Wikilеаks Macedonia

Во еден од претходните постови го кажав моето мислење за аферата Wikileaks која и натаму го тресе светот, а посебно најмоќната сила во него САД.

Wikileaks како феномен не е непознат и на нашите македонски простори. Секако во помал обем и со локално дејство, но сепак доволно силно за да ги потресе политичките состојби во земјата.

Направив краток список на позначајните Wikileaks пројави во Македонија од осамостојувањето на земјата до денес:

1.       Аферата „Сина птица“ – јуни/јули 1992 година

Од кодош на СДБ ВМРО ДПМНЕ успева да ја обезбеди касетата што ја снимила Службата од нелегалниот состанок во ресторанот „Сина птица“ кај Кочани. ВМРО ја емитува снимката и следуваат тешки обвинувања за нелегални активности на СДБ во содејство со КОС на ЈНА за очигледен обид за монтирање на случај (преку формирање на паравоена формација од припадници на партијата) со цел ВМРО да се прикаже како терористичка организација. МВР ја негираше целта на оваа акција, но МНО се огради од активностите на нејзиниот припадник. Сепак одговорност немаше…

2.       Аферата „Дувло“  12 јули 1992 година

На телевизиски дуел со Добри Величковски како началник во СДБ, тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски јавно покажува три автентични документи за неовластено прислушкување на партискиот телефон во седиштето на ВМРО ДПМНЕ (со псевдоним „Дувло“). СДБ во паника тврди дека се фалсификат, ништат документи, ја препишуваат целата деловодна книга на V – та Управа, но во дисциплинската постапка против авторот на овој блог и пост истите документи фигурираат како оригинални! ВМРО ДПМНЕ поднесува кривична пријава против Фрчковски, Богоески, Мите Апостоловски и уште едно лице од Петтата управа но таа е отфрлена без ниту еден ред образложение. Отфрлено е и барањето за спроведување истрага пак без образложение.

Сораниската комисија за контрола на работата на СДБ после 23 седници донесува заклучоци со кои се потврдува дека СДБ постапувала нелегално, но никој не понесе одговорност.

3.       Аферата „Големото уво“ – јануари 2001 година

Точно на роденденот на тогашниот премиер на Владата  Љубчо Георгиевски на 17 Јануари 2001 година, Бранко Црвенковски јавно обелоденува стотина транскрипти од неовластено и нелегално прислишкување на политичките опоненти од страна на Доста Димовска како тогашен министер за внатрешни работи.  Доста поднесува оставка од „морални причини“ (’бати моралот нејзин ),  против неа и против Александар Цветков (како началник на V – та Управа) е покрената кривична постапка,  но тогашниот претседател на Републиката Борис Трајковски ги амнестира. Постапката што по приватни тужби ја покрена оштетените/прислушкуваните лица сеуште не е завршена.

4.       Аферата „Латас – српски шпион“ – 18 Јануари 2010 година

Во весникот „Време“ од споменатиот датум се појавија документи на СДБ за наводна соработка на Драган Павловиќ Латас со српската разузнавачка служба и неговото учество во палењето на Американската амбасада во Скопје за време на почетокот на бомбардирањето на  Србија. МВР експресно ги прогласи документите за фалсификат, а на Латас уште поекспересно му издаде „пусулче“ дека не е српски шпион. По кој закон и по која процедура еден Господ знае… Латас тужи некого…

5.       Аферата „Водство на ОНА/УЧК српски шпиони“ – октомври 2010 година

Опозиционата ДПА обнароди досие и го поднесе до Комисијата за лустрација  во кое се содржани документи на сојузната СДБ на СФРЈ, КОС на ЈНА и СИД на сојузното МНР на СФРЈ за наводна интензивна и продлабочена соработка на четворица највисоки раководители на ОНА/УЧК и сегашни водачи на владеачката ДУИ и тоа: Фазли Велиу – „Вујко“, Али Ахмети – „Ибар“, Гзим Острени – „Стрелац“ и Муса Џафери – „Мама“. Комисијата ги отфрли документите поради тоа што се работи за копии, додека МВР ги прогласи за фалсификати и поднесе кривична пријава против Хисни Муслиу, пензиониран припадник на СДБ од Тетово за наводен фалсификат на истите. На Муслиу му е одреден притвор и против него се води судски кривичен процес по скратена постапка.

6. Весникот „Бизнис“ штотуку почна серијал со објавување на доверливи информации на СДБ во врска со проблемот со името и други безбедносни прашања од поблиското минато. Ќе следиме…

Еве ова се најважните Wikileaks пројави на македонската политичка сцена во последните двасеттина години. Заедничка карактеристика на сите нив која паѓа во очи е обранашкиот став на МВР и експресното прогласување на “истечените“ документи за фалсификат. Чудно, ниту еден претставник на американската администрација не ја негираше автентичноста на документите што ги објави Wikileaks ниту за оние за војната во Ирак и Афганистан ниту пак за последните за американската дипломатија.

Тоа е – This is not America!



The URI to TrackBack this entry is: http://makedon.blog.mk/2010/12/18/wikileaks-macedonia/trackback/

RSS фид за коментарите на овој напис.

43 коментари Leave a comment.

  1. on декември 18, 2010 at 01:43 Barabbas Said:

    Заклучокот ти е – Тоа е – РОБЕРТО! :mrgreen:

  2. on декември 18, 2010 at 01:46 Andrej NL Said:

    Alexandro,

    интересно е… Значи некаде 92-93 му понудиле на Киро милион долари. Сега во 2011 да кажеме скоро дваесет години подоцна, тоа би биле некаде пет до десет милиони долари.

    Зар грците се откажале од подмитување …

  3. on декември 18, 2010 at 01:46 alexandro Said:

    На него мислев :) Се изгуби во последно време…
    П.С. Списокот е отворен, ако сум пропуштил некоја афера.

  4. on декември 18, 2010 at 01:49 alexandro Said:

    Грк да се откаже од примање или давање мито???
    Никогаш. Тоа им е стил на функционирање…

  5. on декември 18, 2010 at 02:06 Andrej NL Said:

    Ке биде интересно изгледа и тоа …

  6. on декември 18, 2010 at 02:11 alexandro Said:

    Ако останат документи… Или пак да почекаме Викиликс со што ќе не почести. Ќе биде мнооогу интересно!

  7. on декември 18, 2010 at 06:11 sotir Said:

    A be Alexandro kako go zaboravi Trendafila jaden,pa samo toj e AFERA I KODOSH kaj ima kaj nas takvi sostojbi,na klada so toa kodoshishte …….. nie si sme chista nacija AMI KAKO :-) ))

  8. on декември 18, 2010 at 09:00 mecetousko Said:

    мала исправка наместо Иран во последната реченица…треба Ирак :) … со Иран сеуште не сме виделе војна ваљда и нема да видиме…се надеваме.
    поздрав

  9. on декември 18, 2010 at 09:32 alexandro Said:

    Сотир,
    Незнам ама случајот на Трендафил беше низ институциите. Не беа објавени (не протекоа!) никакви документи. Друго е прашањето дали, што и како?!
    Мече, фала ти поправено. Ме насмеа вицот за плавушата од сабајле… :)

  10. on декември 18, 2010 at 09:51 svabo Said:

    Без кодошите ништо не се прави. :mrgreen:
    А се знае ли кој е кодошот во Сина Птица?

  11. on декември 18, 2010 at 09:58 alexandro Said:

    Се знае како не. И не е обичен кодош ами дупли – и за нашата СДБ и за КОС. Таму е главен на состанокот одма до Млекце и Добри…

  12. on декември 18, 2010 at 10:03 svabo Said:

    Е сеа се ми кажа. Нити знам за Млекце нити за Добри. :?

  13. on декември 18, 2010 at 10:39 alexandro Said:

    Аман бе Швабо, ти ко да си бил на источниот фронт кај Сталинград сите овие години…:D

  14. on декември 18, 2010 at 10:46 alexandro Said:

    Хрватите одамна имаат свој Викиликс
    http://necenzurirano.com/

  15. on декември 18, 2010 at 12:23 mariage Said:

    Od ruski dokumenti”…Следует напомнить, что европейские державы, Россия в том числе, в конце ХIХ – начале XX в. придерживались принципа status quo в балканском регионе [7]. Однако в конце первого десятилетия XX в. на Балканах произошли события, коренным образом изменившие политику России. В июле 1908 г. комитеты младотурецкого движения в Битоли и Солуни, опираясь на революционную организацию Яне Санданского и албанских националистов, подняли восстание в армейских частях и потребовали восстановления Конституции 1876 г. В Меморандуме младотурок подчеркивалось, что Македония является равноправной провинцией Турецкой империи, жители которой без религиозных и национальных различий провозглашаются “оттоманами”, а, македонский вопрос становится “оттоманским” [8, 1908, 12.08]. Однако, несмотря на обещания, младотурки вскоре взяли курс на свертывание революции, так и не поставив на повестку дня национальный и другие вопросы демократического характера [9]…

    Sledi prevod:

  16. on декември 18, 2010 at 12:24 mariage Said:

    Се извинувам, коментарот беше за друг блог пост. Благодарам. Поздрав.

  17. on декември 18, 2010 at 14:37 alexandro Said:

    Албанскиот Викиликс работи турбо. Најавено ново продолжение на аферата „Ибар“ и останати…
    Со ултиматум Албанскиот сојуз бара повлекување од Ахмети

    Во рок од 48 часа лидерот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети да се повлече од политичката сцена или во спротивно ќе бидат објавени документи со кои наводно се потврдува поврзаноста на Ахмети со тајните служби, со вакво ултиматум денеска излезе претседателот на претседателот на новоформираната партија Албански сојуз Валон Беља.
    Веља тврди дека на адреса на неговиот дом му биле доставени документи кои се оргинали на претходно објавувани копии во јавност околу наводната соработка на Ахмети со УДБА.

    “Примив пратка со неколку документи кои што изгледаат како оригинали и кои што го поврзуваат Али Ахмети и неговите соработници за соработка со тајните служби на УДБА. Во консултација со моите лични советници и со неколку припадници на ОНА ми беше сугерирано на Али Ахмети и неговите соработници да им се даде рок од 48 часа за повлекување од политичката сцена“, изјави Беља.

    Беља вели дека не е сигурен дали ќе ги достави документите до Комисијата за лустрација во страв тие да се изгубат доколку им бидат доставени на лустраторите.

    Автор на веста: Нетпрес
    http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80435&kategorija=3
    Објавена на 18.12.2010 2:12:15 PM

  18. on декември 18, 2010 at 14:45 svabo Said:

    Извини бате што не пратам вести нон-стоп.
    Стфарно извини.
    Некат и излегувам у живот. :mrgreen:

  19. on декември 18, 2010 at 19:55 alexandro Said:

    Беља ќе го прае бељата у понеделник :D
    http://www.time.mk/read/ce48137b28/fc4c0891aa/index.html
    И сега што праеме? Ели Муслиу нешто фалсификувал???

  20. on декември 18, 2010 at 21:51 збунет Said:

    и сега, тој кодош од аферата Сина птица е херој или ке се казни???Сепак е кодош! Или зависи која идеологија е на власт?

  21. on декември 18, 2010 at 22:00 Gaudi Said:

    Се одвива ли нешто покрупно кај албанскиот фактор: посетата и поддршката на В. Вокер на А. Курти, обелоденувањето на аферата „жолтата куќа“ и улогата на Х. Тачи во шверцот на органи, со што Кушнер е ставен во ситуација да цимоли како мало дете, излегувањето на виделина на оригиналите (сепак, првин да ги видиме), сето тоа во еден мошне краток временски период? Т.е. дали може овие настани да се третираат како единечни и независни едни од други, или пак, веројатно станува збор за некоја поголема игра што допрва треба да се одигра?

  22. on декември 18, 2010 at 22:18 alexandro Said:

    Збунет, таман ти се погодил никот! :D
    Od koga toa kodosite se heroi? Pa uste da se nagradat…

  23. on декември 18, 2010 at 22:23 1979 Said:

    За овие постарите случаи од 90-тите не верувам дека ќе има нешто, ама за овие од 2001-вата наваму мислам дека би требало да се открие вистинската улога на Американците и ЕУ во Македонија, и да се утврди која страна тие вистински ја поддржуваа тогаш.

  24. on декември 18, 2010 at 22:25 alexandro Said:

    Gaudi,
    Навистина премногу чудни настани се одиграа за многу кратко време кај албанскиот фактор. Како да постои стратегија за еломинирање на военото крило на албанските политичари и кај нас и во Косово. Не верувам дека западот незнаел за криминалните активности на Тачи уште порано, но чекал погоден момент кога ќе ги активира.
    Нашиот Тачи, освен досиејата за кодшкото водство на ДУИ, најави и појава на интересни материјали на Викиликс за прашањето на името.
    А Тачи не е играч од мал формат…

  25. on декември 18, 2010 at 22:31 Gaudi Said:

    Да, и јас сум на некоја слична линија на размислување, се чини дека САД ги пушта командантите низ вода како употребени хигиенски… средства, да речеме, подеднакво крвави и валкани. Меѓутоа, во случајот со Босна тој процес траеше неколку години, додека сега се одвива со голема брзина. Како и да е, пуканките, пивото и сеирот ни се обезбедени.

  26. on декември 18, 2010 at 22:38 alexandro Said:

    1979,
    После обелоденувањето на досиејата, за нашиот судир во 2001 година се добива една друга слика во која ги нема Американците. Освен ако не се маскирале во Срби…
    Четири клучни водачи на ОНА/УЧК кои ја воделе војната во Македонија во исто време српски шпиони кажува нешто друго!
    Каков пенал има Груевски…

  27. on декември 19, 2010 at 02:21 Tweets that mention » Wikilеаks Macedonia A l e x a n d r o -- Topsy.com Said:

    [...] This post was mentioned on Twitter by Ljupco Karadzinov. Ljupco Karadzinov said: RT @alexandro_mk: Wikileaks Macedonia http://tinyurl.com/3xfbs77 [...]

  28. on декември 19, 2010 at 06:57 mariage Said:

    Tendencii do 2015 g. Давние связи с НАТО позволяют албанским экстремистам использовать территорию Косово как общую тыловую базу для операций в Македонии, Черногории и Южной Сербии. Альянс откровенно попустительствует деятельности боевиков на территории Македонии. Запад оказывает давление на власти этой страны, убеждая их, что не существует иного пути к мир, кроме как через уступки албанскому меньшинству. НАТО, ЕС продолжают проталкивать законы, ведущие к обособлению албанской общины, что ведет к потере суверенитета над северо-западными территориями Македонии. По оценке некоторых исследовательских организаций, Македония входит в список самых рискованных государств с точки зрения возможности возникновения гражданской войны.

  29. on декември 19, 2010 at 23:48 1979 Said:

    Александро, едвај чекам оној Беља да ги изнесе оригиналните документи.

    Ако е вистина тоа што се тврди во нив, Македонија ќе мора да спроведе истрага и да бара објаснување од оние кои ги врбувале и им помагале на Али и дружината да почнат војна во Македонија.

    И тие документи да бидат основа за судска постапка против државата која поттикнала војна во Македонија, без разлика дали тоа е Србија, Америка или некоја земја од ЕУ.

  30. on декември 20, 2010 at 00:22 alexandro Said:

    Утре ќе биде циркусот… Само незнам дали државата (со соодветните институции) ќе има капацитет и желба да одговори адекватно на предизвикот. Ваква историска шанса за расветлување на некои болни прашања од поблиското минато одамна не сме имале.
    Жалосно ќе биде ако ја испуштиме…
    Овојпат треба да им помогнеме на Албанците во отворениот процес на себепреисптување и просветлување. Тоа и за наше добро…
    Поздрав!

  31. on декември 21, 2010 at 22:56 alexandro Said:

    Беља ја направи бељата денес
    http://www.time.mk/read/a486fed32e/d370bb2864/index.html
    Ќе биде интересно сега како ќе се однесува судот во случајот со Хисни Муслиу.
    Монтиран случај?

  32. on декември 21, 2010 at 23:12 nil Said:

    александро,, викеликс несто закочи со информациите ;)
    пс, сто мислис како че помина александар антич на гласањето :)

  33. on декември 21, 2010 at 23:26 alexandro Said:

    Ako Latas kaze da prodje ima da prodje! :D

  34. on декември 21, 2010 at 23:34 nil Said:

    a,,jebiga,,, ;)

  35. on декември 22, 2010 at 02:19 Marisol Perry Said:

    a,,jebiga,,, ;)

  36. on декември 24, 2010 at 18:22 alexandro Said:

    Случајот со Хисен Муслиу
    http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=31778
    Правен или монтиран процес?

  37. on декември 24, 2010 at 18:52 Barabbas Said:

    Која е поентата на оригинали или фалсификати – ако може оригинал да се ИЗГЛАСА дека не е оригинал?

  38. on декември 24, 2010 at 19:08 alexandro Said:

    Ова ќе биде особено интересен случај за судската пракса. Ако документите кои се појавија беа копии (а беа) и како такви непогодни за било која правна постапка (за лустрацијата, на пр) тогаш како е можно истите тие да бидат подложени на вештачење според кое му се суди на Муслиу???
    Ова ми личи и на случајот Дувло – МВР тогаш тврдеше дека не псотојат инкриминираните документи, а во дисциплинската против мене постоеја!!!
    И ај сеа… :D

  39. on декември 24, 2010 at 19:09 Barabbas Said:

    Magic! :D

  40. on декември 25, 2010 at 01:30 ;-) Развигор » Историја: Македонски „протекувања“ наспроти Викиликс Said:

    [...] Денес на панелот на Центарот за истражување и креирање политики кажав дека не се сеќавам дека во македонската историја имало случај да се смени нешто преку правење документи достапни до народот во нивната целосна и изворна форма, како што тоа го прават Викиликс. Низ дискусијата беа споменати неколку случаи на протекување, но сите беа на доставување до медиуми, кои потоа објавувале делови или можеби и цели. Подоцна дознав дека и Александро објавил негова топ листа на протекувања. [...]

  41. on јануари 16, 2011 at 19:22 Xxxxxx Said:

    Коj ке им плати оштета на оштетените во cина птица,претрпен cтрав изгубени г.котек потреcена фамилиjа.коj е кодошот?коj ке плати?

  42. on јануари 17, 2011 at 00:55 alexandro Said:

    Не те разбирам докрај во однос на тоа – Кој е кодошот?
    А за оштета треба да се прашаат Владите на ВМРО ДПМНЕ и онаа на Љубчо Георгиевски и оваа на Никола Груевски!
    Мое лично мислење…

  43. on март 3, 2011 at 07:39 Македонец Said:

    Чим го следиш весникот(ако тоа може да се нарече весник),а се знае кој го издава,и од него нешто очекуваш демек,јасно е колку е саат…

Напиши коментар

You must be logged in to post a comment.