум што го утврдуваше неговиот полициски „третман“ па така, во него, рамо до рамо дефилираат иделошките неистомисленици – „либералите“, „анархолибералите“, „ старите класни структури“, „граѓанските десничари“, „техноменаџерите“ и т.н и т.н.

    Македонската варијанта на политичката полиција имаше уште една, не помалку важна специфика: со децении, а најмногу последните две, Службата за безбедност беше и остана „приватна“ сопственост на Лазар Колишевски и неговите јуришници од ловечките бригади. Расветлувањето на многу повоени политичко – полициски процеси во Македонија во никој случај не смее да ја заобиколи оваа нелегална идентификација на полицијата со личноста на еден човек чие име стана персонификација на нејзината неприкосновена и недопирлива моќ и влијание – вистинска нејзина сива еминенција.

    Консеквенците од таквата двојна потчинетост и покорност се повеќе од катастрофални, како за општеството (веќе општопознати), така и за самата Служба. Најеклатантен пример за тоа е кадровската состојба во неа, каде доследната примена на политиката на прием и унапредување на кадрите согласно нивната „подобност“ и односот кон култот на Колишевски, овозможи на раководни и клучни места во РСВР (посебно во СДБ) да се најдат луѓе со несоодветен степен и вид на образование (главно учители, шумари, ловочувари и на нив рамни пропаднати општински политичари) со мали способности, но со големи наклоности кон ловот и другите „слатки“ задоволства на феудалните владетели, што поприми обележје на вистинска кадровска саботажа.

    Од друга страна, монополот на партиските челници и на Колишевски над моќта на полицијата, покрај многубројните лични привелегии, претставуваше вистински монопол и над кадровската политика во Македонија, пред се’ во највисоките државни органи, што дебело се злоупотребуваше за жестока и немилосрдна пресметка со со нивните политички противници. Затоа, во право се оние кои јавно изјавуваат дека сегашното раководство на РСВР, по повеќепартиските избори не ќе може да остане на сегашните функции. Но, не само во РСВР, а најмалку поради некаков реваншизам спрема нив заради тоа што со години биле ескпоненти на една погрешна и промашена политика. Неопходна е целосна и суштинска кадровска обнова врз принципиелни основи на Службата за безбедност, а пред се’ на целиот државен апарат како есенцијален елемент на толку потребната и неизбежна деколишевизација на македонската стварност. Ова од едноставна причина што е илузорно да се очекува дека оние кои до вчера биле главни актери и најортодоксни бранители на нелегитимниот систем на власт и чиј вазален однос кон култот на Колишевски беше единствено покритие за нивниот политички, стручен и морален кредибилитет, ќе можат да дадат каков и да е конструктивен придонес во сеопштата демократизација на македонската држава.

    Не помалку важни се и промените што ќе мора да уследат и во заштитата на правата и слободите на граѓаните. Постоењето на низа дискрециони права според кои на граѓанинот му се ускратува некое право без посебно образложение што со незначителни измени го содржи и новиот Предлог – закон за внатрешни работи е во колизија со „демократските“ саморекламирани заложби на актуелниот републички секретар.

    Доволно е да се погледнат само правата што ги уживаат вработените кои по ниедна основа не ќе можат да бидат сместени во XX век, па така согласно недефинираните и доволно растегливи категории „по потреба“ или „во интерес на Службата“, без никаква постапка или, недај Боже, образложение, во секое време можеш да бидеш „ставен на располагање“, „преместен на друго работно место“, „пратен на работа во друга Република“, „пензиониран пред исполнувањето на услови за пензија“ и сл. Доволно „аргументи“ за идиотска послушност.

    Некоректни би биле ако ја изоставиме круната на ваквата демократија преточена во т.н. „изолација на определено место“ како последен отсјај на системот чиј заборав директно зависи од чистотата на нашата свест. Бескорисно и јалово ќе биде секое елаборирање на аспектите на оваа осуда без суд, освен предлогот што се наметнува сам по себе – „определеното место“ на кое, од една до сто и една година ќе се наоѓаат изолираните, по примерот на Голи Оток или Свети Гргур, а во чест на Предлагачот да го носи името – „Свети Јован“. Заради континуитет на историјата!

    Инаугурирањето на повеќепартискиот систем се’ уште не значи и автоматско елиминирање на сите опасности од воспоставувањето на нов монопол и следствено на тоа, нова злоупотреба на моќта на полицијата од страна на некоја друга партија, особено ако се има во вид се’ уште недоволно јасно и прецизно дефинираниот уставен поредок на земјата. Во тој случај влијанието на партијата која ќе победи на слободните повеќепартиски избори логично ќе биде од пресудно значење не само во моделирањето на новиот систем на власт, туку и во определувањето на критериумите според кои ќе се идентификуваат потенцијалните „загрозувачи“ и исто така потенцијалните „загрозувачки“ активности за поредокот што неминовно ќе бара соодветен третман од страна на полицијата.

    Од друга страна, поставувањето на „свој“ министер за внатрешни работи во еден строго хиерархиски организиран апарат веќе утре може да биде злоупотребено од страна на партијата што ја освоила власта за сопствени интереси, па така секоја активност на опозиционите партии, нивните прокламирани политички цели, па дури и најдобронамерната критика на политиката на Владата да бидат прогласени за „противуставни“ или „загрозувачки“ за поредокот. За реалноста на таквата можност доволно докази ни даде и сегашната Влада.

    Истовремено, богатиот арсенал на т.н. дискрециони права и посебни овластувања сп кои се отстапува од начелото на неповредивост на некои со Уставот загаранатирани права на граѓаните (прислушкување, контрола на преписката, претрес и сл.) даваат дополнителни и неограничени можности владејачката партија целосно да ја апсолутизира сопствената власт и да ја пасивизира активноста на опозицијата – од навремено осознавање на нејзините предизборни или изборни активности, цели, намери, па се’ до компромитирање на лидерите на противничките партии доколку во меѓувреме не бидат изолирани.

    Може ли тогаш да се негира политичката улога на полицијата? Како ли само ќе се нарекуваат оние кои ќе го загрозат поредокот заштитуван од „деполитизираната“ полиција, ако не непријатели? Може ли тука да се негира постоењето на класичен судир на две (или повеќе) политички опции од кои една, која е на власт и по секоја цена ќе настојува да опстане, вклучувајки ја и помошта од „својата“ полиција и други кои се борат да станат владејачки?

    Одговорот на поставените прашања не оди во прилог на валидноста на лансираната теза дека суштината на реформата на полицијата се исцрпува со „деполитизацијата“ изразена низ забрана на дејствување на политичките партии или дезиодологизација на програмската и содржинска ориентација во работата. Деполитизацијата е и може да биде само еден аспект од неопходната широка, радикална и сеопфатна преобразба која нужно ќе доведе до квалитетно нова – демократска поставеност на полицијата во системот, која единствено може да биде гарантирана со демонополизација на нејзината моќ преку соодветна парламентарна контрола, со што дефинитивно ќе се елиминира секоја можност од евентуална нејзина злоупотреба од било која партија, интересна група или поединец. Правото на таква контрола би го имале сите партии кои обезбедиле место во Парламентот со делегирање на свој претставник во соодветната комисија со што контролата ќе стане и јавна и фактичка наместо сегашната квази контрола што ја врши собраниската Комисисија за контрола на СДБ на Александар Донев, Ристо Дамјановски и другите, чија методологија на работа, барем според она што досега се направи, очигледно е во директна зависност од хидрометеоролошките промени и нивниот одраз врз интензитетот на љубовта на сончогледот спрема сонцето.

    Востановувањето на адекватен и вистински парламентарен систем на контрола над работата на државните органи (а во тие рамки и на полицијата) не е само предуслов за нивна демократска инкорпорираност во општествените процеси, туку и основа за враќање на довербата на граѓанинот во легално и со негова политичка воља востановените институции на системот. Всушност, вистинска демократизација ќе настапи тогаш кога граѓанинот ќе биде Тој што ќе ги контролира државните институции, а не тие него!

    Александар Диневски


    Цело е кога има се’!

    Ме испровоцира Андреј… :)

    Во фламанскиот дел на Белгија на последните парламентарни избори победи сепаратистичката Нова фламанска алијанса и со тоа му даде нов импулс на дезинтеграцијата (читај распаѓањето) на оваа и онака поделена земја.

    Од 1 Јули Белгија ќе го преземе претседавањето со Европската унија, недефинирана организација чие распаѓање е прашање на денот!

    Бугарија е веќе во ЕУ како докажан „уништувач на сојузи“. Кај се приклучила сите сојузи се распаднале.

    Кој тука недостига?

    Цело е кога има се’!!! :D

    Вашиот коментар чека модерирање…

    На постот кај Мартин напишав коментар:

    Не ти одговорив на претходниот пост па еве сега.

    Треба алтернатива Мартине ама таа што си ја одбрал е полоша од сегашната понуда!

    И отиде…

    Нешто подоцна како одговор до 1979 напишав нов:

    Вашиот коментар чека модерирање.

    Се разбира дека е лоша и неприфатлива под такви услови кои ни ги поставуваат.
    Ама алтернативата на Мартин (ако се изземе Турција) е никаква алтернатива. Очигледно малку научивме од минатото…
    Зошто не ја стави барем и Бугарија – и таа не призна под уставното име?

    И… чека модерирање!

    Оти???

    Published in: on јуни 28, 2010 at 01:01 коментари(17)
    Ознаки: , ,

    Песна за денес

    It won’t be easy, you’ll think it strange
    When I try to explain how I feel
    That I still need your love after all that I’ve done

    You won’t believe me
    All you will see is a girl you once knew
    Although she’s dressed up to the nines
    At sixes and sevens with you

    I had to let it happen, I had to change
    Couldn’t stay all my life down at heel
    Looking out of the window, staying out of the sun

    So I chose freedom
    Running around, trying everything new
    But nothing impressed me at all
    I never expected it to

    Chorus:

    Don’t cry for me Argentina
    The truth is I never left you
    All through my wild days
    My ma
    d existence
    I kept my promise
    Don’t keep your distance

    And as for fortune, and as for fame
    I never invited them in
    Though it seemed to the world they were all I desired

    They are illusions
    They are not the solutions they promised to be
    The answer was here all the time
    I love you and hope you love me

    Don’t cry for me Argentina

    (chorus)

    Have I said too much?
    There’s nothing more I can think of to say to you.
    But all you have to do is look at me to know
    That every word is true

    План „Б“

    Европратеникот Јелко Кацин во денешната изјава најави активирање на Планот „Б“ во врска со приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Демек бидејки во случајот со Македонија подолго време немало напредок тогаш наместо нас би можела да биде примена Црна Гора која веднаш би почнала преговори за прием!

    Попрецизно еве што кажува Кацин:

    - Македонија веќе пет години не е во состојба да го надмине проблемот за името. Затоа мораме, во случај Македонија да не направи пробив, да развиеме така наречено сценарио Б. Кога Исланд ќе почне преговори вниманието на ЕУ и на меѓународната јавност ќе се пресели на Атлантикот, на страна, во друг правец од Западниот Балкан. Затоа, нам ни е многу неопходно што е можно поскоро некоја нова земја кандидатка од Западниот Балкан да биде во ситуација да почне преговори, изјави европратеникот Јелко Кацин.

    Фино… Прекрасно! Убаво ни го плесна в лице ако некои сеуште имаа илзуии за принципиелноста на Еропјаните и нашите драги симпатизери од дежелата.

    Сега нас не ни преостанува ништо друго освен да го активираме нашиот План „Б“!

    Се разбира, ако го имаме…

    Мој предлог овде!

    Published in: on јули 19, 2010 at 22:28 коментари(39)
    Ознаки: , , ,

    Хит на месецот

    Не можев да одолеам на песнава… :)


    Моментален хит во Македонија!

    Published in: on јули 22, 2010 at 15:42 коментари(26)

    Македонисти и бугарофили во ВМРО-ДПМНЕ (преземено)

    Во најновиот број на весникот „Време“ објавена е ексклузивна анализа на професорот д-р Јове Кекеновски за судирите помеѓу македонското и бугарското крило во ВМРО ДПМНЕ. Кекеновски и самиот учесник во тие настани дава поширока анализа на причините кои доведоа до познатиот раскол  во 1997 година и елиминација на македонистичкото крило во партијата.  После се’ друго е историја.

    Текстот го пренесувам во целост во согласност со авторот:


    Второто реемитување на емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, чијшто гостин беше Љубчо Георгиевски со неговото признание за бугарофилство во ВМРО-ДПМНЕ за време на неговото претседателствување се чини дека ја прелеа чашата и затоа решив овој текст да го посветам на случувањата во таа партија, чијшто активен член бев во тие години. Иако мотивите на Ефтов за нејзиното репризирање ми се мошне јасно познати, сепак не сакам да се мешам во мотивите за националното чувство на Георгиевски, од причина што тоа е негово право. Меѓутоа, не можам да дозволам на речиси половината од тогашните членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а чијшто член бев и јас, да им се припишуваат бугарски чувства и корени.

    Морам да бидам искрен дека интервјуто беше добра сатисфакција за сите тие што во тој период ја поттикнаа иницијативата за разрешување на Доста Димовска од функцијата потпретседател на партијата, поради нејзините ставови и дејствување што отстапуваа од тие за кои официјално се залагаше партијата. Велат, кога-тогаш, вистината ќе излезе на виделина. И излезе. Но, мене ме зачудува молкот на медиумите, кои во таа далечна 1997 година цело време ги следеа случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и опширно пишуваа, а сега, по толку години, кога вистината излезе на виделина, ама буквално ништо не спомнаа за таа историска седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи многумина и не знаат или, пак, заборавиле што се случуваше всушност на таа историска седница, во кратки црти ќе се обидам објективно и по 13 години да ги потсетам читателите што се случуваше и што им претходеше на тие случувања. Кон крајот на август 1997 година, поточно по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа на 30 август 1997 година во Собранието на Град Скопје, во македонската јавност како бомба одекна веста за жесток судир во највисокото раководство на најмоќната опозициска партија. За многумина судирот изби неочекувано и ненајавено бидејќи дотогаш ВМРО-ДПМНЕ важеше за една од најстабилните политички партии во време кога во речиси сите други партии ескалираа отворени судири (СДСМ, Социјалистичката партија, ЛДП итн).

    Но, пред да почнам со хронологијата редно е да кажам неколку зборови за првите обиди за бугаризирање на оваа партија. Иако уште на самиот почеток имаше членови со таква ориентација, сепак, вистинската офанзива на великобугарската политика во ВМРО-ДПМНЕ почна кон крајот на 1994 година, за кулминацијата да ја достигне токму на таа (од денешен аспект) историска седница. Претходно формираната ВМРО – Татковинска во која се вгнездија најекспонираните борци за великобугарската кауза во Македонија, според процените на стратезите во Софија, не ги даде очекуваните резултати, па затоа се менува тактиката и е решено бајракот на бугарштината да го понесе ВМРО-ДПМНЕ. Притоа, дадена е директива, малобројното членство на „татковинците“ да премине во ВМРО-ДПМНЕ, да се обиде да се инфилтрира во структурите на партијата и да направи преврат со преземање на раководни функции и со елиминација на клучните личности од ортодоксната македонска опција во неа.


    Уште во текот на 1995 година во Република Македонија се забележува се позачестена и изострена пресметка меѓу македонизмот и неговите критичари. Во дневно-информативните медиуми, како и во неделниците, некои луѓе со поинакво чувство за припадност и корени се обидуваа да го критикуваат македонизмот како државна идеологија и да ја разоткриваат „историската вистина“ за него, како и неговата „историска ограниченост“. Ваквите обиди ги согледуваме во изјавите и статиите на М. Србиновски, Д. Димитров, А. Лепавцев, Д. Галев, Х. Михаилов, авторката под псевдоним Донка Цветковска (вистинското име му е познато на авторот на текстов) и други. Овие луѓе често за изнесување на своите ставови ги користеа дневно-информативните македонски медиуми, но и списанијата „Македонско дело“ и „Глас“ – орган на ВМРО-ДПМНЕ. Ним аргументирано им се спротивставуваа Александар Донски со својата статија „Македонскиот, а не бугарскиот, е најстар книжевен јазик“ („Глас“ број 24), Александар Диневски, алијас Ахил Апостолов со својот напис „Чакам те да дојдеш“ („Завет“ – гласник на УМС на ВМРО-ДПМНЕ бр. 9), текстот „Некои нови клинци“ (чинам дека автор беше Атанас Стамнов), потоа текстот „Македонија и Русија“ од Александар Филипов (Драги Ивановски), „Кој, кого и зошто го чака да дојде“ од Ѓорѓи Костов, „Антибугарскиот карактер на Великоморавската мисија на светите браќа Кирил и Методиј од 9 век“ и др.

    Би било неправедно од мене доколку не споменам дека во тој период се понагласена активност има новото раководство на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот весник „Завет“, чиишто припадници стануваат главна потпора на македонската опција во ВМРО-ДПМНЕ. Но, да се навратам на самата седница. Хронологијата на настаните непосредно пред, во текот и по одлуката на „историската“ седница на ВМРО-ДПМНЕ денес е многу малку позната: 54 членови на ЦК, во согласност со член 52 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, поднесуваат барање за отповикување на потпретседателката Доста Димовска. Причината за поднесување иницијативата беше наведена: отворено протежирање на пробугарска политика и ставови, кои се во спротивност со Статутот и со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот арогантен, нетолерантен и дрзок однос кон членовите на партијата, неуживање доверба поради нејзиниот избор за потпретседател по пат на фалсификат со само 35 гласа и нејзино активно учество во речиси сите афери што ја потресуваа партијата. На истата таа седница група членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат и Предлог-резолуција со која партијата се оградува од сите врховизми. По неколкучасовна бурна и мачна расправа, во атмосфера на бугарски и шовинистички испади на дел од тогашните членови на Извршниот комитет, проследена со отворено спротивставување на лидерот Љубчо Георгиевски кон двете предложени иницијативи да бидат ставени на дневен ред, епилогот беше логичен и очекуван. Барањето за отповикување и Предлог-резолуцијата воопшто не беа ставени на дневен ред, а Извршниот комитет во полн состав режирано поднесува колективна оставка. Од страна на иницијаторите само авторот на овој текст и Александар Диневски, тогашен член на Извршниот комитет, влегуваат во директен дуел со лидерот Георгиевски. Можеби е момент да споменам дека од 54 потписници за иницијативата за разрешување на потпретседателката Димовска, неколкумина потписници уште на самиот почеток на седницата ги повлекоа своите потписи, а дел од нив јавно кажаа дека играле двојна улога. Сите тие подоцна за своите постапки беа наградени со функции. Тука мислам дека читателите ќе се сетат на Филип Петровски, кој нанапред стана пратеник во новиот парламент, а подоцна и конзул во Њујорк, Пеце Трајковски – Г‘зла од Прилеп, кој стана заменик-министер за локална самоуправа, покојниот Пане Велев – директор на Бирото за јавна безбедност, Александар Пандов, пратеник во новиот парламентарен состав, В. Каранфилов – директор на ЕСМ во Кочани и уште неколкумина други потписници. Останатите, се разбира, молчеа и чекаа да видат што ќе се случи.


    За карактерот на бугарскиот пир што се случи на самата седница редно е да ги споменам изјавите на неколку членови на тогашниот ИК, изговорени на самата седница. Еве дел од нив: „Голем број странски новинари покажуваат огромен интерес за положбата на македонските Бугари во Македонија; Треба да дојде до смирување меѓу нашиот и вашиот народ“. Ова „вашиот народ“ се мисли на македонскиот (моја забелешка); друг член на ИК изјави: „Да не беше Тодор Александров јас ќе се презивав Радомировиќ!“, други, пак, на говорницата изјавуваа: „Генс унус сумус“ – (омилена изјава на бугарските шовинисти – „Ние сме еден народ!“) или „Што лошо сте виделе од Бугарија, па да ја напаѓате“ итн.


    Случувањата на седницата на ЦК веднаш најдоа свое место во јавноста, а средствата за јавно информирање беа преплавени со детални пикантерии за се што се случуваше пред, за време и по фамозната седница на ЦК. Наоѓајќи се во „небрано“, двоецот Георгиевски-Димовска набрзина исфрлија неколку тези во јавноста со кои проѕирно и невешто се настојуваше да се сокрие заднината на судирот. Демек, се работи за персонален судир во раководството на партијата, за судир на „интелектуално“ и на „рурално“ крило, за отстранување на „деловно-полициското“ крило и сл. Проѕирноста и неаргументираноста на овие тези беше прочитана најнапред од новинарите, но и од целата македонска јавност, а неколкуте документи кои проциркулираа во јавноста беа доволен доказ да се сфати дека се работи за многу посуптилен проблем, кој, според значењето ги надмина партиските рамки и навлезе длабоко во сферата на националните и државните интереси на македонскиот народ и неговата држава Република Македонија. И покрај се, факт е дека уште тогаш дел од членовите на ЦК, Македонци патриоти, јавно и гласно укажаа на пробугарските елементи во партијата. Се работеше за судир на две крила: едното автентично – македонско, како директен следбеник на историската мисија на ВМРО и, второто – туѓинско, пробугарско. Второво и низ историјата постојано го следело ВМРО во неговата борба за создавање македонска држава и, како по правило, претставувало пречка за остварување на вековниот идеал – создавање независна или обединета Македонија. Во судирот на тие две опции, како што е познато, победи пробугарската и тоа благодарение, пред се, на некои ирационални мотиви во кои бездруго спаѓаат харизмата на лидерот Љубчо Георгиевски и неговата фанатична и жестока одбрана на Доста Димовска, како и латентно присутниот страв на членството од евентуално распаѓање или раскол на партијата на година дена пред изборите. Тука лежи и одговорот зошто 54 потписници на барањето за отповикување на потпретседателката Д. Димовска, кои при потпишувањето отворено зборуваа за нејзиното бугарско педигре, на наредната седница на ЦК, при изборот на новиот Извршен комитет, ја наведнаа главата, се повлекоа и премолчано го одобрија начинот на самопогребување и на своето национално достоинство. Практично, со изборот на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заврши една фаза во реализацијата на, сега веќе слободно може да се каже, еден антимакедонски заговор, добро осмислен, координиран и спроведуван од неколку меѓу себе добро поврзани и синхронизирани центри, потпомогнат со луѓе од партијата.


    Жално е што поминаа цели 13 години за некој, не сакајќи индиректно да ја признае исправноста и оправданоста на преземената акција, но од друга страна добро е што јавно се кажа дека македонската опција и македонистите биле во право кога јавно ги посочиле носителите на бугарската кауза во партијата. Личната сатисфакција за исправниот потег за мене и за другите потписници (мислам на тие што останаа доследни на дадениот потпис) се непроценливо богатство како за нас самите, така и за сите Македонци, во контекст на нашето опстојување и на нашата историја.


    За добра летна ноќ…

    А по сугестија на мојата драга другарка од детството Искра од Битола…

    … и  носталгијата за долгите летни ноќи таму некаде под Пелистер од другата страна… :)


    If blood will flow when flesh and steel are one
    Drying in the colour of the evening sun
    Tomorrow’s rain will wash the stains away
    But something in our minds will always stay
    Perhaps this final act was meant
    To clinch a lifetime’s argument
    That nothing comes from violence and nothing ever could
    For all those born beneath an angry star
    Lest we forget how fragile we are

    On and on the rain will fall
    Like tears from a star like tears from a star
    On and on the rain will say
    How fragile we are how fragile we are

    On and on the rain will fall
    Like tears from a star like tears from a star
    On and on the rain will say
    How fragile we are how fragile we are
    How fragile we are how fragile we are

    Published in: on јули 27, 2010 at 22:14 коментари(19)
    Ознаки: , ,

    Надежен сончоглед…

    … или прототип на успешен македонски политичар!

    Ќе го биде… :)

    Published in: on септември 20, 2010 at 20:01 коментари(24)
    Ознаки: ,

    Едно писмо – милион прашања!

    Во негов препознатлив стил, Љубчо Георгиевски повторно ја дигна политичката температура во земјата. Овојпат како повод му послужи работата на Комисијата за лустрација, но критиките беа упатени на друга адреса – онаа на актулениот премиер со сериозни и тешки обвинувања дека свесно и намерно ја кочи лустрацијата. Писмото е поприлично интересно и заслужува да го дадеме во целост:

    Почитуван претседателе,

    Неодамна помпезно ја прославивте дваесетгодишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во изветвен комунистички стил, прекројувајќи ја историјата на партијата од илјададеветстотини и деведесеттата до денес. Не ми е намерата да се задржувам врз обидите за фалсификат протнати на таа прослава, туку само повод да ве потсетам дека од позиција на власт имате извонредна можност да расчистите некои контроверзи што ја придружуваа партијата од самиот почеток, предимно со соработниците на УДБА и ДБК инфилтрирани во ВМРО-ДПМНЕ.Кога, пред неколку години господинот Стојан Андов ја промовираше идејата за лустрација во Република Македонија, мислев оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ја приграби шансата да ги раскринка тие структури и во СДСМ, ама и во сопствените редови. Но, за жал изгледа оти околу ова прашање вашите и ставовите на СДСМ не се во колизија, та функционирате како беспрекорна коалиција. Додека СДСМ декларативно и громогласно и се противставуваше на лустрацијата, вие и вашето парламентарно мнозинство во практика направивте сè за законот максимално да го пролонгирате, за потоа максимално да го опструирате. Кои се вашите мотиви за неспроведувањето на овој Закон за мене останува нејасно, но факт е оти ВМРО-ДПМНЕ е кочничар на лустрацијата во Република Македонија да биде спроведена доследно и принципиелно. Случајот со заштита од ваша страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас беше гротеска, но најновата ваша опструкција на Законот за лустрација станува трагична и претставува сериозен удар врз демократијата во Република Македонија,Изминатите десет дена од Комисијата за лустрација, македонската јавност беше запознаена дека располага со евиденција на три личности носители на јавни функции кои што најверојатно биле соработници на тајните служби: еден судија, еден пратеник на ДУИ, и еден пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Со непријатна изненаденост ја примив информацијата оти сте направиле договор со ДУИ за двајцата пратеници да биде запрена понатамошната процедура.

    Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, не знам на кое ниво го кршите законот со блокадата врз работата на Комисијата за лустрација, но сакам да ви напоменам оти таквиот чин е наполно ваша лична морална и политичка одговорност, предимно спрема дваесетгодишната историја на ВМРО-ДПМНЕ. Дотолку повеќе, што бездруго вам ви е познат идентитетот на доушникот од вашата парламентарна група; вие бевте многу млад за да се сеќавате оти истиот човек долги години беше во највисоките структури во ВМРО-ДПМНЕ, а во одреден период дури и нејзин потпретседател; луѓето пак, се сеќаваат на неговата акцентирана припадност на т.н бугарско крило на ВМРО-ДПМНЕ, а јас се сеќавам оти тој човек стана и министер; и конечно најважното, откако беше сменет од министерската позиција, исто така добро се сеќавам оти беше главниот организатор при купувањето шест пратеници од властана ВМРО-ДПМНЕ двеилјадитата, што значи оти тогаш сме имале неуспешен обид на своевиден државен удар организиран од страна на службите за државна безбедност! Ете, токму затоа, почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ непријатно сум изненаден од постапката на вашата партија континуирано да ги заштитувате луѓето коишто биле соработници на тајните служби, и уште еднаш ќе подвлечам, до ден-денес не ми се јасни вашите мотиви за патронство на подземни сили од ваков сој.

    Поранешен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
    Љубчо Георгиевски


    Со мошне симптоматичен потпис – поранешен претседател на ВМРО ДПМНЕ  (каде е тука ВМРО НП?), Љубчо ја оптегна стрелата и директно ја упати кон Груевски како кочничар на фамозната лустрација иако од неа ионака ништо не се очекуваше! Но, затоа пак истата повторно се враќа во игра, нормално со скандал…

    Сепак, кога внимателно ќе се прочита писмото и легнат првичните импресии, се добива една сосема друга слика која не оди во прилог на авторот и упатува на недоволан промисленост во неговото пишување. Не, немам намера да го амнестирам фамозниот БС од одговорност за кодошлакот, но добрите познавачи на приликите во ВМРО ДПМНЕ и околу него со полно право ќе  ги постават следните прашања:

    1. Кој го донесе БС во партијата кога се знаеше дека на првите парламентарни избори во 1990 година беше кандидат на Социјалдемократската  партија?

    2. Кој тоа го протежираше БС во партијата и за кратко време, без минат труд и заслуги, да биде избран за потпретседател на партијата во 1995 година?

    3. Зошто Љубчо Георгиевски со сопругата се најдоа на платен список на неговата фирма и со која цел?

    4. Кој му овозможуваше терање на легален бизнис со локалните власти на ВМРО ДПМНЕ на неговите фирми за цело време додека беше таму?

    5. Кој и зошто го толерираше БС за фрапантниот криминал со присвојувањето на стоковната куќа „Беко“ без вложен ниеден денар врз основа на измислен непостоечки долг?

    6. Кој и зошто го протежираше во партијата најпрво да биде пратеник, а потоа и министер  за финансии во Владата на Љубчо Георгиевски?

    7. Дали Љубчо знаел за овие факти и ако не знаел тогаш зошто министерката за внатрешни работи Доста Димовска не го информирала и ги премолчила овие информации кои говорат за неговата доушничка улога со СДБ/ДБК/УБК? Кој го сокри неговото досие???

    8. Ако е точно тоа што го напиша дека БС е кодош на УДБА, а НГ е главен кочничар на лустрацијата тогаш чија е одговорноста ако се знае дека и двјацата се негови кадровски решенија?

    И така натаму…

    Се’ ми се чини дека писмото е упатено на погрешна адреса (тоа несвесно го признава и самиот Љубчо), а на наведените прашања најпрвин сепак ќе треба да си одговори самиот тој!

    За негова жал…

    Исчашена логика (лустрација xxx продолжение…)

    Никола Тасев од ВМРО НП на денешната прес конференција:

    “Факт е дека во периодот од 1998 до 2002 година, кога господинот Георгиевски беше премиер, се овозможи увид во досиејата. Тоа е нешто што ниту една влада не го направи. Требаше да се започне процесот на лустрација, но на инсистирањето на господинот Георгиевски до тројцата министри за внатрешни работи, кои беа во негово време, Павле Трајанов, Доста Димовска и Љубе Бошковски и на барањето да се иницира овој процес за да се затворат комплетно сите духови на минатото од времето на комунистичкиот режим, од тројцата министри до господинот Георгиевски е стигнат истиот одговор: нема никакви податоци, нема никакви документи.“


    Живо ме интересира: со што биле полни оние досиеја кои,  благодарение на Љубчо нели (?), „се овозможи увид“ ???

    Изгледа Барабас сепак бил во право за оние „три чисти“…

    Галебот…

    Неколку цитати од легендарниот Галеб Џонатан Ливингстон кои секогаш инспирираат:


    „Можеме да се издигнеме од незнаењето, можеме да станеме совршни, умни и вешти. Можеме да бидеме слободни. Можеме да научиме да летаме!“

    „Сите ние поминавме долг пат додека стигнавме до овде. Поминувавме од еден свет во друг, што не се разликуваше многу од претходниот, заборавајки веднаш од каде сме стигнале, не размислувајки каде не води, живеејки само за мигот. Знаеш ли колку животи поминале додека не сфативме дека животот е нешто повеќе од јадењето, борбата или превласта во јатото? Илјадници животи! И уште стотина животи додека не почнавме да сфаќаме дека постои нешто што се вика совршенство, а потоа уште стотина животи додека не научивме дека целта на живеењето е во тоа да го откриеме тоа совршенство и да им го оставиме на другите.“

    „… Го избираме својот иден свет според она што го научивме во овој! Ако не научиш ништо идниот живот ќе ти биде како сегашниот, со исти ограничувања и тешкотии што треба да ги надвладееш“

    „За да одлеташ каде и да е со брзина на мислите мораш да почнеш од сознанието дека веќе си стигнал на саканото место“

    „Можеби таму уште некој кој е прогонет зашто на јатото му ја има речено вистината в лице“

    „Оној што лета највисоко гледа најдалеку. Оние галеби таму од кај што дојде ти стојат наземи испуштаат крикови и се борат меѓу себе. Оддалечени се илјадници километри од небото – а ти би сакал да им го покажеш небото од онаму каде што стојат! Џон тие не можат да ги видат ни врвовите на крилјата!“

    „Кога нашето пријателство би зависело од времето и просторот би го упропастиле братството! Ако го совладаме просторот ни останува само ОВДЕ. Кога ќе го совладаме времето ни останува само СЕГА! Зар не мислиш дека на тој пат меѓу Сега и Овде понекогаш сепак ќе се среќаваме!“

    „Галеб што разговара со прогонетиот и самиот е прогонет. Галеб што му се восхитува на прогонетиот го крши законот на јатото“

    „Единствениот вистински закон е оној што не води кон слободата. Нема друг закон!

    „Тоа е цената на недоразбирањето – или ќе те прогласат за Бог или за Ѓавол“

    „НЕ БИДИ ТОЛКУ СТРОГ СПРЕМА НИВ, ГАЛЕБУ ФЛЕЧЕР. СО ТОА ШТО ТЕ ПРОТЕРАА, САМО СЕБЕСИ СИ НАШТЕТИЈА. А ЕДЕН ДЕН И САМИТЕ ЌЕ ГО СПОЗНААТ ТОА, ЕДЕН ДЕН И САМИТЕ ЌЕ ГО ВИДАТ ОНА ШТО ГО ГЛЕДАШ ТИ СЕГА. ПРОСТИ ИМ И ПОМОГНИ ИМ ДА ГИ ОТВОРАТ ОЧИТЕ.“

    Службена објава на крајот на Европа каква што ја познаваме

    (Текстот што следи го добив по меил. Незнам кој е автор ниту каде е објавен но ми се виде интересен да го споделам со вас. На сликата – мслиманската џамија во Париз.)

    За да се одржи одредена култура подолго од 25 години мора да постои стапка на фертилитет од 2.11 деца по семејство. Се’ што е испод води кон исчезнување на друштвото.

    Гледано низ историјата ниедна култура не се спасила откако стапката на родност паднала под 1.9.  Стапката од 1.3 невозможно е да преорази бидејки за тоа се потребни 80 до 100 години самата да се поправи, а нема ни економски модел кој би го одржувал општеството во тој период.

    Со други зборови, од два пара семејства, секој пар има едно дете, и ако секое дете добие едно дете, ќе има четири пати помалку деца отколку баби и дедовци.

    Ако во 2010 година се родат само 1 милион деца тешко е да се има 2 милиони возрасни кој ќе влезат во светот во 2030 година. Како што се смалува популацијата така и општеството и културата полека да исченуваат.

    Стапката на родност по земји е следна:

    Франција 1.8

    Англија 1.6

    Германија 1.3

    Грција 1.3

    Италија 1.2

    Шпанија 1.1

    31 земја од ЕУ имаат стапка на наталитет во просек од 1.38!

    Историјата не учи дека овие стапки е невозможно да се преобразат. За неколку години Европа каква што ја знаеме ние ќе престане да постои. Но популацијата на Европа не се намалува! Зошто?

    Исламска имиграција!

    Од својот популациски раст Европа од 1990 година досега 90% отпаѓа на исламската имиграција.

    Франција значи има стапка на фертилитет од 1.8 промили, а Муслиманите во Франција се 8.1! Јужна Франција која историски гледано е една регија со најмногу цркви во светот, сега има повеќе џамии отколку цркви. 30 % од наслениетопод 20 години се Муслимани. Во некои поголеми градови како што се Ница, Марсеј, Париз, тој број нарасна на 45%! До 2027 година еден од 5 Французи ќе биде Муслиман, а за само 39 години Франција ќе биде исламска република!

    Во последните 30 години во Велика Британија бројот на Муслиманите наарсана од 820 000 на 2,5 милиони. Тоа е зголемување за 30 пати! Сега во Велика Британија има преку 1000 џамии од кои многу од нив се поранепни цркви.

    Во Холандија 50% од новороденчињата се со муслиманско потекло и за 15 години половина од населението во оваа земја ќе бидат муслимани.

    Во Белгија 25% од новороденчињата се муслимани. Белгиската влада утврдила дека за само 15 години  1/3 од сите деца родени во Европа ќе бидат муслимани.

    За овој проблем прва јавно проговори германската влада: „Падот на германската популација повеќе не може да биде сопрен. Тенденцијата на пад не може да запре. Германија ќе биде муслиманска земја во 2050 година.“

    Либијскиот водач Моамер ел Гадафи изјави: „Постојат знаци дека Аллах ќе ја осигура победата над Европа без мечеви, пушки, без освојувања. Не ни требаат терористи, не ни треаат бомбаши самоубијци. 50 милиони муслимани во Европа ќе ја претворат во муслимански континент во следните неколку десетлетија“.

    Во САД има 52 милиони (податоците се од 2007 година), а за 20 години тој број ќе се дуплира на 104 милиони муслимани.
    Католчичката црква неодамна објави дека исламот ја надминал според бројот на регистрирани верници. За 5 – 7 години исламот ќе биде доминантна религија на светот.

    Светот во кој ние живееме не е оној во кој ќе живеат нашите деца и внуци!

    Звучи патетично,  но така е!

    Published in: on септември 26, 2010 at 21:35 коментари(44)
    Ознаки: , , ,

    Дефинитивно – ЗА промена на името

    … под еден мал услов:

    ВО СЛУЧАЈ ПИРИНСКА И ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ДА ПРОГЛАСАТ НЕЗАВИСНОСТ.

    Неправедно би било само ние да се викаме Македонија…

    Published in: on октомври 7, 2010 at 22:45 коментари(46)
    Ознаки: ,

    Антонијо: Владата е националистичка!

    Па добро мајку му, има ли крај на небулозите кои ни ги сервираат нашите политичари? Таман помислив дека е време да престанам да пишувам за политиката кога пак некој наш недоделкан политичар ќе истресе некоја зелена на која просто не можеш да и’ одолееш.

    А најновото интервју на министерот за надворешни работи Антонијо Милошоски за германскиот весник  Suddeutsche Zeitung (пренесено во „Вечер“ интегрално) врие од зелени. Која од која поголема и понедоделкана! Просто да не знаеш што попрво да искоментираш: дали насловот – Новото име би важeло по приемот на Македонија во ЕУ (кое е тоа „ново име“ за кое ние незнаеме?), приказната за Давид и Голијат (според Антонио ние сме Голијат, оној големиот, страшниот што на крај ќе биде убиен од малиот Давид, во случајов Грција!), веднаш демантирана од него самиот дека „ние немаме соодветна „тежина“ да и се спротивставиме на Грција“, овој проблем за нас е „многу емоционално прашање“ (јас пак мислев дека е национално?!), за да на крајот сето тоа фино го забибери со тезата дека  дека градењето на споменици на Александар Велики е последица на „комплексот на малите нации“ и разбудувањето на национализмот кој се јавил како реакција на национализмот од другата страна! И така според Тончи Владата во која седи и која ги гради спомениците е чисто националистичка. На чело со премиерот!

    Да го погледнеме интервјуто во целост:

    Новото име би важело по приемот на Македонија во ЕУ

    Јас бев уште дете кога Македонија пред 20 години стана независна. Во тоа време не бевме толку концентрирани кон антиката. Но, колку повеќе Грција ја претставуваше историјата како забрането овошје за нас, толку поголема беше мотивацијата да се каже дека и ние не сме народ без корени, вели Милошоски


    Г. Милошоски, во секое интервју прво Ве прашуваат за спорот со Грција околу името. Нели ви е жал за тоа?


    - О да! И тоа е навистина еден ирационален спор, тешко разбирлив за сите. Една приказна за Давид и Голијат, во која ние сме Голијат.

    Во Јоргос Папандреу, Грција доби еден реформистички премиер, Ви дава ли тоа одредена надеж?


    - Да, Папандреу остварува средби со нашиот премиер на повеќе меѓународни форуми и собири, порано такво нешто не беше возможно. Со Папандреу добивме повеќе фотографирање и насмевки, подобри зборови, но не и реално придвижување. Грција зборува за национална црвена линија. Црвената боја не е боја на компромисот. Атина бара да ги промениме нашите пасоши, интернет-страниците, декларацијата на виното кое го извезуваме во Германија, при што истото не смее да се именува како македонско! Тоа е ирационално.

    И што може да направи Македонија?


    - Ние немаме соодветна “тежина” да и се спротивставиме на Грција. На тој начин, нашата европска перспектива е ставена во заложништво. Исто така, на Самитот на НАТО во Букурешт, 2008 година, Грција стави вето на приемот на Македонија иако согласно Времената спогодба, постои член со кој нашето зачленување во меѓународни организации не смее да се блокира доколку притоа се користи привременото име. Затоа, поведовме соодветна постапка заради прекршување на оваа Спогодба пред Меѓународниот суд во Хаг и очекуваме соодветна одлука во врска со валидноста на Спогодбата.

    Но, што тогаш би било можен компромис за кој зборувате?


    - Ова е и за нас многу емоционално прашање и за негово решавање мора да се добие согласност од јавноста на референдум. Според последните испитувања на јавноста, 67% од неселението отфрла било каква промена на името, а само 24% се флексибилни.

    Значи изнаоѓањето на решение ќе биде многу тешко.


    - Но, не и невозможно, кога политичките елити, Владата и опозицијата ќе бидат во таквото решение убедени. Ние ги плаќаме трошоците околу спорот и ние сакаме истиот да се надмине.

    Од НАТО Самитот во ноември не очекувате некаков сигнал?


    - Не, но имаме еден предлог. Кога ние би направиле голема национална отстапка со цел да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, мораме да бидеме сигурни дека Грција нема повторно да не блокира по четвртото или десеттото поглавје. Затоа, треба двата процеси паралелно да се одвиваат, така што дури по официјалниот прием на РМ во ЕУ би важело новото име. На тој начин, можеме да ја надминеме недовербата во целиот случај.

    Велите Грција се однесува нерационално. Зошто тогаш во Скопје се поставуваат се повеќе статуи од Александар Велики? Тоа во Атина се сфаќа како провокација.


    - Јас бев уште дете кога Македонија пред 20 години стана независна. Во тоа време не бевме толку концентрирани кон антиката. Но, колку повеќе Грција ја претставуваше историјата како забрането овошје за нас, толку поголема беше мотивацијата да се каже дека и ние не сме народ без корени. Тоа е веројатно комплекс на малите нации, мислам дека национализмот на едната страна може исто така да го разбуди национализмот на другата страна.

    А, учебниците со карти од голема Македонија?


    - Јас се образував во Македонија и никогаш не сум учел такво нешто. Грција се обидува да шири конфузија со тврдењата дека Македонија има територијални претензии. Тоа е толку смешно како некој да каже дека Луксембург има територијални претензии кон Германија. Ние имаме само 8.000 војници и 8 хеликоптери и во изминативе 20 години никогаш не сме имале безбедносен проблем со Грција.

    Постои ли, според вашите согледувања, стремеж кај албанското малцинство во Македонија за креирање на една голема Албанија?


    - Со зачленувањето на Албанија во НАТО, идејата за голема Албанија е исцрпена. Ниту една НАТО-држава нема да дозволи и дискутира за промени на граници. Тоа е добро за целиот регион.

    Во Европа е актуелна дебатата за улогата на муслиманите. Како вие гледате на тоа? Во вашата земја има мешано население.


    - Во Македонија исламот не е новост, јас сум со тоа израснат. Ние сме за модел на интеграција без асимилација. Тоа не е секогаш идеално, но функционира. Постои соодветно почитување, но и одредени предрасуди. Во Германија како и во Европа, исламот е нешто ново, странско, непознато. Но, можеби треба германското општество да го заборави и отфрли зборот гастарбајтер “гости-работници”, бидејќи има семејства кои се присутни овде 40 години, заедно со културата и традицијата во своите домови и тоа ќе остане така засекогаш. Затоа поларизацијата на едно општество не е решение и со популизмот се остваруваат само краткорочни добивки.


    Ете така беседи нашиот министер за надворешни работи!

    А поумен беше во шаторот пред Парламентот…

    76 години од атентатот во Марсеј

    Денес се навршуваат 76 години од настанот кој го потресе светот на 9 октомври 1934 година во Марсеј. Меѓутоа во нашата историја овој настан беше скоро целосно минимизиран, а уште кога не би бил опеан во познатата народна песна, ние за него би знаеле колку што знаеме за Охридското и Тиквешкото востание, туку речи ништо… Од овие причини правиме обид барем малку да појасниме што се случило тие денови во Марсеј и кој стоел зад организацијата и реaлизацијата на овој настан.



    После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрпските монархистички кругови под раководството на крал Александар.
    Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. “Интегрална Југославија”, согласно којашто Србите, Хрватите и Словенците се објавуваат за единствен троимен народ, а за Македонците кој ги нарекуват “прави Срби” и за Црногорците воопшто збор не станува. Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување. Со конституцијата од 1921 г. се озаконува српската раководна ролја на државата. Југославија се претвора во воено-полициска држава, со корумпирана администрација, полициско самоволие и беззаконија,во којашто се спроведува угнетувачка политика спрема несрпските народи.

    Од денот кога Хрватите се согласуваат да ја сврзат судбината со браќата од Шумадија, тие изминуваат еден многу долг пат, додека се обидат со сите мирни, демократски средства за соработка со Србите и додека се потроши до последна капка нивното трпение.

    Во 1921 г. хрватските политички партии се обединуваат во еден блок, на чело на кој застанува водачот на хрватската селска партија, познатиот општествен работник и политичар Стјепан Радич. Тој започнува активна дејност за федеративно поредување на државата, разобличувајќи ја големосрпската антидемократска политика. Неговата девиза е: “Бог и Хрватска”.


    Во 1922 г. Радич испраќа до Светската конференција меморандум против српската тиранија, за кое што србите нема да му простат. Така на 20 јуни 1928 г. во Скупштината српскиот пратеник Пуниша Рачич го застрелува Радич. Ова страшно злодело побудува голема возбуда меѓу народот. Денови со ред протестни демонстрации ја брануваат Хрватска. Знамето на борбата за слободна и независна Хрватска го прифаќа д-р Анте Павелич, формирајќи ја хрватската револуционерна организација “Усташа”. Хрватска и Македонија, преку своите национални револуционерни организации “Усташа” и ВМРО , се обединуваатво ист фронт, лице в лице со заедничкиот непријател. Како резултат на оваа соработка доаѓа до настанот кој го опишуваме во следните редови.

    На 9 октомври, 1934 г. југословенскиот крал Александар пристига на бродот “Дубровник” во Марсеј на свјата прва официјална посета на Франција. Целта е да се демонстрира пред светот цврстиот сојуз меѓу двете држави. Тоа станува во време на оживена дипломатска дејност меѓу европските држави и на случки, кој што постепено го трасират патот кон Втората светска војна. Домаќините се потрудиле посетата да придобие голема свеченост. Ескортиран од миноносци на француската средоземна ескадрила, бродот ја фрла котвата на белгискиот кеј. Од древното марсејско пристаниште одекнуваат артилериски плотуни, на кој возвраќаат од “Дубровник”. На неговата палуба се качува француска делегација, водена од министерот на морските сили Пиетри, кој што ги поздравува гостинот од името на францускиот претседател. Во адмиралска униформа кралот слегува на брегот, каде што го пречекува францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Поздравниот говор го чита генерал Жорж, кој се борел рамо до рамо со српската војска за време на првата светска војна на солунскиот фронт. Потоа кралот влегува во автомобилот кој го очекува и се упатува кон општината, каде што го очекува официјален пречек. До него седнува Барту, а на резервното седиште – генерал Жорж. Шоферот почнал да свири, за да можат граѓаните на Марсеј да го видат и да го поздрават високиот гостин. Во следната кола се југословенскиот министер за надворешни работи Јевтич и францускиот министер Пиетри. Следуваат луѓето од кралската свита и одборот за пречек. Поради проблеми од морска болест, кралица Марија патува со воз. Нервозна атмосфера натежнува над гостите и домаќините.

    На бледото лице на кралот се изцртува умор од патувањето по бурното море и една внатрешна напнатост и страв од атентат. Можеби жалел, што не го послушал камердинерот да носи заштитна кошула, како при посетата во Бугарија.
    Барту се труди да го потисне своето неспокојство. Веќе неколку дена во Париз се наслушнуваат гласови за возможен атентат, како што пишувало на страниците на весниците “Пари миди” и “Пари соар”.
    Особено силно е неспокојството меѓу кралската свита. Шефот на кралскиот двор изненаден констатира, дека мерките превземени за заштита на кралот се сосема недоволни. Од двете страни на патот, по кој што минува кордонот, се поставени околу 1500 полицајци и агенти, но непосредната заштита на автомобилот е оставена на двајца коњанички офицери. Во последен момент, од непознати причини, се менува
    решението кралскиот автомобил да го прати одред мотоциклисти.

    Кордонот се движи по средината на улица “Ла Канебер” со брзина на пешак. Тротоарите се исполнети со граѓани. На некој места се слушат аплаузи, на други – исфиркувања. Колоната веќе навлегува на плоштадот пред пазарот. Часот е 4,20 после пладне. Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, кој што притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи “Вив л роа!” (Да живее кралот), скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. Прв се обидува да го оттурне атентаторот генерал Жорж, но неколку истрели го кутнуваат на седиштето. Шоферот го запира автомобилот. Во тоа време полковник Пиоле со брзо движење успева да го успокои и заврти коњот и со сабјата му нанесува два удари на атентаторот, кој што паѓа на улицата и продолжува да пука. Полицајци кој го заштитуваат кралот исто така отвараат оган по него. Настапува невиден хаос. Полицајците го оттргнуваат од разјарената толпа атентаторот, му ги врзуваат рацете и го повлекуваат кон најблиската полициска станица, каде што го подвргнуваат на сослушување и тортура. Тоа продолжува до вечерта. Во тешка состојба, тој со последните сили моли да го остават, а да му укажат прва помош на настраданите во атентатот.

    Куршумите упатени кон кралот Александар се покажуваат смртоносни. Уште во автомобилот тој ја губи свеста. Го пренесуваат вопрефектурата, каде што после неколку минути умира. Министерот за надворешни работи Богољуб Јевтич покасно ќе разгласи, дека божем во последните секунди на својот живот кралот прошепнал “Чувајте ми Југославију!”, А францускиот “Тан” ќе го доукраси кралскиот завет со: “Пазете ми ја Југославија и пријателството со Франција!”.
    Така следбениците на Александар Карагеоргевич ќе ја дополнат митологијата на големосрбизмот со уште една легенда.

    Во настанататa гужва над Барту се укажува прва помош, но неговата состојба се влошува и заедно со паднатиот во бесвест атентатор со санитетско возило е пренесен во најблиската болница, каде што му се прави успешна операција, но неговото срце не издржува и тој умира.
    Наспроти тешкото ранување генералот Жорж после 5-месечно лекување оздравува, а за настанот покасно си споменува: “Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен.”
    Без да дојде во сознание, атентаторот умира во 8 часот вечерта во болницата. Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петер Келемен, револвери “Маузер” и “Валтер” и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза “Слобода или смрт”.
    Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.


    Кој е Владо Черноземски?


    Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски се псевдоними на лицето Величко Димитров Керин од с. Каменица, Пештерска околија. Величко Димитров Керин е роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. од татко Димитар Величков Керин е роден во с. Каменица во 1873 г. и мајка Риса Христоскова Балтаджиева е од истото село, родена во 1875 г. Крстен е на 26 октомври 1897 г. в црквата в с. Каменица. Величко има еден брат и две сестри. Како малечок Величко е кротко, добро дете. Тој немал големо образование, завршил трети клас во с. Каменица, но бил многу радознал и љубопитен. Како младинец има слабост да се напива. Меѓутоа подоцна сосема се воздржува од алкохол и станува вегетаријанец.

    Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, под името Владо Черноземски, Величко Керин влегува со чети во Македонија и се истакнува како многу храбар, извонредно спокоен и дрзок. За Черноземски неговиот најдобар другар Мирчо Кикиритков го изјавил следното : “Со Владо сме пријатели уште од детство. Во 1922 г. бил шофер на еден од камионите на тутунскиот трговец Каракостов во Дупница. За време на настаните во Ќустендил во 1922 г. го напушти шоферството и станува член на ВМРО. Владо влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати, во кој се покажал како многу храбар и извонредно спокоен, кое што спокојство достигнувало дури до дрскост. На неколку пати влегувал во Штип. Додека другите се криеле, тој најспокојно одел во крчмите да пие пиво, иако не знаел српски. Тетоважата му ја направив во затворот на V-от полициски участок, а тој ми ја направи мене.” Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Черноземски ја поседува и неопходната интелигенција за извршување на особено важни акции. Како на еден од најдоверливите лица во организацијата му се доверуваат исполнувањата на редица одговорни задачи. Една од нив е ликвидирањето на народниот претставник Димо Хаџидимов – еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во македонската средина. Смртната казна ја извршува на 12 септември 1924 г.

    На 12 декември 1930 г., на ул. “Руен” бр.23, е убиен од заседа македонскиот деец и граѓанин на Софија Наум Томалевски. Тој е погоден со два манлихерови куршуми, од кој едниот ги пробил црниот дроб и срцето, како резултат на што настапува смртта. После кратко време убијците се уапсени и се укажува, дека тоа се Владимир Георгиев Черноземски од гр. Штип и Андреј Манов Димитров од с. Ранчовци, Штипско, кој што после престрелката е ранет и следното утро починува од раните.

    Во средината на македонските револуционери Владо се одликува со својата скромност, смелост и снаодливост, со што ја стекнува довербата и уважувањето на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов. Паѓала в очи големата
    негова снаодливост и изобилие на идеи за практични работи. Се покажал наполно дисциплиниран, со голема воља и главно решен на саможртва. Во сите разговори за акции, каде што тој учествувал, истакнувал дека не треба да се води сметка дали тој ќе остане жив или не, туку да се мисли само за успешното исполнување на планот. Неговиот фанатизам се граничи со саможртва.
    Така, во 1927 г. тој му предлага на ЦК на ВМРО да се опаши со рачни бомби и да експлодира во главната заседавачка сала на Друштвото на народите, за да го привлече на ваков потресен начин вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеа со соодветна рекција од светската јавност.

    Од 15 јули 1932,г. трагите во Софија му се губат. ВМРО раширила глас, дека е убиен по нејзина заповед.

    Меѓутоа Величко Керин (Владо Черноземски) е испратен од ВМРО кај Анте Павелич како инструктор, во Јанка Пуста – Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.

    Ова е накратко приказната за овој голем настан во 20 век, кој е уште еден крик против неправдитe врз поробениот македонски народ. Уште еден бисер во герданот на македонските херои и бескомпромисни борци во борбата за слобода. Марсејскиот атентат е важен настан спроти Втората светска војна. Во него се преплетени дипломатските и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблеми меѓу државите од југоисточна Европа. Така овој настан ќе остани вечно запаметен во сеќавањето на Македонците како еден голем настан од борбата за својата слобода.


    Текстот е преземен од Групата Историчари - Битола на Facebook!

    Водачот…

    Овега го чекавме… :)

    Published in: on октомври 12, 2010 at 23:29 коментари(24)
    Ознаки: , ,

    blоg.mk +

    w

    Published in: on октомври 21, 2010 at 00:30 коментари(11)

    Бранко е демократ!

    … така велат моите од ВеМеРо – ДПМНЕ!

    Одлуката на Уставниот суд со кој времено е ставен вон сила членот од Законот за телекомуниакции со кој се овозможуваше прислушкување на телефоните без судска одлука ја нарачал лично и персонално другарот Б.Ц.

    Знаев… мора да е тој!

    Само едно не ми е јасно – мислеле ли мудреците од мојата партија која е пораката што ја праќаат?

    Браво за демократот Бранко што спречи прислушкување на два милиони граѓани без судски налог!

    Ете тоа е вистински борец за демократија!

    Нели?

    Мисла за вечерва

    There is not a single instance in history where hate has brought joy to human beings. It is a negative force that serves only to destroy those who hold it in their mind and body. If the majority of humanity released all hate, fear, and resentment, wars would disappear from our planet.

    Photo by Alexandro


    Published in: on октомври 25, 2010 at 21:08 коментари(21)

    Двосмисла – цитат за утре!

    „Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да изговараш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлиш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш се’ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш; и над се’, да го примениш истиот процес над самиот процес. Тоа беше врв на суптилноста: свесно да предизвикаш несвесност, а потоа, уште еднаш, да станеш несвесен за чинот на хипнозата што самиот штотуку си го извршил“

    Секоја сличност со некои денешни настани е… намерна!

    ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ ПОСМАТРА – Мисла за вечерва (2)

    „… тоа беше една од оние слики кои се направени така што очите те следат кога се движиш.

    ГОЛЕМИОТ БРАТ ТЕ ПОСМАТРА, пишуваше под неа…“

    За проловите… (цитат)

    „…Не беше пожелно проловите да имаат силни политички чувства. Се’ што се бараше од нив беше примитивниот патриотизам на кој можеше да се апелира секогаш кога беше потребно да се натераат да прифатат подолго работно време или намалено следување. Па дури и кога стануваа незадоволни, што понекогаш се случуваше, нивното незадоволство не водеше никаде затоа што, онака без општи претстави, тие можеа да го сконцентрираат своето незадоволство само на минорни, поединечни неправди. Поголемите зла, без исклучок, не успеваа да ги забележат.“

    Alexandro за лустрацијата

    Настап на Александро во емисијата НИЕ на Сител на тема лустрација во Македонија:

    http://niemagazin.blogspot.com



    Published in: on ноември 2, 2010 at 00:33 коментари(20)
    Ознаки: ,

    Пејо Јаворов – се чувствувам син нa Македонија!

    Пејо Јаворов (1, 2) е несомнено најголемиот бугарски поет. Иако Бугарин по потекло уште во 1897 година се приклучува кон ВМРО и целосно се посветува на револуционерната борба за слобода на Македонија. Станува еден од најблиските пријатели на Гоце Делчев, а подоцна и на Тодор Александров и важна фигура во македонското национално движење. Со перо и пушка Јаворов до крајот на животот останува верен и доследен на идеалите на организацијата станувајки и чувар на партискиот печат, архива и дел од финансиите. Неговата несреќна судбина по самоубиството на сопругата Лора и неуспешниот обид за самоубиство по тој повод (осанува слеп до крајот на животот), неосновано овинет за убиство, Јаворов крајот на животот го завршува со втор (овојпат успешен) обид за самоубиство. Неколку денови пред тоа тој се простува од неговите искрени пријатели од организацијата кои му останаа верни до неговите последни денови.


    Неговото проштално писмо до Тодор Александров е навистина потресно и мошне индикативно:

    „Брате Тодоре,

    Прости ми ти, нека ми простат и сите други дека ја напуштам Македонија. Јас умирам тука. Ќе легнам до мојата мила Лора. Твојата деликатна душа ќе ме разбере и прости. Те бакнувам, длабоко трогнат од грижите кои ги поднесе за мене во деновите на големи искушенија. Благодарам за тие деветстотини лева помош од организацијата без кои одамна ќе умрев од глад наместо од куршум како што ми прилега. Кажи и’ на Македонија, кога ќе отидеш таму, дека нејзиниот син (јас се чувствувам нејзин) умре во слободна Бугарија, овенчан со една гнасна клевета. И кога таа ќе биде слободна, нека еден другар дојде на мојот гроб и ми каже: „Поздрав од нашата мајка маченица – таа е веќе среќна“

    Пејо Јаворов

    (цитирано според книгата на Цочо Билјарски, Пејо Јаворов и Тодор Александров, пријатели во животот, соборци во борбата)

    (Пејо Јаворов и Тодор Александров)


    Од него, паѓа во очи делот каде Јаворов јасно прави дистинкција меѓу Македонија и Бугарија. Нагласувањето дека се чувствува за „нејзин син’’ потврдува дека Јаворов како Бугарин знаел дека  природно не припаѓа на Македонија туку тој само така се чувствува!

    Останува и прашањето зошто Бугарската комунистичка партија и историографија долго време го криеле исклучително блиското пријателство меѓу Јаворов и Тодор Александров.

    Истото се однесува и за македонската КП и историографија кои го потенцираа само пријателството со Гоце Делчев, но не и со Александров!!!

    Нека е вечна слава на Великанот!

    СРАМОТА!!!

    Полициски инспектори го „прегледувале“ Ангелов

    Според Министерката Јанкулоска, МВР само постапувало по одредени пријави

    Инспектори од Одделението за организиран криминал на МВР се во потрага по докази дека претседателот на здружението на бранителите „Достоинство“, Стојанче Ангелов, зема лажни боледувања. Според Ангелов, деновиве инспекторите со судски налог, во кој не е наведено никакво образложение, барале од неговиот матичен лекар да им го дадат здравственото досие, од каде што зел одредена медицинска документација. Првиот човек на „Достоинство“ е зачуден од тоа што инспектори за организиран криминал го „чешлаат“ неговото здравствено досие и смета дека со тоа власта повторно врши притисок врз него. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, без конкретен одговор за овој случај, вели дека МВР постапува по одредени пријави.

    „Проверувале дали сум болен, но ќе кажам дека некој навистина е болен и тоа, најверојатно, умоболен. Во конфликтот во 2001 година во акцијата во Арачиново бев тешко ранет со повеќе прострелни рани низ градниот кош. Поради тешкото крвавење, половина од десното белодробно крило ми е извадено. Ребрата ми беа искршени, се’ уште се врзани со жици, а од самите рани имам повеќе здравствени проблеми. Тогаш од Лекарската комисија сум прогласен за воен инвалид со 80 процентен инвалидитет“, наведува Ангелов. Тој е зачуден поради ваквиот однос на државата спрема оние што ја бранеа татковината.

    „Здравјето го имам изгубив бранејќи ја татковината, а тие ми праќаат инспектори од Одделението за организиран криминал, уште и криминалец ќе ме направат. Вулгарно до немајкаде, кога целата јавност знае дека јас сум тежок воен инвалид“ реагира Ангелов.

    Министерката Јанкулоска тврди дека МВР само постапувало по одредени пријави и дека не знае каква врска има „споменатото лице“ со конкретните проверки. „Непречено и континуирано ќе постапуваме за да откриеме одредени недоследности. Ќе бидат истражени сите случаи и доколку биде утврдено дека кој било матичен лекар издал дијагноза која не се базира на реално заболување, ќе одговара за злоупотреба на службена должност, за што следува казна од четири до десет години затвор“, изјави Јанкулоска. (Св.У.)

    Пренесено од Утрински весник.

    Некој навистина е болен, а некој умноболен

    Tрајанов бара лидерска средба

    понеделник, 15 ноември 2010
    Демократскиот сојуз до претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска достави иницијатива за свикување лидерска средба со претседателите на политичките партии, на која ќе се расправа и ќе се изгради единствена Платформа за интеграција на Република Македонија во НАТО и за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ

    На лидерската средба, нагласи лидерот на ДС Павле Трајанов, треба да се понуди конкретна платформа за решавање на наметнатиот спор околу нашето уставно име. Тој смета дека такви средби треба да се одржат и со бизнис – заедницата, невладиниот сектор, медиумите, како и со други заинтересирани и одговорни субјекти.- Нашите проценки се дека во наредниот период по НАТО самитот во Лисабон и седницата на Советото на ЕУ, состојбите во Македонија ќе се усложнат доколку не излеземе со јасен став. Мислам дека по овие важни состаноци ќе се вжештува политичката сцена и ќе се засострува економската состојба во Република Македонија, изјави Трајанов денеска во Собранието на Република Македонија.

    Основниот мотив за поднесува на иницијативата, подвлече тој, е тоа што Република Македонија полека се движи во политичка, пред се економска изолација, која, подвлече, ќе има негативни рефлексии врз севкупните состојби и политички и безбедносни во Македонија, пред се на социјалните состојби.

    - Претпоставувам дека државниот врв има платформа со која ќе настапи на Самитот на НАТО и треба сите политички субјекти во државата да бидат информирани доколку има конкретна платформа која ќе биде промовирана, повика лидерот на ДС.

    Иницијативата на ДС ќе биде доставена и до лидерите на политичките партии.

    Македонци, вие сте светци!

    „Мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облева срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Организација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и и’ причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционеризирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не не’ убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогателна еднодушност тргнаа по нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба; ние го  водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство, и при такви, дијаметрално противположни резултати, пак да не не’ обвинува, да не не’ навредува, да не мрмори против нас – создавачите на Револуционерната организација, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба, да си го подземе тешкиот голготски крст, – тоа предизвикува во мене адмирација, и велам: Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени.“

    Иван Хаџи Николов, Спомени, еден од оснивачите на ВМРО


    Published in: on ноември 20, 2010 at 22:12 коментари(9)
    Ознаки: , ,

    Латас го потопи Милчо

    Мали луѓе


    Лоша судбина на малите луѓе е што пола од нивната енергија ја трошат на тоа како да им угодат на големите луѓе. А, ако погледнат малку подобро, ќе видат дека ниту се тие мали ниту големите се толку важни колку што им се чини.

    Секој човек во себе носи своја хемија и своја судбина.
    Што ќе биде од сето тоа, на крајот од краиштата, зависи од него. А он, самоосудениот мал човек, ден за ден живее дека му е направена неправда. А ако тој потроши пола живот за да им угоди на некои кои ги смета за големи, отиде животот бадијала. Плус што на тие, божем големите, око не им трепнува за него.

    Кај малите народи, кои не градат самопочит, дисциплина и кретивност се повторува истото. Како и самоосудениот мал човек и тие имаат постојано чувство дека им е направена неправда. Се гетоизираат себеси во тој филм.

    Уште како прилично млад, на оние винилски плочи, го слушав, и запамтив, Раде Шербеџија кога рецитира:
    На малите народи им се потребни големи поети. Малите глумци се расфрлаат со големи гестови. Малите театри играат историски теми…”.

    И така, ми остана тоа запамтено. До ден-денес.
    Мојот, македонски народ, за жал, се самоосудил себеси дека е мал народ. Постојано живее со чувство дека треба да им угоди на големите. Тоа ни е опсесија. Дека ни е направена неправда. И патиме постојано поради тоа.

    Кога би имале некој светол пример наоколу, можеби би било поинаку. Но, за жал, и Србите ја издржуваат истата самопресуда. Албанците, исто така. Тие пак, под филмот дека им е направена неправда, пукаат секаде каде што ги има ширејќи ја територијата под своја контрола на штета на сите други.

    И тие, постојано, се трудат да им угодат на големите. Па пукаат и за нив.
    Кај Словенците, кај Австријците, кај Чесите… кои се, исто така, мали народи, како мојот народ – не е така. Зошто е поинаку, е долга приказна. Но, поинаку е.

    Само на мал народ може да му се случи трагикомедијата наречена Милчо Манчевски. Еден средноталентиран лик со натпросечен талент за манипулации. Аскетизам и склоност кон грабање туѓи пари. Особено ова последново.

    Го познавам човекот од млади денови. Лош ученик, непримерен другар, тип што никогаш, ама баш никогаш, не ги плаќа пијачките во кафана, туку тоа за него мора да го направи некој друг. Шконтер, кој заглави свои соработници при снимањето на “Прашина”, користејќи нивни мобилни, за кои не ги плати сметките во висина на годишна плата. Ладно си отиде за Америка… Никогаш не практицирал вредности како пријатели, семејство, татковина, соработници… земал, товарел што се нашло наоколу и бегал.

    Направи еден добар филм, во 1994 година. “Пред дождот”. Доби награда на фестивалот во Венеција. Никогаш потоа, иако направи три филма, ниту еден не предизвика дури ни просечно внимание. Заклучно со последниот, “Мајки”.

    Како мал народ ние имаме потреби од големи поети. По секоја цена.
    Па така, од еден пристоен филм како “Пред дождот” имавме потреба да создадеме легенда. Притоа, кај нас не ги пренесувавеме критиките кои пишуваа дека филмот е просечен, со одлична фотографија и музика, и добра глума на Раде Шербеџија… дека успехот го должи на воената и етничка тема на просторот на биваша Југославија… тема кон која, во тоа, време беа свртени сетските погледи и чекаа докази дека сме багра која ужива да се коле меѓусебно.

    Не им требаме ние со Александар Велики, Блаже Конески, Мартиновски или Личеноски, со Леб и сол, Тоше или Калипои. Им треба доказ за нивните предрасуди дека ова овде е стока на која и треба цврста, и тоа нивна власт.

    И Милчо им го испорача. Особено со последниот филм, “Мајки”.
    Критиките дека Милчо Манчевски е добар за спотови, но филм е нешто друго… тоа не го пренесувавме во нашите весници. И, создадовме мит од човек кој не е тоа. Лажен мит кој никогаш, потоа, не се докажа себеси.

    Таа лажна легенда, Милчо Манчевски, направи уште три филма. Плус еден обид за филм кога уште на стартот продуцентот го избрка од снимање, што е блам кој ретко им се случува на режисерите.

    Ниту еден филм на Милчо, потоа, не беше дури ни просечен.
    А за сите филмови, и тоа без штедење, добиваше државни, македонски пари. Како и за последниот, “Мајки”, за кој доби милион и кусур евра. Филм од кој треба да се срами секој Македонец. Особено Македонка. Попримитивно претставени Македонци немам видено во ниту едно друго авторско дело. Блам.

    Сега плаче дека не му давале повеќе пари.
    Море, марш од тука! За мои пари ќе ме бламираш пред цел свет.?!
    Кога држава дава пари, треба да дава на млади таленти кои допрва треба да се докажуваат и за национални теми од кои државата има интерес.

    Ако Милчо верува дека е толку добар, нека прави филм од свои или од пари на продуценти кои, види богати, не даваат пари за неговите филмови.

    Ако е толку добар, зошто мора да бара државни пари за лични теми?
    Кога ќе заработи од филмот, тој не ја дели заработката со нас. Не. Парите ги става на своја сметка. И чека нова прилика.

    Милчо не е ограбувач само на државната каса и на македонскиот углед. Тој е ограбувач и на македонската филмска историја. Поради него се заборава на Бранко Гапо, Столе Попов, Димитрие Османли, Љубиша Георгиевски, Кирил Ценевски… луѓе кои имале номинација за Оскар, меѓународни награди. Публика.

    Луѓе кои биле и луѓе и уметници. И од чии сцени не се срамиме.
    Малите народи имаат потреба од големи поети. Да, ама Милчо е мал.

    Пишува: Драган П. ЛАТАС

    П.С. Одамна не сум прочитал ваква жестока колумна против некого. Милчо, кој до вчера важеше за државен режисер (на Владата, де) очигледно некаде ја утна работата.

    Што ти значи власт и медиум…

    Улична демократија

    По уличната (дворна) лустрација еве најавена е и улична демократија!

    На митингот во Штип, кој е продолжение на прилепското „Востание“ на СДСМ, лидерот на оваа партија Бранко Црвенковски, во негов препознатлив стил, покрај најавата за интерпелација на Владата на Груевски на 16 Декември, најави и нешто друго кое остана неискоментирано:

    „Има два начини да ги смениме работите на подобро, да излеземе од овој ќорсокак и да тргнеме напред. Или на избори или од улица.

    Социјалдемократскиот Сојуз е подготвен и за едното и за другото.“

    Како ли се освојува власта од улица?

    Бомо видели… :)

    Господи…

    …Како овде бргу се стемнува…

    Julian Assange Wikileaks – нов господар на светот!

    Juliаn  AssangeWikileaks е човекот кој денес владее со светот!

    Старото правило дека оној кој ја има информацијата ја има и моќта, овојпат се потврди на најдобар можен начин. А Juliаn Assange не поседува една, или две или стотина… ги има милиони.  И тоа не било какви и не било кои туку автентични најдоверливи „кабли“ на најмоќната сила на светот САД.  Звучи неверојатно но вистинито – еден човек успеа да ги клекне на колена големите светски сили без оружје, без испукан куршум!

    Од него и неговата Wikileaks „организација“ денес зависи политичката кариера на многу политичари, опстанокот на многу влади, односите меѓу многу земји, финансиски институции, фирми… Со еден збор од него зависи иднината на светот чија историја ќе се смета од времето пред и после појавата на Juliаn Assange и Wikileaks. Ништо повеќе нема да биде исто! Доволно беше објавување на  само o,5% од новиот турнус информации (во моментот кога го пишувам ова објавени се 1203 од вкупно 251 287 информации), популарно наречен „Cablegate“ па да предизвика бура во целиот свет. Речиси и да нема земја во светот која не е засегната и не се наоѓа во состојба на будно исчекување. Хилари Клинтон веројатно ќе биде првата жртва на оваа афера и по се’ изгледа си ги пакува куферите. Клинтонка сепак во едно беше во право – ова не е напад само врз САД туку врз целата меѓународна заедница, иако повеќе е од јасно дека Америте ќе беа стопати посреќни терористите да им го срушеа целиот Њујорк отколку што им се случи овој стриптиз на нивната дипломатија. Она што е посебно интересно (и од наш, македонски аспект) е фактот што американската влада со ниту една изјава не ја доведе во прашање автентичноста  и оригиналноста на протечените информации.

    Што ли не очекува до крајот од оваа мегамега афера???

    Она што фасцинира е виртуозноста на целата операција. Очигледно ледениот и мистичeн Assange со лик на „човек од вселената“ и продорен поглед загледан некаде во далечините, не е обичен хакер, ниту пак авантурист желен за пет минути слава. Тој добро знае што прави… А го прави тоа велемајсторски. Колку само трагикомично делуваа обидите да го спречат во намерите да ги објави документите, да го замолчат и да ги снема неговите сајтови. Рушењето на неговиот официјален сајт на Amazon.com резултираше со појава на три нови, а обидот за синхронизирани хакерски напади кои во еден момент изнесуваа дури 10 Гига во секунда (wikileaks WikiLeaks  DDOS attack now exceeding 10 Gigabits a second. – преземено од Twitter) резултираше со појава на нови 500 идентични сајтови („огледала“ како што ги нарекува Асанж), за да сега нивниот број е преку 700 сајтови од разни локации во светот. Обидите пак да се спречи доброволната финансиска помош со затворање на неговите банкарски сметки резултираше со масовни хакерски напади од целиот свет и соборување на сајтовите на Visa, Mastercard и други. PayPal веќе попушти и повторно ја активира сметката…

    Како круна на се’ злокобно прозвуче отворената закана на Assange дека подготвил „отровна капсула“ која ќе се активира веднаш доколку му се случи нешто!

    Што би можело да биде тоа? Архивата на ЦИА???

    Не е исклучено…

    Светот е веќе во војна! Вистинска интернет војна!

    И додека сите се во грч и исчекување на појавата на нова дневна доза „кабли“, малкумина се занимаваат со тоа – Што после ова?

    Ако појавата на доверливите информации за војните во Ирак и Афганистан во основа и на одреден начин беа сепак само американски проблем (на општо задоволство и сеир на противниците на САД), овојпат ѓаволот ја однел шегата. Сите се инволвирани во оваа каша –  и Обама и Клинтон, и Меркел „Тефлонот“, и Путин, Берлускони, Саркози… а еве сега и нашиот Бучко. На повидок е објава на нови скандалозни информации за многу тајни договори, заткулисни и непринципиелни игри, дипломатски скандали… Многу пријателства меѓу земјите во светот ќе бидат срушени или доведени под сомневање, не исклучувајки и тензии и конфликти на невралгичните подрачја.

    Сепак од целата оваа афера убаво се отсликува еден сосема друг процес кој дава надеж: светот кој беше заложник на една сомнителна и дискутабилна политика наречена „глобализација“ овојпат е соочен со вистинскиот прeдизвик за редефинирање на меѓунaродните односи на нови правични и праведни основи надвор од егоистичките и мегаломански апетити на големите.

    Патот до таму сигурно води преку Julian Assange и неговиот Wikileaks!

    Разрешен Мартин Протогер?

    Според информациите добиени од кодоши блиски на Владата, на синоќешната бурна седница која траела до 5,30 сабајле, бил разрешен Мартин Протогер шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски.

    Протогер е и генерален секретар на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ.

    Протогер важеше за еден од најмоќните луѓе од Кабинетот на премиерот, непосредно одговорен за ПиАрот на Владата.

    Засега нема потврда на оваа вест ниту пак информации за причините за ваквата одлука.

    P.S. Аlexandro  прв дознава…  :)

    Мисла за вечерва (3)

    Whеrеvеr you go, whatеver yоu mееt, аnd whatever you do, give love and appreciation, because that is your true nаture. How do you know it is your true nature? You feel so good when you аre giving it!

    Published in: on декември 16, 2010 at 22:56 коментари(5)

    Wikilеаks Macedonia

    Во еден од претходните постови го кажав моето мислење за аферата Wikileaks која и натаму го тресе светот, а посебно најмоќната сила во него САД.

    Wikileaks како феномен не е непознат и на нашите македонски простори. Секако во помал обем и со локално дејство, но сепак доволно силно за да ги потресе политичките состојби во земјата.

    Направив краток список на позначајните Wikileaks пројави во Македонија од осамостојувањето на земјата до денес:

    1.       Аферата „Сина птица“ – јуни/јули 1992 година

    Од кодош на СДБ ВМРО ДПМНЕ успева да ја обезбеди касетата што ја снимила Службата од нелегалниот состанок во ресторанот „Сина птица“ кај Кочани. ВМРО ја емитува снимката и следуваат тешки обвинувања за нелегални активности на СДБ во содејство со КОС на ЈНА за очигледен обид за монтирање на случај (преку формирање на паравоена формација од припадници на партијата) со цел ВМРО да се прикаже како терористичка организација. МВР ја негираше целта на оваа акција, но МНО се огради од активностите на нејзиниот припадник. Сепак одговорност немаше…

    2.       Аферата „Дувло“  12 јули 1992 година

    На телевизиски дуел со Добри Величковски како началник во СДБ, тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски јавно покажува три автентични документи за неовластено прислушкување на партискиот телефон во седиштето на ВМРО ДПМНЕ (со псевдоним „Дувло“). СДБ во паника тврди дека се фалсификат, ништат документи, ја препишуваат целата деловодна книга на V – та Управа, но во дисциплинската постапка против авторот на овој блог и пост истите документи фигурираат како оригинални! ВМРО ДПМНЕ поднесува кривична пријава против Фрчковски, Богоески, Мите Апостоловски и уште едно лице од Петтата управа но таа е отфрлена без ниту еден ред образложение. Отфрлено е и барањето за спроведување истрага пак без образложение.

    Сораниската комисија за контрола на работата на СДБ после 23 седници донесува заклучоци со кои се потврдува дека СДБ постапувала нелегално, но никој не понесе одговорност.

    3.       Аферата „Големото уво“ – јануари 2001 година

    Точно на роденденот на тогашниот премиер на Владата  Љубчо Георгиевски на 17 Јануари 2001 година, Бранко Црвенковски јавно обелоденува стотина транскрипти од неовластено и нелегално прислишкување на политичките опоненти од страна на Доста Димовска како тогашен министер за внатрешни работи.  Доста поднесува оставка од „морални причини“ (’бати моралот нејзин ),  против неа и против Александар Цветков (како началник на V – та Управа) е покрената кривична постапка,  но тогашниот претседател на Републиката Борис Трајковски ги амнестира. Постапката што по приватни тужби ја покрена оштетените/прислушкуваните лица сеуште не е завршена.

    4.       Аферата „Латас – српски шпион“ – 18 Јануари 2010 година

    Во весникот „Време“ од споменатиот датум се појавија документи на СДБ за наводна соработка на Драган Павловиќ Латас со српската разузнавачка служба и неговото учество во палењето на Американската амбасада во Скопје за време на почетокот на бомбардирањето на  Србија. МВР експресно ги прогласи документите за фалсификат, а на Латас уште поекспересно му издаде „пусулче“ дека не е српски шпион. По кој закон и по која процедура еден Господ знае… Латас тужи некого…

    5.       Аферата „Водство на ОНА/УЧК српски шпиони“ – октомври 2010 година

    Опозиционата ДПА обнароди досие и го поднесе до Комисијата за лустрација  во кое се содржани документи на сојузната СДБ на СФРЈ, КОС на ЈНА и СИД на сојузното МНР на СФРЈ за наводна интензивна и продлабочена соработка на четворица највисоки раководители на ОНА/УЧК и сегашни водачи на владеачката ДУИ и тоа: Фазли Велиу – „Вујко“, Али Ахмети – „Ибар“, Гзим Острени – „Стрелац“ и Муса Џафери – „Мама“. Комисијата ги отфрли документите поради тоа што се работи за копии, додека МВР ги прогласи за фалсификати и поднесе кривична пријава против Хисни Муслиу, пензиониран припадник на СДБ од Тетово за наводен фалсификат на истите. На Муслиу му е одреден притвор и против него се води судски кривичен процес по скратена постапка.

    6. Весникот „Бизнис“ штотуку почна серијал со објавување на доверливи информации на СДБ во врска со проблемот со името и други безбедносни прашања од поблиското минато. Ќе следиме…

    Еве ова се најважните Wikileaks пројави на македонската политичка сцена во последните двасеттина години. Заедничка карактеристика на сите нив која паѓа во очи е обранашкиот став на МВР и експресното прогласување на “истечените“ документи за фалсификат. Чудно, ниту еден претставник на американската администрација не ја негираше автентичноста на документите што ги објави Wikileaks ниту за оние за војната во Ирак и Афганистан ниту пак за последните за американската дипломатија.

    Тоа е – This is not America!

    Една слика…

    47599_1778681546754_1230857287_2031940_2404991_n

    Ех, тоа беа времиња… :)

    П.С. (преземено од Фејсбук)

    Published in: on декември 21, 2010 at 20:45 коментари(20)
    Ознаки:

    … посветено…

    From this moment life has begun

    From this moment you are the one

    Right beside you is where I belong

    From this moment on

    From this moment, I have been blessed

    I live only, for your happiness

    And for your love, I give my last breath

    From this moment on

    I just swear

    That I’ll always be there

    I give anything

    And everything

    And I will always care

    Through weakness and strength

    Happiness and sorrow

    For better, for worse

    I will love you

    With every beat of my heart

    From this moment life has begun

    From this moment you are the one

    Right beside you is where I belong

    From this moment on

    From this moment, I have been blessed

    I live only, for your happiness

    And for your love, I give my last breath

    From this moment on

    I give my hand to you with all my heart

    I can’t wait to live my life with you I can’t wait to start

    You and I will never be apart

    My dreams came true because of you

    From this moment, as long as I live

    I will love you, I promise you this

    There is nothing, I wouldn’t give

    From this moment on

    You’re the reason I believe in love

    And you’re the answer to my prayers from up above

    All we need is just the two of us

    My dreams came true because of you

    From this moment, as long as I live

    I will love you, I promise you this

    There is nothing, I wouldn’t give

    From this moment, I will love you

    As long as I live from this moment on

    Published in: on јануари 4, 2011 at 00:42 коментари(4)

    Мисла за вечерва… (х)

    There is not a single instance in history where hate has brought joy to human beings. It is a negative force that serves only to destroy those who hold it in their mind and body. If the majority of humanity released all hate, fear, and resentment, wars would disappear from our planet.

    Поучно… (Капор)

    Во мене се тепаат старите другари.

    Едни на власт, други во опозиција.

    Израснавме заедно. Ако изгубам еден од нив ќе изгубам дел од биографијата.

    Повеќе никој нема да ме памети како млад и луд.

    Во моите пријатели се моите години, успеси, падови, старите љубови, големите очекувања и надежи.

    До вчера бевме на иста страна. Сега едните се на една, другите на друга.

    Што бараш со оној издајник? – ме прашуваат едните.

    Од каде ти со онаа бараба? – се лутат другите.

    Ако седнам во кафеана со едни другите престануваат да ми се јавуваат.

    После ги гледам заедно. Одата рака подрака и ме гледаат попреку. Се обединиле.

    Ништо не разбирам повеќе…

    Кој и да дојде на власт пак ќе бидам во немилост!


    (Момо Капор)

    P.S. Го постирав на Фејсбук ама сметав дека е добро да го споделам и со вас!

    Како сте бре блогеришта???

    … ја онака на поминување! :) )))

    Published in: on октомври 22, 2011 at 21:16 коментари(25)

    Еден век, а сепак актуелно!

    Razvilo se crno vreme opadanja,
    Nabujao šljam i razvrat i poroci,
    Podig’o se truli zadah propadanja,
    Umrli su svi heroji i proroci.
    Razvilo se crno vreme opadanja.

    Progledale sve jazbine i kanali,
    Na visoko podigli se sutereni,
    Svi podmukli, svi prokleti i svi mali
    Postali su danas naši suvereni.
    Progledale sve jazbine i kanali.

    Pokradeni svi hramovi i ćivoti,
    Ismejane sve vrline i poštenje,
    Poniženi svi grobovi i životi,
    Uprljano i opelo i krštenje.
    Pokradeni svi hramovi i ćivoti.

    Zakovana petvekovna zvona bune,
    Pobegao duh jedinstva i bog rata;
    Obesismo sve praznike i tribune,
    Gojimo se od grehova i od blata.
    Zakovana petvekovna zvona bune.

    Od pandura stvorili smo velikaše,
    Dostojanstva podeliše idioti,
    Lopovi nam izrađuju bogataše,
    Mračne duše nazvaše se patrioti.
    Od pandura stvorili smo velikaše.

    Svoju mudrost rastočismo na izbore,
    Svoju hrabrost na podvale i obede,
    Budućnosti zatrovasmo sve izvore,
    A poraze proglasismo za pobede.
    Svoju mudrost rastočismo na izbore.

    Mesto svetle istorije i grobova,
    Vaskrsli smo sve pigmeje i repove;
    Od nesrećne braće naše, od robova,
    Zatvorismo svoje oči i džepove.
    Mesto svetle istorije i grobova.

    Ostala nam još prašina na hartiji,
    K’o jedina uspomena na džinove;
    Sad svu slavu pronađosmo u partiji,
    Pir poruge dohvatio sve sinove.
    Ostala nam još prašina na hartiji.

    Pod sramotom živi naše pokolenje,
    Ne čuju se ni protesti ni jauci;
    Pod sramotom živi naše javno mnenje,
    Naraštaji, koji sišu k’o pauci.
    Pod sramotom živi naše pokolenje.

    Pomrčina pritisnula naše dane,
    Ne vidi se jadna naša zemlja huda;
    Al’ kad požar poduhvati na sve strane,
    Kuda ćemo od svetlosti i od suda!
    Pomrčina pritisnula naše dane.

    Vladislav Petković Dis (1910)



    YouTube Preview Image

    Published in: on јануари 20, 2012 at 21:01 коментари(10)
    Ознаки: , ,

    A Secrеt Scrоlls mеssage from Rhondа Byrnе (1)

    From The Secret Daily Teachings


    Today, be grateful. Be grateful for your favorite music, for movies that make you feel good, for your phone that connects you with people, for your computer, and for the electricity that lights up your life. Be grateful for air travel that flies you everywhere. Be grateful for the roads and traffic lights that keep the traffic in order. Be grateful to those who built our bridges. Be grateful for your pet, for your child, for your loved ones, for your eyes that enable you to read this. Be grateful for your imagination. Be grateful that you can think. Be grateful that you can speak. Be grateful that you can laugh and smile. Be grateful that you can breathe. Be grateful that you are alive! Be grateful that you are You!

    Be grateful that there are two words that can change your life.

    Thank you! Thank you! Thank you!
    May the joy be with you,

    Rhonda Byrne

    А Secret Scrolls mеssаge frоm Rhоnda Byrnе (2)

    You create your future with the power of your intention. Intention is simply the conscious act of determining your future now. Health, harmony in relationships, happiness, money, creativity, and love will come to you in the future, based on your intentions now.

    Intend every day and create your future life.
    May the joy be with you,

    Rhonda Byrne
    Published in: on февруари 11, 2012 at 10:26 коментари (0)
    Ознаки: ,

    А Secret Scrolls message from Rhonda Byrne (3)

    There is no excuse not to give two minutes today to intend your tomorrow.


    May the joy be with you,


    Rhonda Byrne

    Published in: on февруари 17, 2012 at 16:06 коментари (0)
    Ознаки: